И јас го имам чуено тој муабет (за онлајн по избори), но ми е поневеродостоен бидејќи за разлика од оној од приватното училиште (каде е конкретна инфо од училиштето), го слушам од рандом ликови. А и како што почнаа да најавуваат скрининг и поригорозни мерки за невакцинирани, се' помалку ми се чини дека имаат намера да се смени моделот. А и ако навистина се укине онлајн опцијата ќе се стави поголем притисок за вакцинирање. За приватното училиште реков, тврдат дека е наредба. Се надевам е како што велиш.
Дали знае некој/а на кој факултет е пожелно да се вакцинирани студентите? Дали постои факултет каде е задолжителна вакцинацијата?
На сите е полежно да се вакцинираат студентите. Никаде не е задолжителна вакцинацијата. Секаде е само препорака.
Како ќе се одвива семестаров наставата ? На сите факултети е различно но вчера од комисија за заразни фале предлог за враќање со физичко присуство и на факултетите ама од факс уште ништо не не информирале освен дека ќе се почне покасно, најверојатно од март. Како е по другитр факултети?
Највероватно комбинирано, кај нас бар е така. Факултетите со повеќе студенти очигледно онлајн, имам еден предмет од универзитетска и онлајн ќе биди.
Здраво,сакам да ве прашам дали донеле одлука маските во училиштата да се укинат,бидејќи јас сум наставничка и денес никој не носеше маска,јас им викав да стават,а они ми кажуваат дека маските ѓи укинале?
Комисијата вчера предложи,да се укинат маските кај основците,сега треба Владата да го усвои,што значи сеуште е во сила носењето на маски.
Ова прашање во школо треба да го поставиш, не на форум. Додека не ви стигне официјално известување, секако дека е на сила носењето маски.
Дали има некоја информација за факултети,т.е за предавања?Дали ќе останат онлине или ќе бидат физички?