Ова првово што го кажуваш е скроз ирелевантно, пошо не знам по кој пат во рок од 2 години ќе се каже ова, не сите окапувавме по кафани, кафичи, свадби и родендени. Свесно да се пикаш во гужви е твој личен избор и на сопствен ризик си, значи не ти е задолжително присуството. На факултет пак, ти е. И се ти зависи од присуството. За протоколите да не се лажеме ама, ретко, дали 5% ги почитуваат онака како што навистина треба. Некако неутрална сум во однос на одлукава, можеби затоа што летниов семестар одржавме лаб вежби ние, колку - толку. Останувам на своето дека ради ситуацијава предавањата е пожелно да се онлајн, но практичната настава треба да се одржи со физичко присуство. Мислам дека кај нас на факултет така и ќе биде, за останатите не знам. Во поглед на (не)вакцинирани, сакале или нејќеле големиот број на млади (студенти, ученици) ќе бидат вакцинирани до крајот на полугодието/семестарот, доколку нели нема промена во меркиве, затоа што едноставно нема да може да се функционира нормално. Мислам дека од летен семестар се ќе се одвива по нормален тек, барем се надевам.
Релеватно е пошто не се однесува на студентите туку општо на сите што дремат по кафичи , кафани и дискотеки а по нас се удира после демек ние сме извор на зараза. Инаку вие сте одржале вежби ама ние немаме одржано ниту една вежба на факс нити пак предавање. И сега пак да почнеме онлајн? На тригодишни студии сум од кои првата ми пројде колку да се рече , вторава прашање е каква ќе биде а третата е веќе со минимална пракса и подготовка за дипломска работа. Мојава струка не дозволува онлајн настава а тоа се ќе се одрази за неколку години кога неук кадар ќе го напушти факултетот и ќе земе диплома.
Па тоа што немате вежби треба лично кај вас на факс да се буните, не гледам зошто се буните за мерка која опфаќа факултети кои не ни имаат вежби или такви кои не ни мора да се присутни на факс за да ги извршат.
Дали има некоја иницијатива за залагање за онлајн настава? Периодов е ужасен и без наставата, а замислете како ќе биде потоа...
Луѓе ако не се освестиме ќе не освестат...само онлајн настава и ништо друго..се се надохнадува и доучува во животот ама изгубен живот не се враќа размислете убаво пред да ги пуштиме децата да се измешаат и да настане хаос
Родителот да избере дали неговото дете ќе посетува настава со физичко присуство или, пак, истата ќе биде онлајн, ова го побараа денеска претставници од движењето „Поддршка за онлајн настава“. Нивните барања, како што велат, произлегуваат од согласноста на над 15. 000 членови на „Фејсбук“. „Револтирани сме од оваа одлука, ние родителите, дел од наставниците и вработените во училишната администрација, бидејќи ни е скратено правото на избор. Сметаме дека правото на избор за онлајн настава е одлука на секој родител или наставник во ситуација на огромна смртност како последица на ковид, растечка епидемија со голем број заразени. Нема услови за настава со физичко присуство во училници од 35 квадратни метри, лоши хигиенски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смрттна опасност голем број семејства. Бараме правото на избор за следење на онлјан настава на учениците да биде исклучиво избор на родителот, а не на директорите на школите и нивните проценки. Одговорноста за ова лошо сценарио ќе ја сноси Владата на РСМ“, порача Ана Глигорова, претставничка од движењето. „Родителите ќе мора да поднесуваат медицински белешки за своите деца и за своите блиски. Ние бараме комплетно да е онлајн наставата за сите, зашто тоа е многу побезбедно, односно бараме да може родителот со само едно писмо до директорот да се обрати дека сака детето да му учи онлајн, притоа заобиколувајќи ги сите бирократски процедури, туку само да се почитува желбата на родителот. Во спротивно, комплетната одговорност ќе ја има Владата заедно со Комисијата за заразни болести“, потенцира Глигорова. Во меѓувреме, од Владата и од Министерството за образование и наука остануваат на ставот дека учебната година започнува во училишните клупи. Исклучоците од оваа одлука може да се однесуваат за деца со ретки болести или попречености, деца кои доаѓаат од семејства со хронично болни, како и други немедицински причини со проценка на училиштето. Tweet ©Makfax.com.mk
Нема да попуштат, ќе се оди физички.И заболени че има и деца и наставници и пак ќе се оди.И лани беше така.Пола наст кадар прележа од тие со физ.присуство а и доста деца ама се молчеше... А никакви услови.Има училишта во 2 па и 3 смени со по 2000 ученици... Во време кога болниците се полни со пациенти од најмлада возраст ова е лудост.Лани беше опасно сега не...А бе ај.. Барем да се пролонгира треба.
Или по желба, или комбинирано да се менуваат онлајн, па физичка настава. Колку и да сум за настава со физичко присуство, нашата земја нема услови да го обезбеди тоа. Кај нас на работа спомнаа дека ќе може ученици да слушаат онлајн, ама треба со барање од родителот и потврда од доктор. Ама ехеееее, има време до 1-ви септември, нека не се брзаат да дадат насоки од мон
Ама ајде сега реално да правиме муабет, како медицинари, лани требаше вежбите да ни ги држат со физичко присуство. Да не се лажеме ама една вежба не одржавме салам. Прво затоа што докторите и самите се плашат да се собираат гуживи. Втора немаше никаква организација од страна на деканатот, демек не разделија групите па после пак по 3, 4 групи идевме во ист термин се собиравме по 12 души во амбуланта, замисли, па на што личеше тоа. Да биде иронијата поголема кога имаше најголем број на заразени беше ова. Да се оди со физичко присуство ама да има организација никаква а не непотребно да се изложуваме и ние и докторите а и пациентите кои се дојдени од мака. Искрено не знам како ќе го надополниме тоа што го изгубивме, ама нерално е да очекуваме дека за време на пандемија ќе држиме нормално вежби.
10 дена по отворањето на училиштата во Норвешка, Осло се соочува со рапиден пораст на инфекции кај деца и млади под 20 години, односно, скоро 50% од сите нови потврдени случаи во Осло (околу 2500) во последниве 2 недели се деца и адолесценти. https://norwaytoday.info/news/infec...asked-national-health-authorities-for-advice/
Филипче кажува дека следел пример од други држави, ама конкретниов слабо некако. Не знам колку треба да си непрофесионален за да не можеш да процениш моментална ситуација. Ужасно ќе беше да ги пуштеа при било кој бран, а не па сега во овој кога баш адолесцентите се најголем таргет. Неодговорни максимално. Филипче веќе едвај се воздржува да не изјави дека му е преку глава од се'. Енергијата за дејствување на минимално ниво. Затоа и одлукиве веќе ми делуваат како ,,дај нека се испозаразат сите, па кој умре нека умре, другите имунитет". Страшно.
Ваквото сценарио, за жал, е неизбежно. Останува да видиме колкав пораст ќе има кај нас и дали воопшто тоа соодветно ќе се евидентира. Вчера дознав, во едно средно училиште ќе одржуваат час по спорт(во сала) три класови одеднаш (поради ограничени можности на распоредот на часови). Три класови, натрескани во мали соблекувални одеднаш.