Во Плодност почнуваат со ПЦР. @Ahoy еве и поединечно може антитела. ✔️ Молекуларен Real time PCR тест за детекција на вирусот SARS CoV-2 -цена 2 800 den ✔️ Имунолошки тестови за концентрација на : IgM антитела и lgG антитела кон SARS-CoV-2 цена 1700ден ✔️ Имунолошки тест поединечно само за lgM или IgG antitela 1000ден ✔️ Целосен тест пакет: Молекуларен+имунолошки тест за вкупна концентрација на антитела 3900 ден ✔️ Комбиниран тест: Молекуларна PCR детекција на SARS-CoV-/Covid-19/ i Influenza A+B за сите оние кои сакаат да дознаат дали имаат Covid-19 или сезонски грип цена 3500ден.
Во Ск за 1200 двете се, едно 650ден... мислам дека не е во ред, али ќе намалат ваљда. Прават некаде на др. место во Бт освен во Плодност и Костурски?
Не знам за друго место и јас, сакавме и ние да испитаме во Костурски сега ама матичната рече да почекаме. Многу има гужви изгледа. Се мислам барем мм да испита во Плодност, со многу луѓе работи, ние дома сме секако.
Имам прележано корона во Ноември , за три дена патувам за странство . За два дена правам корона тест , грлово ко за беља почна денес да ме гребе , земав септолете , витамини ..се што ми текна,психата почна да ме убива дали ќе ми покаже позитивен поради грлово ако испаднам позитивна отидоа картите и сместувањето...хелп
1500 ден.беше за антителата, сега 1700 И јас во Костурски планирам да проверам, здравје Боже. 1200 е. Брат ми во Ск за 650 ден.провери. Нема смисла. На маката да се богатат.
дали сите позитивни ги задржуват во болница или можно е и домашно лекување доколку нема сериозни симптоми?
Нема место и да сакаш во болница. Ако не е сериозно си се лекуваш дома со препишана терапија од матичен, најчесто даваат ивермектин, сумамед, аспирин и витамини.
Не, освен ако не си била вистински болна во ноември. Ако си била само позитивна, без симптоми а притоа не си проверила антитела после прележување, можно е да се заразиш сега. Гледам постов од понеделникот....Го направи ли тестот и што излезе?
Бев со сите симптоми во ноември и мирис и вкус и темп и грло . Утре правам ПЦР тест во Систина па ќе видиме . Сега за сега грлото е добро , други симптоми немам .