Здраво. Јас сум веќе една недела со симптоми и наод на плуќата, меѓутоа немам здраствено осигурување. Дали некој знае колку чини тестирањето на државна без здраствено осигурување? И дали матичен треба да ми го закаже?
Мислам дека во Институт за јавно здравје на приватно е 1850 денари. Приватните лаборатории се 3000-4000 денари. Во Авицена е 3000, другите мислам дека се поскапи. Не знам дали има веќе од брзите тестови што ќе бидат 1000 денари. Ги најавуваа, сма не знам дали стигнаа. Можеби не е лошо да се јавиш во Институт за јавно здравје, да прашаш за закажување. Контакти: https://www.iph.mk/kontakt/
Осигурувањето нема врска со закажување на тест. Матичниот треба да ти закаже, бесплатни мислам дека се. Барем нас така не известија пред некој ден. Али термин многу тешко се наоѓа.
Дали има некаде во Битола за испитување на антитела? @JuLleE знам дека испитуваше ти, како е постапката?
Јас на Трансфузиологија испитував откако прво се пријавив за дарување на плазма. Ама за таму мораш да си потврдена позитивна, па оздравена и дури тогаш.
Здраво. Во вторникот правев тест за корона и во четвртокот добив резултат дека сум позитивна. Треба да се јават најверојатно од Институт за јавно здравје за да ми направат епидемиолошка анкета меѓутоа еве до денес уште никој се нема јавено. За колку денови ви се имаат јавено и дали одма ви го пратија решението за изолација?
Ако немаш здравствено осигурување, не може матичен да ти закажи за тестирање, ниту било каков преглед воопшто. Сѐ ќе треба да си платиш на приватно. Ако си во можност осигурај се.
Позитивен асимптоматски се изолира 10 дена, веќе 11тиот ден е слободен, а домашните стандард, 14 дена. Ако се тестираат и испаднат позитивни, плус изолација.
Титар. Количина на вирус во организмот. Колку понизок Ct- толку поголема детектирана количина. И обратно.
До 40, со што титар од 40 значи мноогу мала количкна вирус која најверојатно нема ни да се задржи во организмот. 18 Ct е релативно висок титар.