Ме интересира од искуство каде е најефтино да се направи тест? За патување ми треба.. Инаку сега читам на Grouper за во Жан Митрев има попуст и за Антигенски тест. Го прифаќаат тој на граница?
Каде е најсигурно да се направи тест за патување? Минатиот пат правев во Систина, ама ходникот е тесен, се пикаат луѓе цело време со маски под нос. Како е во Жан Митрев? Има некаде drive in?
Во Жан Митрев тестирањата се надвор. Имаат мал монтажен објект во близина на паркингот. Лугето чекаат ред надвор. На едната страна од монтажниот објект си плакаш на шалтер и даваш податоци па потоа одиш на другата страна од монтажниот објект, каде исто од шалтер ке отворат прозорец и ке земат примерок од тебе и толку. Постојано си надвор. Доколку се одлучите за таму, одете покасно,до 12 часот е преполно. Најдобро пред затварање, околу 17-18 часот да се отиде (во 18:00 часот затвараат), тогаш нема никој.
Најново од Биотек доколку имате медицинска причина за одење во странство, тестот е бесплатен : Почитувани пациенти, Би сакале да ве известиме дека Биотек лабораторија како општествено одговорна компанија во овие тешки денови од пандемијата за сите патници кои имаат потреба да патуваат во странство за лекување или друга медицинска потреба, нуди БЕСПЛАТНИ PCR тестирања со сертификат за патување. Пациентите треба претходно да достават документ за закажаното лекување или интеревенција со потврда од доктор за истата. Пријавата се врши во електронска форма на нашиот мејл marketing@bioteklab.com.mk или со слика на viber на 078-492-293, по која што нашите вработени ќе ве исконтактираат за тестирањето. Call центар +38925300898 БИOTEK Лабораторија - ЛАБОРАТОРИЈА за целото ваше СЕМЕЈСТВО! Грижи се за своето здравје и здравјето на своите најблиски! #БиотекЛабораторија #грижазасебе
Дали некој скоро се тестирал во Жан Митрев? Јас со ќерка ми ќе се тестираме во петок , каде поточно тестираат зошто негде читав надвор пред клиниката тестирале?
Не сум информирана, доколку некој знае како ќе биде летово за одење во Грција? Само со пцр тест ли, колку ти важи (колку смееш да се задржиш таму)...
Кога ќе идеш накај болницата пред неа има пункт за тестирање. Одиш од едната страна и даваш 50 е и после одиш од другата да ти земат примерок.
Дали некоја знае како се читаат резултати од тест за антитела? Ме буни тоа што пишува негативно а до него стои и бројка 1.5...
Катастрофа над катастрофите се Жан Митрев. Ама јас сум си крива, сакав да заштедам 1200 денари до купон преку групер , но памет за друг пат. Тестовите платени , термин закажан 10 дена унапред, одам со ќерка ми , гледам околу 50 луѓе наредени ред чекаат, одам меѓу последните и ми кажуваат дека некои се со закажани термини, некои дошле така. Значи ја будала сум што закажав 10 дена предвреме. Надвор пункт со еден шалтер да работи. Чекаме 30 мин почнува да истура, ниту настрешница некоја да направат ни ништо, трудни , со деца чекаат тука не врне како стока. Значи во мене вриев. Хаос се направи, почнавме ние со термини да се буниме , и на крај дојде друга и тука ги раздели тие со термини и тие што дошле така. Ок , го чекам јас истиот ден тестот , а се знаеше дека ми треба за патување во странство, кога ми го праќаат меилот тестовите нашишани на македонски па ајде ме тераа да доаѓам да ди ги земам од лице место преведени на англиски. Жан митрев срам да ви е, никогаш повеќе кај вас.