Искрено се надевам дека ќе бараат потврда за вакцинација/прележаност како услов за посетување настава со физичко присуство.Навистина ми фали одењето на факултет, не мора да нѐ бутаат 150 луѓе на предавање во амфитеатар, ама може барем да ни одржуваат вежби во лабораторија.
Јас мислам повеќе ќе одиме на вежби, отколку што одеа лани, бидејќи сега професорите се вакцинирани, сигурно и повеќето од студентите. Нема смисла веќе да немаме никаква пракса.
Според мене доколку направат пак онлајн настава од септември ке биде страшно за менталната состојба на децата . Тотално се антисоцијализираа.
Дали и од факултетите ке барат потврда за вакцинација како услов за запишување ,има некој некаква информација?
Јас лично, бар за факултет, сметам дека треба да се оди физички, барем на тие факултети кои има вежби и пракса. Мојот факултет е таков, тука веќе не се работи за социјализација, туку за учење. Нема смисол во цела година само 3-4 практични вежби да имам држено. Колку што сфатив, на тригодишните смерови воопшто немале никаква пракса. Ќе станат медицински лица, а појма ќе немаат, не ќе знаат како да си ја работаат работата, бидејќи ништо не видоа од вежби. Мора да се најде чаре, нема смисла веќе ова.
Лаб вежбите кај нас во летниов семестар одлично беа организирани, помали групи бевме и ги работевме оние баш неопходните работи што треба да ги знаеме. Само многу е зезнато што е услов а немаш појма дали и кога ќе се заразиш и отиде цел предмет јабана. Ако продолжи да се зголемува бројката на новозаразени сметам дека треба предавањата да се онлајн а за вежби да сме здрави и живи..
Нема шанси да се почне со физичко. И јас слушнав дека основно/средно почнале со креирање на соби на teams а факултетите сите ќе тераат според можностите. Не верувам дека ќе е нешто поразлично од лани. Прочитав дека во некоја од државите каде што имаат почнато со настава со физичко, за неколку дена преголем број на деца биле заразени со што се преминало пак онлајн.
Првиот план е дека ќе започне физички. И секаде ќе биде така во Европа. А втор резервен онлајн затоа и се припремаат. Да не дојде неспремни па да им треба уште 1 месец да се спремат. Мислам за основно/средно треба да остават на избор. Кој сака онлајн да продолжи така ,физички кој сакаат да тргнат. Студентите мора да се вратат физички.
Мислам дека ќе се почни со физичко од септември. За понатаму не се знае. Како што кажаа од МОН, имало три опции. Истото важи и за факултетите, но сепак има факултети каде 150 студенти се збираат на предавања. Ние лани имавме еден предмет со физичко присуство сред жариште но смеров наш се едвај 20 студенти од кој пола не идеа. Јас бев задоволен од онлајн наставата пошто повеќе е теоретска. Мислам дека можи да се оди со онлајн предавања на предмети кои имаат повеќе теорија а практичните со физичко да се организираат помали групи. Ќе видиме.
Редно е да се почне физичко присуство. Две години живееме со вирусов и уште не се најде начин како да се вратиме на факс или училиште. Дополнително сега и голем дел сме вакцинирани па може да се направи некој план за одвивање на наставата. Стварно би било штета доколку "пропадне" и оваа академска/учебна година.
Кризен штаб: Школската година ќе започне со физичко присуство. Задолжително носење маски и често проветрување. Се прашувам кога ќе залади, како ќе се одвива проветрувањето? Или ќе сакаат да не настинат пред време, пу бе.
Јас се прашувам повторно како помалите деца ќе се снаоѓаат со маските, посебно од најмалите одделенија, кога учат букви, правилен изговор, кога мора наставникот да им го следи говорот, кога треба да учат изразување чувства по македонски (во програмата им е), музичко и се по ред. Или ќе минува наставата во препирки за носење и неосење маски.
Лани добро се снајдоа со малите. Првите три одделенија одеа со физички присуство и се беше во ред. Кратко беа во школо и тоа беше најголемито проблем. Реалнои на децата им треаб физичко присуство во школо. Возрасните треба тоа да им го овозможат, ама за жал кај нас возрасните испаднаа поголеми деца од децата и дозволија да имаме вакви бројки баш пред почеток ан учебна година. За жал мораше да се прават свадби, да се оди по кафиња, да се гушкаат и бацуваат по свадби и кафиња, тоа испадна побитно од се друго.
Реално сте за жалење. Студирање не е само учење од книга, запознавање нови луѓе е, дружење кое подоцна може да помогне во наоѓање работа, наоѓање животен партнер и слично. Ама џабе јас така мислам. Ситуацијата налага нешто поинакво.