Најверојатно сакаат преку притисок да се побуните вие родителите за да ги вратат онлајн. Глупости. Нити децата нити учениците нити родителите имаат влијание во одлуката на министерството. А и да сакаат да имаат, очигледно дека никој не ги слуша. Се повеќе слушам за класови во изолација ама само си пуштам тв и слушам дека "се е под контрола" и се смирувам
Разблирливо од една страна. Професорите се во најнеповолна положба. Немаат право да се префрлат онлајн ако се ризична група, во споредба со децата кои можат. А и не верувам дека е лесно да зборуваш по 7 саати на ден со маска, за разлика од децата кои молчат и не се задишуваат. Не треба за тоа да се жалат на децата, но од друга страна треба и нив да ги разбереме.
Немам школарче, ама знам доста. Бар 3 знам во изолација и 2 позитивни. Царовска се расфрла со некои мали бројки. Одлукава вришти од политика, па и оваа Царовска инат бре! Едит. Родителите вакцинирани и тие позитицни од децата
Јас имам другарка што мајка и е наставничка во основно училиште.Пред некој ден ми кажуваше дека во школото нема никаков ред.Деца се бркале без маски се гушкале,маските ги фрлале во вис па ке им паднеле па на уста ги ставаат.На час ваделе маски,на одмор трчале по продавници да купат ужинка без маски,но ајде ке викаме дека се е во ред.
Не верувам дека училиштето сето ова го дозволува. Има протокол да не се пуштаат децата да излегуваат од зградата на училиштето за време на одморите, а и од училница. Одат само до тоалет и назад. По ходници исто така има дежурни наставници кои не дозволуваат да се ствара хаос. Во училница додека трае часот наставникот е должен да го опомене секој што не носи маска. Единствено за време на одморот додека јадат може да биде хаосот во училница, но не ни можеш да ги спречиш да не мрдаат од клупа, деца се. Ова го кажувам со сигурност за две скопски училишта.
Јас тврдам дека се' од набројаново не се почитува во две скопски гимназии и едно основно училиште, т.е. се се' одвива како да нема маски.
живеам во данска и се функционира нормално како и пред пандемијата.меѓутоа да напоменам 90% од населението вклучувајќи и децата се вакцинирани
Искрено мислам дека ако некаде се почитуваат протоколите кај нас во градов, каде никаде не се почитуваат, се школите. Двете мои деца, едно петто, второ прво одделение носат нон стоп маски. Како и сите во нивните класови. Поголеми излегуваат надвор за голем одмор и јадат, само тогаш симнуваат маска, малите остануваат в училница за јадење, ама да ви кажам колку деца се дисциплинирани, возрасните нема никогаш! И наставниците ги држат строго. Жал ми е само оти децата за се треба да испаштаат токму поради самоволие на возрасни за некои нешта. Да на време беа пример, а не себични и побудалени по збирања, можеби немашше да сме до тука каде што сме.
Најдобро за учениците е во училиште,дали знаете колку изгубија децата од седење дома,не мислам само за образование ,туку за менталното здравје,врзани пред компјутер и умирајки од досада без интерес, основа за депресија и старв,а во позадина гејминг.,животот мора да продолжи понатаму како што сите возрасни одат на работа. .
За жал оваа школска година немаат ни П од протоколи по училиштата (претходната школска година беше многу подобро организирано освен онлајн наставата што многу тешко се одвиваше). На голем одмор се обавезно во школски двор деца од повеќе одделенија, се мешаат, си играат заедно, се гушкаат, си дишат у фаца. Физичко во сала имаат 4 одделенија заедно зашто повеќето наставници се позитивни и нема кој да им предава. Една наставничка предава на две одделенија, оди во една училница и им кажува што да работат па се префрлува во друга. Децата денес седеле со ширум отворени прозори и врата, сите часови на промаја. Во моментов само во едно училиште има 4 позитивни наставници и уште неколку со '' настинка'' и повеќе деца кои не доаѓаат веќе неколку дена на училиште. Во помалите одделенија децата буквално седеа сами, наставничката е позитивна а нема замена за неа, обезбедувањето ги пази. Онлајн не дозволуваат, отсутните деца не знам како ќе надокнадат за тоа што го изгубиле. Во превод- лудница. Да напоменам само дека не е рекла-казала муабет, имам школарец дома.
Нема таква опција оваа школска година, бар кај нас. Дете може да не доаѓа во школо само ако има оправдана причина за тоа, пример- ако има здравствени проблеми или ако има дома некој што спаѓа во ризична група. Па се поднесува барање и се чека да му се одобри. Доколку се одобри, детето добива информација што се работело на часовите и како знае и умее нека се снаоѓа за да не заостане со материјалот. Вчера добивме вакво инфо од совет на родители.
Да, отприлика вака е по училиштата. Ама... очекувано беше. Освен маски носење, другите протоколи тешко дека можат да се испочитуваат. На крајот, се се сведува на за и против. И покрај недостатоците, јас се уште сум за настава во училишта.
Оваа година нема онлајн настава, тие деца кои не посетуваат настава во училиште добиваат материјали за учење дома. Вака нас наставничките ни објаснија на родителски.
Има повеќе отстапки од одлуката на Владата според ова што го кажа. Прво, треба да има опција и децата од немедицински причини да можат да посетуваат онлајн настава. Второ, тие како училиште и наставници се обврзани да обезбедат следење на часовите онлајн (не дека во другите школи се практикува, но тоа треба да е така според одлуката). Ама во жалнава земја се' се очекува. Легалното е забрането, илегалното е дозволено.
Од сам старт се виде дека не се организирани и дека се во хаос. Ама искрено и јас сум за физичко присуство зашто лани многу тешко поминавме со онлајн настава.