Има случаи кои по прележан вирус немаат антитела, има некои без симптоми и со негативен тест имаат антитела Мојот одговор беше на прашањето, го прочитав резултатот од сликата )
Точно да, да имаше тестирано комбинација на антитела ќе можеше да се потврди и дали си го прележала, а од ова тестирање од кое имаш постирано резултат, можеш само да провериш дали во моментов имаш антитела на корона
Се работи за суспектен позитивен случај на КОВИД-19 кај постаро, неподвижно лице со Паркинсонова болест кое има благо покачена температура и омалаксаност и контакт со двајца позитивни лица. Иако најверојатно се работи за позитивен случај, тест мора да се направи за да се одреди терапија. Лицето живее во Битола и немам информација како функционираат овие работи таму па затоа барам помош. Дали знаете дали некоја лабораторија во Битола (државна и/или приватна) нуди услуга за домашна посета и вршење на тест во домашни услови бидејќи се работи за неподвижно лице? Ви благодарам