Еј, озбилно непосточеки или нерелевантен? Па како планираат вакцина ако не постои таков имунитет? На каков имунитет ќе се базира вакцината? Плус, не сум сигурна дека и научниците знаат доволно за човечкиот имунитет за да знаат колку е релевантен. И уште нешто, еве ти истражување од British Medical Journal што вика дека Т имунитетот трае по најмалку 6 месеци. https://www.bmj.com/content/371/bmj.m4257 Ројтерс: https://www.reuters.com/article/us-...icient-to-protect-from-covid-19-idUSKBN27Q004 ScienceMag https://blogs.sciencemag.org/pipeline/archives/2020/11/11/good-news-on-t-cell-response
Миа битно снимаше видео кај што им се потсмева на оние што не го сфатиле сериозно вирусот. Таман не беше во екипичката иста? А Тамара кај Филипче на носете маски видео. Каролина исто, битно е на видеото на Филипче, а тоа што луѓе се заразиле од неа затоа што не носела маска, нема врска. Битно кај Филипче да ги има.
Дека не е баш релевантен ваквиот имунитет се покажува барем кај нас, со оглед на тоа што речиси сите реинфекции вирусот го минале потешко вториот пат него ли првиот, а тоа во добар дел зависи од меморијата на Т- клетките. И лично знам таков пример, во април со благо покачена температура, во ноември на кислородна поддршка, среќа не долго. Меморијата на Т- клетките од веќе прележана инфекција или помага или одмага во борбата на следна, идна инфекција. Од пракса, мислам дека сите гледаме дека за жал, во ситуацијава таа меморија одмага во евентуалната повторна борба со вирусот. Сигурно дека има нешто, ама како што велиш како/ колку трае и функционира сè уште не е баш познато. Во истражувањето кое го преведував, како пример за ваквиот имунитет ги спомнаа Лондон, Њу Јорк и Мадрид, каде во првиот бран имаше бум, а после тоа и не толку. Има и кај нас вакви примери, како Чаир или Лабуништа (Струшко), и таму имаше доста голем број на заразени пролетта/ летото, а сега сепак и не толку. Ама од друга страна не е така во Штип, пример. И јас се надевам дека и таквиот имунитет функционира во ситуацијава, ама од околината, не ми е многу веродостоен. Или можеби само јас имам таков впечаток...
Па Штип летово кога букна беше кај конфекциите. Одреден круг на луѓе беа заразени. А е голем град. Реинфекциите ако читаш во групата,дел се без потврден тест. Нема потврда дали е реинфекција или остатоци од вирисот.
Dali so brz test mozhe da se stavi vo izolacija zavedena vo MVR? Nekoi velat dek ne, no prijatelka moja veli deka ja stavile vo izolacija so takov brz test bidejki soprugot bil pozitiven... Ne znaam shto da mislam
Не сум член, не читам. Тогаш не е ни сигурно дека биле реинфицирани. А има некои со потврдена реинфекција? Како поминале? Со брз тест од приватна лаб. не се заведува (барем така беше до пред недела дена), а од државна лаб. мислам дека се заведува.
Па некои се со ПЦР да,некои минуваат полесно,некои потешко. Интересно е што се заразиле јули/септември и после октомври/ноември.
Bullshit ти е "покажувањето" затоа што 1. Не е испитано дали заболел од истиот тип на вирус 2. Дали од надвор два пати заболел или внатрешно вирусот мутирал, па се појавил. Ако траат 6 месеци, што исто така зависи колку развил и каков имун одговор имал - од април до ноември се исто така повеќе од 6 месеци. Значи, како прво: позитивен ПЦР тест не значи дека се заболени од ковид и дека развиле имун одговор. Може биле прехладени, настинати, а тестот може да е позитивен затоа што се претерано осетливи, па доволно е мала количина на вирус во носот да покаже позитивен резултат. Или крос контаминација, или било што. Зошто? Затоа што лажно позитивен резултат кај ПЦР е нерелевантен. Второ: кај нас не се прави анализа на тоа дали се работи за реинфекција или релапс. Трето: не можеш да зборуваш за имунитет на Т лимфоцити врз основа на лично искуство, наспроти студија која ја направиле научници. Зошто? Затоа што нити знаеш на колку вирус биле изложени твоите другари, нити каков имун одговор развиле. Која пракса ја имаш ти? Како т лимфоцити може да одмогнат? Знаеш ли што се воопшто т клетки? Ај стави линк од истражувањето. Не знаат ни имунитетот од вакцината колку ќе биде. Може на крај да излезе природниот појак да е од оној од вакцината, ама нема врска. А, и ова плус https://www.nytimes.com/2020/11/17/health/coronavirus-immunity.html
Се сложувам за последното, само го наведов како пример. Иначе човекот беше "прехладен", барем така тогаш тој мислеше, во Април, и помина лесно, 3 дена благо покачена темоература и тоа. Во јуни правеше ПЦР и серолошки поради контакт, ПЦР негативен, IgG позитивен со вредност нешто над 2 реф. вредност (реактивни од над 1.6 реф. вредност), IgM негативен. Кога го врати филмот, се сети на тоа. Неговата сопруга беше негативна секако. Сега во ран ноември, појавија симптоми заедно со сопругата после познат контакт и беа хоспитализирани, со позитивен ПЦР и сега антитела над 5 реф. вредност. Ова ми говори дека се работи за реинфекција, затоа и го пишав како пример. Праксата ми е она што го гледам околу мене и од некои медиуми, односно дека реинфицираните минуваат потешко од првиот пат. Тоа и @KuklickaSk го има спомнато, а таа има повеќе пракса од сите тука. И самото истражување вели дека постои реактивност, врз база на некои истражувања, но сепак е со милион прашалници. Повели инаку, ќе го прикачам како пдф.
Не може тоа да ти говори дека се работи за реинфекција. Дали е реинфекција или релапс може само генетски да се потврди. Медиумите за жал не се пракса. А и кукличка има блиски со пракса, нема ни таа пракса. Плус, ни тие блиски на Кукличка, можат обзервационо да кажат дека некој што бил еднаш позитивен после бил пак. Без испитувања не може да се каже дали е реинфекција или релапс. Ова не е истражување, чланак е, чија цел е да поттикне дополнителни истражувања за т-лимфоцитите. Ова моево од горе е истражување, поново од твојот чланак, објавено во истиот BMJ. Патем, цитат од чланакот: Понекогаш се прашувам дали ве плаќаат страв да ширите
Само би за надоврзала на ова да кажам дека само со земање на брис од нос и грло не можеш да потврдиш дали се работа за инфекција со ковид. Мора да се направат и низа други тестирања за да се потврди тоа. Ова го има зборенo уште одамна проф.Пановски.
Признавам дека полека ме убедуваш дека постои имунитетот, иако си сум сепак скептик Ќе го прочитам тоа што го постираше приквечер сигурно. Признавам парт ту И редактирај да не ме (нè, оти има и некои други потплатени членки) откријат
Ама се нема време за сите тие испитувања да се прават на секој, пиши позитовен, препиши му 2 кутии сумамед и готово.
Uste poveke zbuneta sum.... Test e napraven a e negativen... Simptomi imase samo temperatura dve veceri 37 i 37.4 i bolki vo bubrezite drugo nishto
Не мора да значи дека е корона. Чим си имала болки во бубрези може да е и инфекција/воспаление на бубрезите и од тоа се качува температура. Најдобро испитај урина и направи крвна слика. При позитивен резултат од брзите тестови се прави и pcr затоа што не се 100% тoчни брзите тестови