Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Коронавирус – образование за време на пандемија

Дискусија во 'Коронавирус' започната од cresa-jagoda, 18 март 2020.

  1. mesecar

    mesecar Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2020
    Пораки:
    241
    Допаѓања:
    714
    Пол:
    Машки
    Иако беше очекувана можно е да е лажна за да "купат" време и мир. Лани по најавата за физичко присуство, спроведени планови за протоколи и одобрување од инспектор, два дена пред стартот ни сменија да бидеме до on line. Цела година не ги видовме учениците во школо, ниту за испрашување и консултации, иако предходно и тоа беше најавувано. Не знам дали во некоја друга земја во светот беше така, од Март 2020 учениците тотално да не се вратат макар на еден ден во училиште.
     
    На Cosmi му/ѝ се допаѓа ова.
  2. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    3.592
    Пол:
    Женски
    Еве ви линк како ќе се постапува со средните и основните.
    Ќе зависи од состојвата, ако има помалку заболени со физичко присуство и часови од 45 минути, ако има повеќе заболени тогаш онлајн со часови од 30 минути.
     
  3. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Ана Глигорова:

     
    На cresa-jagoda, Hellobeautiful и venus♡ им се допаѓа ова.
  4. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Дали се овие нормални?

    60% вакцинираност кај професорите, а што со децата?

    И што со децата кои имаат родители од ризична група?

    Не беа доволни свадбите па сега и државно организирани кластери.

    Одличен, 5, за Мила. :clap:
     
    Последна измена: 16 август 2021
    На cresa-jagoda, злоба, Hellobeautiful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам за темата.

    Дали се свесни каква одговорност им се доделува на децата што воопшто посетуваат таква настава?

    И да сега ќе речете дека иста каква што била и на децата кои од прво до трето одделение одеа претходната година. Но, не е исто! Суштинската разлика е дека лани родителите имаа право на избор за кој тип на настава да се следи.

    Со ова сега, ако хиптотетички некој се зарази од училиште, а ќе се случи затоа често би било голем број од соучениците на некои деца секојдневно дремат во кафичи, и ги зарази домашните, кој ќе биде виновен за последиците кои притоа можат да бидат фатални? Ученикот кој е приморан да биде секојдневно во таква околина, соученикот кој се журка нон-стоп, родителите кои можеби немале средства да платат третман во приватна болница поради недостиг на капацитет во државните? Министерството? Кој?

    Што ако родителите на некој ученик се ризична група? Знаете ли колку се зголемуваат шансите за зараза со пваа настава која се дозволува покрај 800 заразени на ден?

    Да се напомене и фактот дека во средните училишта ги мешаат паралелките за одредени часови поради смеровите. Технички децата од цело школо се во контакт.

    Се дава право за избор за вакцинирање, ама приморан си да го пушташ детето во кластер. Некој ако согледува логика во ова нека повели да ми објасни.
    Ова е вистинска причина за протест.
     
    На emiliana, Hellobeautiful, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    И децата над 12 може да се вакцинираат.
     
  7. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.738
    Пол:
    Женски
    Децата мора да се вратат во школо.
    Никаде нема да седат затворени дома уште една учебна година.Никаде.
    Наставнички кадар е делумно вакциниран,родителите и тие се на околу 50% и тоа е тоа.
    За децата ковидот не е сериозна болест.
    Тоа беше прво што требаше да го соопштат повикувајќи се на сите студии досега.
    За нив ковидот ќе значи благо течење нос ,еден ден температура па и без тоа.
    Сме поминале многу потешки вируси кај децава.
    Па не биле затворени дома без школо година и пол.
    Ако продолжат онлајн тоа ќе биде страшно за нивната психофизичка состојба,а за образованието да не збориме.
     
    На mKdevojce и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  8. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Родителите нејќат да се вакцинираат а на децата уште помалку би им дале.

    Зошто не излегоа со статистика колку вакцинирани има од таа возрасна група?
    Како што е мал процентот на општо вакцинирани, тука сигурно би бил минимален, а треба да се раководат по тој процент, не по оној на вакцинирани професори.

    Ок, Косми дали ќе збореше вака ако во твојата фамилија има некој од ризична категорија а ти си принудена да го праќаш детето во школо при 800 заразени на ден?
    Дали свесно би го пратила детето да ти поминува 7 саати на ден во просторија со несовесни што се понашаат како да нема пандемија воопшто?
    Мора да се даде право на избор.
     
    На Hristinakiki02, noteforself, ostoun и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.738
    Пол:
    Женски
    Би го пратила.
    Ризичните во фамилија ќе се заштитат,или ќе избегаваат контакти со баба/дедо впрочем моите лани 2 пати беа кај нив за цела год.
    Родителите ќе си одлучат сами дали ќе се вакцинираат или не.И тоа е тоа.
    Децата нема зошто да им се ускратуваш од образование и социјализација.
    Кажете ми една држава каде децата беа цело време онлајн како нашиве?
    Или и наредни 2 год.да останат дома?
     
    На mKdevojce и ElenaOfRivendell им се допаѓа ова.
  10. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Да лесно е да се збори кога немаш таква одговорност.

    Сега за заштита на родителите се повикуваш на вакцините или лошо разбрав?
    Видовме дека имаше дури и починати вакцинирани поради нивните хронични заболувања.
    Како овие луѓе можат да се заштитат?


