Добро, за толку глупави не' сметаат? Самите кажаа дека според одлуката треба да се обезбеди настава за тие деца. Ме плаши дека оваа вест ја чув денес повеќе пати. Зарем во толку нелагодна состојба не' потиснуваат да треба да бираме меѓу што ни е помило и за помал ризик.
Не е до наставниците и училиштата, до министерството е) . Немаат опција да им предаваат онлајн, не им е дозволено. Како што кажа и @An-na погоре, само материјали ќе добиваат децата за да бидат во тек, друго ништо.
Ете истото тоа министрество изјави дека тие деца ќе следат онлајн настава. Изгледа видоа дека не може да се реализира, па сега пу-пу не важи. Инаку, дали оваа вест пристигна кај вас денес? Бидејќи уште пред да пишете на форумов добив слична информација дека денес било соопштено вакво нешто. @An-na @ivi1987 или некој друг кој чул нешто слично?
Внук од сестра ми следи онлајн настава од сам почеток, му одобри училиштето и наставниците секој час го вклучуваат заедно со другите деца од класот кои што се во училница. Во неговото одделение има три деца онлајн и досега функционираат. Е сега има понекогаш проблеми со интернет, но не се случило да не го вклучат на час. Осмо одделение е, не живее во Скопје. Можеби во неговото училиште не стигнало таков допис
Моево следеше онлајн настава додека беше во изолација. Сега е во училиште, ама децата што се дома од било која причина, наставата ја следат онлајн. И протоколите се почитуваат, колку што гледам.
Дека оние на кои им е одобрена онлајн настава нема да можат да следат онлајн туку ќе добиваат само материјали.
Убаво е со физичко присуство,но оваа година треба да е онлајн бидејки имаме делта сој тој е многу јак,а лани имавме само корона.
Штета ако има услови. Иако неможе да им се посвети внимание на децата пред компјутер. Кај мене на работа исто така нема да може да се спроведе онлајн настава истовремено, немаме услови. Но пак кај ќерка ми во школо има детенце што е онлајн, редовно е вклучено. Но нема да се прави исклучок и оваа година кога друго дете ќе отсуствува од било какви причини да може да се уклучува онлајн.
Колку и да не може да се посвети внимание, детето барем би слушало, би разбрало нешто од наставникот. А не е дека нема услови. Инфирмацијата за ова ја добив од приватно училиште... Што значи е наредба од МОН. Не знам зошто едно ветуваат, па не го исполнуваат. Претераа со притисоциве врз училиштата. Навистина, штета.
Читаш ли дека има деца што следат онлајн настава или не читаш. Дадоа примери членки од дрѓавни училишта. Моето оди со физичко присуство и наставничката на првата родителска кажа дека децата имаат право да следат онлајн настава и дека ќе се вклучува во живо, ама дека наставата за тие што се онлајн нема да биде како лани туку таа ќе им се посвети на тие во училница што значи ќе мора да шета (бидејќи се првачиња) па тие што се онлајн нема да може да ја гледаат секогаш, а лани можеа бидејќи имаше пократка настава со физичко присуство и повторување на часовите за тие што се онлајн. Штета што приватното училиште не се организирало па сега се крие за МОН. Нека се запрашаат родителите на што си ги трошат парите.
Не е случајот само во приватно училиште. Погоре други членки потврдија за (претпоставувам) државни училишта.
Ама на оваа стра има само позитивни искуства дека функционира. Нема забрана од МОН еве прочитај погоре. Може да има некои училишта што не се снаоѓаат или не им се исплати да организираат онлајн настава инаку забрана нема. Знам лично три случаи на изолација на деца или цели одделенија што следат во моментов онлајн часови.
Не викам дека никаде нема или не е озганизирана. Точно е дека има и позитивни примери. Но, ете постојат и такви кај кои воопшто нема да се одржува, како што пишавме јас и уште неколку членки.
Истово ова го прави професор во средно училиште кај нас,само ова е Македонија,а Словенија е држава и функционира закон. https://vocentar.com/uchitelka-izbr...len-e-na-grupata-koja-upadna-vo-tv-slovenija/
Ама ова сега е скроз друго од тоа што претходно го напиша. Претходно напиша дека МОН забранува и ги мачи училиштата. Ова што сега го пишуваш е она што е точно. Не функционира секаде, ама не заради забрана од МОН туку заради неподготвеноста на самите училишта. Кај државните чинителите се и во МОН и во општините и во самите училишта. Кај приватните е дека е неисплатливо зашто и хардвер и софтвер за комбинирана настава е скапо и веројатно им не им се допаѓа таа математика (се малку им е на газдите за жал).
Па не е дека измислувам за МОН, бидејќи тоа е информацијата која ја добив од приватното училиште. Целосната информација гласи дека по изборите во нитуедно училиште нема да се одржува онлајн настава за оние кои побарале, туку ќе добиваат само материјали. Приватното училиште, а како што гледам и некои останати започнале да го применуваат тоа. Дали ќе биде така навистина останува да почекаме и да видиме.
Не може да е точно тоа од приватното школо. Што се случува со децата во изолација тогаш???? Има деца во школите што не смеат физички да одат на настава. И што со нив. Не може само материјалите да се испраќаат. А ако веќе зборниме јас вчера чув друг муабет. Дека после избори сите ќе се префрлат онлајн. И сега кој е во право. Приватното училиште мора да си одбрани одлуката да не нуди и онлајн настава зашто не им се исплати. Само информација од МОН е веродостојна. Школите зборат тоа што им одговара искрено кажано.