При негативен, а сомнеж на корона се прави ПЦР, оти брзите се помалку осетливи на вирусот. При позитивен се смета за потврден.
Пановски во интервју денес вели дека иако нема антитела сепак има клеточен имунитетот,особено ако си развил симптоми. Па дури и тие што не развиле,еднаш го имале вирусот, ама не заболеле,што може да значи и пак да не заболат. Ама сето тоа треба да се доистражи и дека оние кои веќе биле позитивни,последни да се вакцинираат.
Познавам блиска личност која во моментов е на кислород во болница,втор пат. Прв пат во септември,изгубен мирис и вкус, температура неколку дена. Два пати со позитивен тест. Сега е многу лошо,сепак има надеж сатурацијата од 75 ја кренаа на 86. Се работи за жена од 41 год. Според тоа што го знам антителата штитат плафон 3 месеци.
Се надевам на скоро опоравување Козми. Сепак, може да не е реинфекција туку релапс. Кеј некои луѓе се случува тоа. Имаше во Белгија или Холандија беше случај, 4 пати хоспитализиран. Па од брисевите земени правени анализи, и беа откриле дека вирусот се повлекувал во него внатре за да мутира и да се појави пак. Дека не биле две реинфекции со вирусот, туку организмот не успевал да се избори со вирусот кој само се повлекувал за да може да се прилагоди на нападот на имунитот систем. Кај нас не прават такви испитувања, така да не можат баш да зборат за имунитет според нашиве примери. Тоа од надвор сознанија некаде може да собираме само, кај што има луѓе што специфично со тоа се занимаваат.
После колку дена од контакт со лице позитивно на коронавирус, би било најдобро да направам тестирање?
Истиот ден до полноќ даваат систина жан и биотек Систина мислам се најбрзи ако немаш направено напрај кај нив
Јас би ти ги препорачала Синлаб. Малку се поскапи, барем во однос на Авицена (PCR тестот кошта 3150) но даваат резултати истиот ден до полноќ. За Систина се слушнаа многу лоши муабети и јас лично не би одела таму. Авицена не знам колку брзо даваат резултати но имаат добра опција - PCR тест наплаќаат 2600 а потоа доколку сакаш да се ретестираш истиот кошта 2400.
Аџибадем Систина имаат најпристапни цени, а плус и најбрзо издаваат резултати Резултатите се издаваат истиот ден. Доколку на пациентот му е земен брис во периодот од 8 до 10 часот, резултатите се добиваат до 16 часот, ако пациентот е тестиран во периодот од 10 до 12 часот, неговиот резултат се издава до 20 часот, додека за пациентите кај кои тестот е направен во периодот од 12 до 17 часот резултатите се издаваат најдоцна до полноќ. Новата цена на PCR-тестот за детекција на SARS-CoV-2 вирусот изнесува 2.700 денари, а болницата нуди и фамилијарен пакет – тестирање на над 3 члена од семејство по цена од 2.500 денари по лице и пакет групно тестирање за компании – над 3 три лица по цена од 2.500 денари по лице.
Здраво. Дали знаете до колку часот во државна може да се прави тест за корона, без упат приватно ? Благодарам