На мојот факултет од 9 предмети што ги слушам (секој со различен професор) само 3 професори не имаат исконтактирано преку маил а само со 1 држиме онлајн предавања. Па што да полагам јас во јуни или септември кога по 5 предмети никој ни се јавил ни пратил материјали.. Плус, покомплексните предмети како да ги положам без предавање? Членовите на студентско собрание реагираа и реагираа да се избориме за предавања, но ако некој не сака да се јави и го мрзи да предава со изговор дека "нашиот факс има предмети што не може да се предадат соодветно онлајн" џабе е, поготово со поддршка од деканот! Епа како ќе бидеме оценети? Дали ќе ни "препишуваат" оценки од зимски семестар или дали ако сме презапишале предмет пак ли ќе не паднат, без воопшто да полагаме бидејќи нели немаме оценка по истиот? Дали ќе полагаме во јуни или септември предмети по кои професорите од почеток на ср*њево па навака воопшто не не исконтактирале? На кој материјал јас да полагам? *патем непредаден материјал? Дали ќе го поништат семестаров, па ќе го слушаме од почеток? Само последново ми е логично. Ех.. никој не обрна внимание на образованието...
Е нашиве морам да ги пофалам, по сите предмети имаме онлајн предавања, плус квизови, семинарски, вежби и сл. Фала богу дека практичните вежби не можат да се заменат, ама навистина се трудат и асс. и проф.
Кај мене на факултет по сите предмети има онлајн предавања. Семестарот ќе заврши како и секоја година на 22 Мај. Бидејќи дури и понапред сме со материјалот отколку кога би имале редовни часови. Имаме и аудиториски вежби со асистентот. И тој ќе си заврши со предавање на време со материјалот. После како ќе се полага ќе се види дополнително. Ама според препораките на МОН морало да носиме маска за време на полагање, гел за дезинфекција и да седиме на три метри оддалеченост во просторија. Е сега дали ќе ни даваат маски и гел за дезинфекција или ние ќе си носиме дополнително ќе се знае. Тетратките ќе се прегледувале од кога ќе поминат 12 часа и морало да се дезинфицираат кога ќе ги предадеме. Просторијата се дезинфицирала после секое полагање. Нас ни кажа професорот од наставнички совет што се зборувало.
Денешната одлука е донесена само за основното и средното образование. За Високото образование се уште нема конечен став. https://plusinfo.mk/se-ukinuva-drzhavnata-matura-uchenicite-ne-se-vra-aat-vo-uchilishtata/
Прво нејќеа, па им наредија и мораа да држат предавања. Ама добро не не замараат многу, не е нешо страшно. На онлајн предавања глеам се помалку уклучено секој ден има, мене и не ми се нешо од корист искрено, пошо сама си имам свој распоред шо како да учам, а и подобро ми е сама да си објаснам. Многу ми се допаѓа ова учење од дома, многу повеќе време си имам и да сум одморена и да учам. После ова може да размислат за воведување учење од дома бар по нешто. Ако не за нас, за идните генерации...
Сериозно е подобро вака за учење. Наспани сме, имаме време и за вежбање, гледање серии и сл. и пак останува време за учење. Саат и пол дневно губев само за да стигнам и се вратам од факс, таму до 2-3 и време немаш за ништо. Ми одговара вака, на факс може да одиме само за полагање и лаб вежби.
Тотално. И ја така мислам. За полагања и вежби, друго не мора. На еден факс на УКИМ им рекле ќе почнеле да применуваат работа од дома и во иднина.
Не, барем немавме известување никакво за онлајн. А и не полагавме онлајн до сега ништо, имаме практични колоквиуми што не можат да се полагаат онлајн.
Вистина ли е дека министерот за образование на ТВ кажал дека сите испити ќе се полагаат електронски? Добив ваква информација ама искрено воопшто не верувам дека така ќе биде.