Да, јас го слушнав како го кажа тоа ама за несреќа го фатив само тој момент од изјавата и не знам дали го кажа во контекст дека ќе биде задолжително онлајн за сите или секој факултет посебно ќе одлучува.
Владата на Република Северна Македонија на денешната седница ги донесе следниве одлуки: ❗Се укинува државната матура, училишната матура и завршниот испит за оваа учебна година! ❗Учениците од основните и средните училишта не се враќаат во училишните клупи до крајот на наставната година! ❗Тековната учебна година до крај ќе продолжи да се реализира преку организирање на далечинско учење, односно учење од дома! ❗Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година ќе се врши во јуни! ❗Се уредуваат уписите на високообразовните установи!
Секој факултет посебно ќе одлучува за ова. Што е и правилно. Таму каде што нема да се полага онлајн, испитите ќе се закажат кога ќе се создадат услови за тоа.
Јас колку што знам Универзитетите се независни, во смисла сами ке си одлучат како ке се полага, за нив не одлучува МОН, исто важи и за градинките , односно за дечињата од предшколска возраст тие се под Министерство за труд и социјална
Нас од google classroom не префрлија на microsoft teams 1 месец пред да завршиме со предавања. Ни пратија инструкции, јас едвај се снајдов, а останатите има тешкоти.
Маме ни.... нас како наставници. Работам со релативно помали деца, од 1 до 5 одд. Верувајте родителите се поискомплексирани од децата. Верувам дека има родители што не знаат да се снајдат со компјутери, но едно модерно општество, во главниот град, родител што работи во Ти Хоум, ме прашува што да направи со Зумот? Па толку сакаат обрнување внимание. Долга и широка е. Мислам дека треба посебна тема да се отвори за наставниците во време на корона.
Јао наставничке. Ако си од главниот град МОРА да знаеш да ракуваш со ZOOM. Каква додирна точка има главен град со разбирање технологија?
Па според мене треба обрнување внимание, иако вниманието што ќе им го посветиш преку камера никако не може да го замени она во живо. Зошто е проблем тоа и каква врска има работата на родителот?
Јас сум од битолските села иначе. Нема додирна точка. Јас неубаво се изразив. Има секаде секакви луѓе.
Точно за вниманието Ви врска со работата, има родители што се истакнуваат каде работат и ни кажуваат јас вака, јас така, затоа и пишав. Скопјаните се 'посебни'. Не сите. Пример ме прашува родител, дали на детето му е потебна тетратка за час. Дали ова е прашање?
Ја сум запрепастена што читам од некој вработен во образование. Па и поделбите, кај работеле, кај живееле. Тешко нас со вакви професори. Татко ми е професор во "главниот град" и работи во школо во кое 70% од учениците и родителите се чиста спротива од ова. Во класот 2 ученици му немаа ниту компјутер, дел од родителите немаат ни меил (причини разноразни, но за него небитни, секој родител е ист и заслужува исто внимание), а требаше оцени да им се испратат од тромесечие и да се информираат што и како нели. Се трудеше, бараше со саати и денови од школото и им обезбеди да добијат компјутери и интернет, за да може да се приклучат, не им се смееше на родителите зошто немале меил и како се затупени со технологијата, како не знаат да се приклучат, на секој поединечно по телефон им диктираше оцени и ги најде сите, па и за приклучок по апликациите им помагаше чекор по чекор на сите што имаа интерес. Он па викаше, види шо убаво се заинтересираа за онлајн наставата, баш ми е мило, колку голем интерес има и од родителите и од учениците. Ниеднаш не сум го слушнала да се жали зошто во карантинов тоа го правел, зошто на телефон им објаснува со саати ако нешо треба, задоволство му е да направи се што може и да им помогне на било кој начин. Не зема плата за џабе, прво тоа ви е работа, но веројатно и до карактерот е. Знаејќи го каков е, знам дека никаде за ова нема ни споделено, ниту некој знае што правел во карантин, освен директорот со кој посредувал за да се обезбедат компјутери и со нас зашо живее со нас и глеаме шо праи, но морав да ти доловам една голема разлика помеѓу двајца вработени во образование. Освен што има секакви родители, очигледно има и секаков наставен кадар. Ако ви е мака и немате желба за ваква професија, која бара голема емпатија, добродушност, посветеност, може сите такви да дадете отказ и на сите да ни направите услуга. Никој не сака намуртени наставници и професори кои ги мрзи да објаснат и да соработуваат со родителите и учениците. И нема глупи прашања. А ти треба да одговориш на се, без разлика дали тебе ти личат безвезни или не...
Никој не спомна намуртени наставници. Прашај се колку е платата на татко ти, а колку е платата кај приватник. Несомнено има секаков наставен кадар, како и што има секакви родители. Ко ќе бидеш на местото на наставник, правник, административец ќе коментираш. Арогантни има секаде. Луѓе кои не се разбираат од збор. Значи јас морам да се покорам и да слушам секакви навреди од страна на родители? Колку пати само не обвинувале со колешките, колегите неправедно само за да си го заштитат детето, а ние сме добиле вербални закани од директорот? Родителот никогаш нема да каже дека неговото дете е виновно за нешто. Ем со убаво ќе им кажеш, ем ти си виновен. Чест на исклучоци. Ако децата мои не ги воспитувам од дома, јас и мажот ми, кој ќе ги воспитува? Наставникот. Јас си ја сакам Работата, само кажувам како стојат работите. Поздрав и секое добро.
Не можете вие да ги учите ако не знаат меил како да користат да го користат а не пак платформи за далечинско учење. Секој родител треба тоа да го знае. Не само да ги користат телефоните за фејзбук и во ЖДМ да пишуваат. Точно е дека има родители на деца кој се постара генерација. Ама тоа не е спорно за да научат да користат технологија. И мајка ми не знаеше. Ама јас бев 8 одд кога и направив е маил, Фејзбук профил, Вибер итн.
Значи, размислуваат кафичи да отвараат каде што опасноста од измислениот корона вирус е поголема, а тешко им е да отворат факултети каде што може по неколку студенти да полагаат, во амфитеатарите има услови, да не зборам па каде што се помалце студенти, утре си положил не си положил дај пари ќе биде значи срам да им е со вакво размислување, еден проф на емаил не го бива да врати не па онлине.