IgM е за рана или инфекција во тек, IgG е за доцна или мината инфекција. Што значи дека ниту си прележала, ниту моментално имаш вирус во себе. Зависно пред колку време си прележала, антителата се губат, како IgM, така и IgG. Меѓутоа IgM се губат многу брзо и не се многу битни, додека пак IgG, кои штитат од реинфекција, се губат за минимум 3 месеци по инфекцијата.
Мене ми беше битно за Igm. Инаку по месец и една недела сѐ уште качувам температура, имам болки во грб и гради и кашлица, замор и губам концентрација и имам тахикардија...
Пцр направив на 15 ти ден од симптом и излезе негативен. Ми рекоа дека до тогаш вирусот ми е поминат. Имав испримано две дози сумамед, панцеф, инјекции против воспаление... си барам одговор што друго може да биде, одговор нема.
Касно си го направила тестот, најточни резултати дава до 7 дена после симптоми, после таа количината се намалува и е (не)среќа ако/ дали (ќе) го детектираат. Ама сепак, ако си прележала Ковид, антитела сигурно ќе имаше (ако првиот симптом ти беше барем пред помалку од 2- 3 месеци).
Да, но ете има многу што не развиле антитела, а имале и позитивен тест. Членувам во една група и кажувам од искуства на луѓе што ги читам. Навистина не знам.
Јуле, тоа е имунитетот од Т- клетките, имав преведено истражување од British Medical Journal и за жал ваквиот имунитет сe покажува како непостоечки и нерелевантен за вирусов.
Миа Костова чула нешто, недочула. Докажаа дека нема таков за жал. И секоја корона е борба од ново, само со штетата направена од првиот пат.