Наместо да се почитуваат протоколите и децава да останат да се едуцираат со физичко присуство, нели 2 години се труби за така да биде, на крај пак ќе ги тутнат дома за онлајн настава. Не пратам моментално ситуација, ама некаде ко да видов информација дека има веќе случаи на заразени деца низ школиве.
За 10тина дена ќе вратат пак онлајн сигурно. И јас видов случаи со заразени класови од средно. Или ќе вратат онлајн или нема да прикажуваат реална бројка и нема да кажуваат доколку се заразат децава. Поверојатно ќе ми биде второво. Да ги протуркаат избориве и пописов битно, па ќе се мисли за друго.
Дури сега сфаќам колку одвратни луѓе има во општеството. Да се поигруваш со здравјето и животите на луѓе, за било каква причина, а не па личен интерес и политики е зло. Пишував дека живеам со ученици. Не поминаа ни 3 дена во училиште и веќе еден од учениците е во изолација. Господ нека ни е на помош бидејќи нема друг начин да се справиме со ненормалниве власти. П. С. Вакцинирајте се и чувајте се!
Одлуката е политичка, затоа што луѓето одбиваат да се вакцинираат, а моментално, тоа ни е единствена опција за полесно и побрзо да ја поминеме пандемијава. И ова важи за цел свет, не само за кај нас.
Одлуката за отворање на училиштата ич не е политичка, барем не е политика на нашиве. Притискаа УНИЦЕФ и ОБСЕ да се оди со физичка настава. Онлајн наставата е лоша за постигањата на учениците. Ние бевме една од ретките земји што лани цело време имаше онлајн настава. Сите други отвораа и затвораа училишта по потреба. Само ние имавме село време онлајн настава (со исклучоци за деца до 3 одделение и некои предмети/програми од средно стручно). Проблемот со нас не е во отворањето на училиштата, проблемот е во непочитување на протоколи и се што треба. Не знам како други земји може се да почитуваат само ние не.
Има и позитивни ученуци и наставница само после 3 -4 дена.И наставничката позитивна ама децата не се во изолација ,продолжуваат со физичко присуство. Кај нас нема најчесто услови да се почитуваат протоколи а ни свест.Во училница од 15 кв со 30 ученици како.Или 500 ученици во смена како ... Но вака ќе тераме...
И да, ќе речете кој сака да си го штити детето нека даде барање за онлајн настава. Но, секојдневно читам по мреживе а и лично познавам родители кои тврдат дека не се реализира таа настава. Така што, се' се сведува на вакцинирај се/ризикувај ги животите на цело твое семејство или детето нема да ти се образува.
И јас така викав, додека не видов кои методи ги користи власта за да го постигнат тоа. Не сум антиваксер, напротив вакцинирана сум, но да имав повторно избор можеби и не би се вакцинирала.
Да де. За инает на власта, нема да се вакцинирам од полио (карикирам). Власта ја боли га*от. За мене се вакцинирав, не за власта.
Не, не зборувам за инает. Зборувам за таа пропаганда што се врши врз народот за да прими вакцина. Едноставно е одвратно што куѓе секојдневно умираат само заради тоа што власта не презема мерки поради процесот на вакцинација. А тоа што би размислила, е поттикнато од фактот што се' повеќе ги едначат вакцинираните и невакцинираните.
Нема доволно кадар, со 25 ученици во училница едноставно се нема време да се посвети на тие пред компјутер. Наставничката на ќерка ми напомена дека оваа година ќе биде така, за жал, тие што ќе бидат пред компјутер многу ќе изгубат оваа школска година.
Страшен притисок прават одредени професори во средното кај ќерка ми. Цело време им зборат дека онлајн треба да се учи. Значи децава ниту се надлежни да носат одлуки,ниту се моќни да променат одлуки. Не можам да го разберам ова ! Да ги напнуваш дека си морал да зборуваш преку маски,а и самите деца се со маски.