    И ајде да речеме да тргнат. Буквално се' ќе биде во нормални услови. Можеле да смислат нешто како за оние кои одеа лани. Да ги преполоват одделенијата, да им почнуваат часовите и одморите во различно време... Или да беше задолжителна вакцинација за оние над 12 години.
    Секој ден по 7 саати со 30 деца од кои добар дел не се прибираат од кафичи. Тука спаѓаат деца од 7мо од 4та средно.
    Знаеш колкав ризик е тоа?

    И покрај се' ќе речам, најважно е правото на избор.
     
    На EMMA EMILY, cresa-jagoda и Ahoy им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    Никаде, ама сепак беше подобро цело време онлајн него на пример во Норвешка: почнале со физ. присуство, по 3 недели детето имало контакт па ајде 14 дена во соба, па после на школо 4 дена, па почнал нов бран ајде 2 недели онлајн, уште две, назад во школо 2 дена, пак контакт, пак изолација итн. Ова како влијае на детска психа?

    Пикот се предвидува за околу 10септ., па во сите земји кога имало пикови ги враќале децата онлајн, само Мила во пикот ќе ги враќа во школо :drunk:
     
    На EMMA EMILY, ostoun, emiliana и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.738
    Пол:
    Женски
    @venus♡
    Насоките и препораките во моментов се дека децата секаде ќе почнат во школо.
    Како ќе се одвива и кај нас и во други држави,ќе видиме.
    Навистина ова што го кажуваш за Норвешка е безврска, ама онлајн наставата не е подобра.
    Ќе ти завршат онлан 3 год.средно медицински сестри што утре треба да работат.
    Или студии што траат 3 год.онлајн без пракса.
     
    На ElenaOfRivendell и Ahoy им се допаѓа ова.
  13. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.499
    Допаѓања:
    39.111
    Пол:
    Машки
    За средните стручни и за факултетите скроз се сложувам, треба да почнат со физ. присуство и да посетуваат пракса. Исто и факултетите.

    Ама основците од 6то до 9то и гимназијалците не гледам зошто е толку побитно да се со физичко присуство, а не онлајн. Факт е дека е подобра физичката настава, ама овие нема многу да загубат и со онлајн настава.
     
    На emiliana, venus♡, WildMk и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.089
    Допаѓања:
    87.738
    Пол:
    Женски
    Затоа што е 0 онлајн наставата и кај основците.Основата е во основно.Кога ќе научат да учат.
    Треба да бараме само вентилација по школите.
    Инаку и родителите одат на работа и можат да ги заразат децата и сами себе.
    Вирусот ќе проциркулира меѓу нив,а ако веќе тоа се случи подобро да се случи во септември, сеуште летен месец отколку зимските.
    Односно веќе тоа се случува меѓу нив година ипол и голем дел немаат никакви симптоми.
     
    На ElenaOfRivendell му/ѝ се допаѓа ова.
  15. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    15.350
    @venus♡ А да го укинеме школото додека трае пандемијава, што велиш? И така нема никаков ќар од онлајн наставата.
     
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.253
    Абе шо ви е на сите?
    Ќе биди, ко шо ќе биди.
     
  17. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Од каде инфото дека нема ќар.

    Кој си учи си учеше и онлајн, кој препишува ќе препишува и во школо.

    Зошто секогаш упаѓаш во темиве со нешто нерелевантно?

    Exactly! Многу поголема паника и страв се ствара со вакви нагли и неочекувани промени. Работата денес во школо, утре не, задутре ќе видиме и се' во последен момент одеднаш.
     
    На EMMA EMILY, Ahoy и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    15.350
    Има ќар од дремење пред компјутер со исклучени камери? Тестирање онлајн? Знам дека нема ќар од прва рака.

    Зошто нерелвантно, те прочитав дека натегаш дека било опасно враќањето на децата во училиште како што и треба да биде. Секако ќе се со маски и плус за нив вирусов не е опасен, пред да речеш дека не точно, за информација моето дете на 10 месеци го помина со два дена темп. до 38-38.5, многу полесно откако поради други вируси.

    А да се каже дека децата треба да седат дома за да ги заштитат бабите и дедовците е крајно себично. Ако останат дома уште една година после ќе треба децата психички да ги лечиме. Ете секако поголемиот број баби и дедовци се вакцинирани и заштитени. Чему таа паника?
     
    Последна измена: 17 август 2021
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    За тој што вистински го вреднува знаењето има ќар.

    Ете зашто е нерелевантно. Бидејќи сите мислења ти се на база на тоа што ти и твоето семејство сте го поминале вирусот лесно, а има многу случаи во кои не било така.

    Затоа што постојат луѓе со хронични болести и чие заболување, макар и вакцинирани, е високо ризично.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.158
    Допаѓања:
    15.350
    Ако има ќар па нека ги затворат школите и кој му се учи ќе учи од дома. Ем ќе се намалат трошоците и на државата и на родителите.

    Хронични болни има огромен број и ќе има. За нив ризик е и обичниот грип. Епа ајде да ги затвориме децата и да не ги пуштаме од дома за да ги заштитиме хроничните болни наместо тие сами да се заштитат.

    Секој ден се повеќе се слуша и за здрави вакцинирани кои се заразиле или заразиле некој друг со корона. Факт е дека вакцината спречува многу мал процент на трансмисија. Ако чекаме да го снема вирусот најдибро ќе биде да се затвориме во пештера и во зимски сон и да чекаме.
     
    На Tea678 му/ѝ се допаѓа ова.