Здраво, ме интересира дали може да се откаже закажан тест , или евенуално да не отидеш на терминот дали има некакви санкции?
Кажи и на твојата матична, без проблем ќе го откаже. Нема санкции доколку не отидеш, но не би било фер.
Нема никакви санкции. Се случи јас да го откажам мојот бидејќи требаше многу да чекам и во меѓувреме направив тест на приватно. Секако ја известив матичната која го чуваше терминот за некој кому итно му беше потребен тест. Во секој случај правилно е да ја известиш матичната.
По колку време од прележаниот Корона ги проверуваш? Дали треба да се биде гладен? Дали е со закажување или одиш таму и ти даваат бројче да чекаш? Ти благодарам
Не сум прележана, чисто од радозналост. Инаку после 21 ден веќе може да проверуваш, ама најточно било после два месеци. Не треба да се биде гладен, може било кое време, не се закажува и обично попладне нема гужва. Резултати имав за саат ипол.
Здраво, дали некој знае некоја друга лабораторија за тестирање на ковид освен Систина, Жан Митрев, Авицена и Биотек? Ми треба за патување.
Vo koja laboratorija ispituvaat IgG so krv od prst,mi treba za da gi testiram decata,a nesakam vo vena da gi bockat
Да пренесам искуство на познаник. Се тестира во Жан Митрев, во исти ден пср и за антитела. Пср позитивен, антитела igm - нема , ( по правило и пср треба да е негативен според ова) а igg преку 150( ова значи дека прележал) Некој со слично искуство? Или да знае да објасне?
Вирусот преку pcr може да се детектира и долго време откако веќе не е активен(поточно неговите остатоци).Човекот најверојатно скоро прележал, па затоа и висока вредност за ИгГ, а нема ИгМ.
Пред 2 недели правеше само пср и беше негативен. А сега повторно се тестираше бидејќи имаше температура 37.1- 37.2 и осеќаше нелагодност во грлото. Претходно немал никаков симптом. И ова погоре се резултатите, позитивен и има антитела.
Како се движат сега цениве на пцр тестовите во приватниве лаборатории? Се наоѓаат ли термини лесно? Од денес Грциве воведоа закон да мора деца над 5 год да прават пцр тест да покажат на граница па освен јас и големава ќерка ќе треба да прави здравје на враќање освен ако не сменат нешто до 14-15 мај