Нема уште ништо. Можеби ќе е комбинирано целосно физички да е ќе биди многу тешко да се изведи барем по мое
Ти рече дека околу 20 деца биле хоспитализирани во болниците. Не кажа ни во кој период, ни во кои болници. Тоа е шпекулација со бројки, како што реков. И како не ми рекле дека нема место? Самата докторка ми рече прво дека е за хоспитализација, а после откако провери и рече дека нема место. Какво е тоа е имање доволно места ако има само за итни случаи? За мене тоа е вагање на случаи, и тоа се прави кога болницата е оптеретена со пациенти. И имаше температура, со дишењето немаше проблем фала Богу. За стручноста на докторката во случајов не спорам, ама не би генераизирала. Среќа што таа ни се погодила. Сум имала лоши искуства во Козле и во другите установи со други доктори. Не се сите доктори исти. А за тоа прележано, дилемата ми колку време има имунитет од прележано? Никој сигурно не знае да каже. Од март до септември се 6 месеци. Има случаи каде се разболуваат по втор пат. Завчера кажуваа на вести за некоја што по 4 месеци од прележано, се разболела. Вториот пат обично е и потежок. Тоа ми е стравот.
Ајде било поминало,да не развлечуваме. реинфекции се екстремно ретки.Вообичаено се работи дека првиот пат или вториот не постоела болест или било најдено само делче во носот.Медиумите знаат да информираат погрешно и да направат сензација . Тие што се по ковид центрите по 6 пати можат да искочат позитивни,но не и болни. Немој да му го пренесеш стравот и да го затвориш дома во случај да дадат избор,провери му антитела на детето,сигурно ке има околу 30 игг ако не и повеќе. Прележано треба да биде во школо,мојата имаше страшен осип од глава до петици,без температури,и други симптоми,поголемата ништо,блага болка во стомак еден ден. Твоето дете има многу поширок имунитет од било кој вакциниран,не се плаши толку.
Мислам дека можно е исто после некое време во училиште да направат мерка деца на вакцинирани родители да можат да останат со физичко присуство додека другите онлајн. Се ми се чини како ова одење на училиште со 1100 позитивни дневно е некој план за во иднина бидејки човек со здрав разум неможе да дозволи физичко присуство со толку многу заболени.
На Угд предавањата ќе се одржуваат онлајн, а праксата и вежбите комбинирано, во зависност од условите. За другите не знам, самите универзитети ќе објават ако немаат веќе објавено.
За наша генерација па ништо немаат кажано, ама ваљда ќе биде со физичко оти нема како поразлично да се држи стажот, освен ако не стават камери по клиникиве.
Дали профрсориве ќе ми бараат сертификат за вакцинирање при полагање на испитите со физичко присуство?
Северна Македонија го забележа најдолгото затворање на училиштата за учење со физичко присуство, при што мнозинството ученици посетуваа настава на далечина вкупно 54 недели. Оваа бројка е значително повисока од просекот од 25 недели во регионот на Европа и Централна Азија, велат од УНИЦЕФ. https://www.radiomof.mk/unicef-s-ma...skite-uchenici-imaa-onlajn-nastava-54-nedeli/
Полагање на испити кажа девојката. На полнолетно лице родители не се известуваат за ништо. Самото лице е одговорно за сопствениот живот. Зошто побогу професор на факултет ви прашувал родител? @злоба мерката не пишува дека важи за образовни институции. Така што сега за сега не би требало. Протоколите за високообразовни институции не се донесени од МОН. Мислам дека годинава секоја институција ќе треба да одбере модус што одговара. Регулативата е различна за основни и средни училишта и различна за факултети.
Знам дека е страшно да се помине низ КОВИД-19. Особено со дете. И ние имавме сите дома КОВИД. И баш азради тоа што отседавме дома затворени месец дена и што се наполнивме со анскиозност го пуштив детето во градинка. Ние прележавме лани во Јуни, детето тргена во градинка во Септември истата година. Цела година ја истера без проблем. Имаше изолација на поединци во групата два пати, ама децата не беа во изолација и немаше позитивен случај меѓу нив. Трансмисијата генерално во градинките и училиштата беше мала со оглед на бројките. Во Септември пред да појде имаше антитела 9,5. Проверив чисто да бидеме мирни. Потоа не сум му проверила пак. Стравот е голем, ама не може и не смее да им се пренесе на децата. Нив им треба социјализација, дружба, физичко присуство на училиште (секаде во светот има апел училиштата први да се отворат, а последни да се затворат кога има рестрикции). Едноставно онлајн и физичкио не е исто. Годинава ќе имам прваче и се надевам дека ќе ја истера годинаа со физичко присуство и без изолации и слични проблеми. Мене срце ми трепереше ан секоја порака од градинка, ама се беше во ред на крај. На секое кашлање и кивање се потресуваме, ама се трудиме детето да не осети дека се потресуваме. Не е фер кон него да му набиваме страв и негативни емоции. Инаку за реинфекциите и тежината на клиничката слика нема официјанои податоци за жал. Галвните спореди се сега прележани наспроти вакцинирани.
Основно и средно одлучено е со физичко ама демек со можна и онлајн настава ако се влоши ситуацијата , а јас стварно незнам како може воопшто да биде полоша од тоа што е сега.