Кај нас полагањата усни ги одложуваја доколу си заболен или во изолација. А во испитнава како ќе биде никој не знае..тешко. На распоредот што ни го ставија од 18 јануари почнуваме до 11ти февруари
Значи уште немаат протоколи. Сепак можеме да изгубиме полагања кај професори, доколку они или ние сме болни.
Не можам да ги сфатам, од што не можат да најдат изговори демек на хумана страна ќе паднат. Професорите што прегледуваат и чуваат доколку имаат некој хонорар, др средства се смешки.
Инаку дали е вистина дека средношколциве, конкретно 4та година нема да имаат веќе настава ова полугодие? Наводно бојкотираат настава за да се укине матурата...
Ама јас стварно не ги разбирам средношколциве, бараат укинување на матурата наводно заради ситуацијата со корона, демек не било безбедно да се полага (а ќе бидат запазени сите мерки на безбедност) а безбедно им е да се групираат надвор со неубаво поставени маски. А што да каже мајка ми што секој ден оди на работа 8 саати во канцеларија, со неколку колешки сите седнати на истата маса. Или шо, ич нека не оди на работа, не е безбедно. После ми се чини се жалеле од квалитетот на онлајн наставата, тука не можам ништо да речам зошто не знам како е, но од другарки што се уште на факултет ми се немаа пожалено. Но, овде се работи само за една година ваква настава, а што е со другите три? Тоа се предмети што се учат од најмала возраст и во најголем дел се повторуваат во текот на годините. Плус јас завршив средно 2014/2015 и ние тогаш протестиравме, па пак полагав матура. Седнав дома, фатив книга и учев, зошто и онака одредени предмети не ни биле предавани ко шо треба, џабе што не беше онлајн наставата. Јас мислам дека у крајна линија не им се учи и само бараат леб преку погача. И ако веќе не сакаат матура, пеки, ама нека се воведат приемни испити на факултетите, да видиме тоа колку ќе сакаат и прифатат...
Така е Блу, сестра ми е средно, буквално сѐ им предаваат, исто како на училиште. Еве јас сум на факс, имаме постојано предавања и вежби онлајн. Предавањата се во ред, стварно се трудат и предаваат, ама вежбите се неспоредливи со физичките. Па ете, пак успеваме и да научиме и да положиме. Ако им е проблем да полагаат Македонски и Англиски, односно веќе учен и преучен материјал, воопшто не треба ни да се запишуваат на факултет. Со таков став, никогаш не би спремиле испит од 1000 страни, од кои што половина и нема ни да им бидат предадени. Начинот на полагање матура кај нас е хаос, ама нивниот аргумент е бетер. Нека протестираат за подобри услови за полагање, за подобро образование, нека протестираат против препишувањето на матура, нека бараат материјал од 1-ва до 3та година.
Јас скоро се физички си полагав со исклучок на практичниот дел. Можам да кажам само дека онлајн предавањата се катастрофа. Физички кога полагаме сме 15-20 некад 30 души во амфитеатар има некој ред
Знам дека прашањево не е за овде но не знаев каде да го поставам. Имате ли било каков податок за тоа како би се одвивала наставата во следниот семестар?
Пред некој ден ми излезе еден пост на фб од тоа дека наставници кои предавале онлајн се жалеле дека не можеле да држат настава на некои деца ради несоодветни услови. То ест, во позадина се слушало работење на миксер, плачење на бебе или миленик се појавувал на камера. Ок, јас не знам кој нормален очекува атмосферата и условите да се исти како физичка настава? Ако има помало братче тоа дете што да прави? Башка некогаш мора во дневна оти во неговата соба на пример е слаб интернетот па може да де слушне и некој уред, може и комшијата да фати да буши. За работи како јадење или следење час во кревет се согласувам дека не е океј. Ама за другово, не знам со кој памет се жалат.
Ако некој споделил дека во текот на наставниот час се соочува со несоодветни услови за реализација на наставната програма не значи дека се жали, а уште помалку дека не е нормален и нема памет според твојата стручна проценка. Јавното и гласно укажување на аномалиите за состојбата и во најголем број ситуации, оскудност на условите (интернет пристап, одделна просторија, можност за затоплување) за одржување настава на далечина за што свесно се премолчува од надлежните, а засегнатите коментираат, се дел од демократското право, општествената свест и зрелост што квантитативно маргинализирано се поставени зашто најлесно е да се биде дежурен негодувач, па и дијагностичар во конкретниот случај, наместо да се дебатира во објективен контекст и да се изнајде решение.
Ама беше пишано- се жалат не можат да држат настава. Извини ама треба да е нормално да слушаш плачење на бебе, не знам зошто да го спомнеш како проблем од онлајн наставата кога тоа дете е дома и знаеш дека не може да се направи ама баш ништо. Зашто решение е само физичка настава, ништо друго.
Па, види сеа... Ќерка ми еден период одеше онлајн и да ти кажам дека секој звук во позадина смета. Интернет врските најчесто се слаби, конекцијата и сликата не чинат и уште позадинска бучава фали и децава ништо не слушаат (а и професорите) Е сега, не зборувам за инцидентни секојдневни звуци туку за постојани. Кај ќерка ми имаше деца чии родители цело време седеа до нив и муабетеа, баба се расправа со внукот, радио пуштено до даска во позадина итн... Овие звуци пречат и сметам дека доколку семејството се потруди, може да се поправат или барем да се сведат на минимум. Инаку, од искуството со онлајн наставата... никогаш не би и дала предност пред класичната настава, особено не кај мали дечиња како ќерка ми. Прво програмата не е прилагодена на онлајн настава, па учителките мака мачат да се снајдат и да им го пренесат наставниот материјал на децата. Секоја чест за нив, јас бев задоволна од нивниот ангажман, особено што имаа деца во училница на кои што требаше да им посветат внимание и деца кои се онлајн кои исто така сакаат внимание, а истовремено не можеа да им се посветат, па балансираа и од петни жили се трудеа да ги анимираат и образуваат децата притоа да го задржат нивното внимание.
Несомнено е дека класичната настава е незаменлива. Моменталниот начин ја исфрли на површина неспремноста на институциите и семејствата за која никој не размислува во насока на нормалност, туку детектирана евидентност што 99,9% ја поимаат како жалење за проблемите.
Ако се работи за факултет можеш да кажеш на декан, продекан. Ако се работи за основно/средно тогаш директор. Ако е за нешто посериозно тогаш ти одговорила членката над мене, може да исвестиш инспекторат.
Студенти имате ли некакви најави од страна на факултетите како ќе се почнува во новата академска година?
^ И мене ме интересираше ова. Ама според мене, мислам дека ќе правиме како летниов семестар. Онлајн предавања, лаб вежби и полагање со физичко присуство.
Основците добиле нотификации на Тимс дека биле ставани во групи за различни предмети. Изгледа пак онлајн ќе бидат, можно е и ние студентите да сме.