Мојот тест го добив, негативна сум. утре одам назад за Гр тестот ќе го испринтам гледам нема потписи, се надевам нема да имам проблем на граница
Вчера се тестирав ми земаа брис. Ми рекоа денес резултати ќе ми се јавеле. Нигде ги нема. Колку време имате чекано за резултат?
Дали има некој што се тестирал, а е асимптоматски (т.е тестот излегол позитивен)? Јас и мм денес се тестиравме, поради позитивни резултати кај блиски пријатели. Поминати се 6 дена од последниот контакт (заедно бевме на викенд). Допрва би требало да има некакви симптоми?
Обично симптомите се манифестираат до 8- 9 ден, поретко 10ти, така да можно е да имате допрва симптоми, ама и да сте позитивни тоа ќе се покаже на тестот што се го направиле сега. За асимптоматски правењето на тест се препорачува мин. 5- 7 дена од сомнителниот контакт, така да сте погодиле супер тајминг. Ви посакувам негативни тестови.
И јас се надевам на негативни. Иначе петокот ни беше првиот контакт, ама нели позитивните се најзаразни првите два дена пред појава на симптоми, а првите симптоми беа во неделата. Па не знам сега од кога да сметам, заедно бевме три дена, иако на отворено, и не нешто многу близу. Мака ми е, дека со се' деца бевме. За стариве најмногу. Ќе си пукнам што прифатив да одиме.
@Annath најпрвин ви посакувам негативни тестови. Нема што да ти е мака и да се обвинуваш, ете, не сте знаеле ни вие ни тие. Секому може да му се случи. Не мора да значи дека сте заразени. Така ние со брат ми, цело време заедно бевме, тој заразен ние ништо. Не се тестиравме може и асимптоматски сме биле ама многу случаи што знам во фамилија кај што на пример мажот позитивен, жената не, а заедно јаделе, пиеле и спиеле. Само позитивна остани.
За жал да, тоа е најзаразниот период меѓутоа штом сте биле претежно на отворен простор и не многу блиску тогаш и да сте позитивни веројатно ќе бидрте асимптоматски или со лесни симптоми. Патем, ако случајно испаднете позитивни, ако ти треба некој совет или толкување на резултати слободно пиши, мислам дека ќе можам да помогнам. Позитивни мисли и негативни тестови!
Резултати од државно се чекаат и до 4-5 дена, а со новиов алгоритам со кој се намалуваат тестирањата за време на викенд јас би рекол дека во понеделник ќе ти се јават.
@Annath само смирено не мора да значи дека сте се заразиле. Кај мои познаници двајца од семејството се тестираа заради патување во странство. Едниот од нив излезе позитивен (асимптоматски истера до крај). Никој од сите што беа во контакт со него, ниту домашните 5 не беше префатил. Инаку во Ј. Сандански знам дека и државно тестирани за 24-48 часа се јавуваат со резултат. Ова искуство од минатата недела.
Ви посакувам негативни тестови. Немој да се обвинуваш, кога тогаш сите ќе сме во контакт со вирусот, само да поминува се во најдобар ред. На другарка ми свекрва беше позитивна, со симптоми, никој не префати од неа. Ни внуците, а и преспивале кај нив, ни домашните, ни тие што имале контакт надвор. А и на отворено помали се шансите. Ќе биде се во ред.
луѓе, знаете ли каде може во Охрид да се направи тест? колку чини на приватно? ако има некој симптоми би му направиле на државно иако не е од Охрид? ние сме тука свекрва ми имаат стан (инаку се од Скопје) - она прво киваше, сега два дена носот и е затнат, грлото ја гребе.. Денес на мажот ми му се затна носот.. Јас им викам да се проверат, ама не знам конкретно решение да предложам. Фала ви!
Јас немам чуено за приватни тестови освен во Скопје Не знам конкретно за Охрид, но во внатрешноста колку што сум запознаена само на државни пунктови се зема брис и се обработува после во Скопје повторно. Не сум сосема сигурна, може некој друг ќе има друга информација
огхх катастрофа ако е така најдов тука до нас блиску Биомед Лаб, ама да не се надевам дека прават тестови изгледа? баш штета.. ај ќе чекам можеби некој друг ќе знае да ми каже, исто дали е сложена на државно процедурата..