супер ти благодарам, Битола не е толку блиску колку ова на 8 мин ама сепак не е лошо. Ќе се јавам дали имаат термини и во најлош случај ќе се тестираме пред да одиме кај моите во Прилеп. а може и ќе ја кандисам свекрва ми да отиде од понеделник да направи.
@Ahoy @bicycle @Ano @kristina.k фала за споделените искуства. Добивме резултати вечерта иако рекоа дека ќе ни ги пратат денес после 13 часот. Негативни се, па веројатно поради тоа и толку брзо ни јавија.
Добро е, баш ме радува. Гледај сега да ги сведиш контактите на минимум, чисто за превентива, само со најблиските.
Толку се писмени во нашава "држава" Ми иде да им отидам таму со полиција со инспекција лом да ги направам пошто се неодговорни и неспособни да ми дадат одговор. Петокот се тестирам. Ми викаат до вечер најкасно утре добиваш резултати. Денес добивам на Вибер дукумент дека до 10ти сум во изолација.
Кај да прашам? Сите броеви што ме бараа и јас ги барав ми даваа краток одговор "не сум јас за тоа". Не се замарам више.
Пробав. Ми вика чекај. До кога сум во изолација. Немам никаква врска јас со мојата матична. Имав контакт со заразен. Прв пат кога ми се јавија не беше матичната на заразениот.
Ти пишува 1. *името, адреса...* кое е лабораториски потврден случај позитивен на КОВИД-19 му се одредува ЛЕКУВАЊЕ И ИЗОЛАЦИЈА во домашни услови.... 2.*името адреса...* се става под ЗДРАВСТВЕН НАДЗОР И САМОИЗОЛАЦИЈА од ЦЈЗ.... Од овие две опции што пишува на твоето? Ако е првото си позитивна, ако е второто не си.