Во Никоб Лаб ПЦР тест со сертификат на Англиски јазик од 11.06 до 11.07 (ќе) чини 1400ден., ако разбрав точно.
Но читам на граници пуштаат и со брз антиген, во Никоб лаб е 800 ден преку Групер. Иако прв пат слушам за лабораторијава читав дека го признаваат нивниот тест, па друго не ми е ни битно кога се пари во прашање Некој што треба да го прави баш наменски за патување поевтино му е брз тест отколку пцр.
Дали имате сознание дали ги признаваат тестовите од никоб лаб за влез во Грција? На фб читав една женичка пиша дека ги таа лабораторија ја немало на листата на признати лаб.
Крај на јуни треба да патувам за Грција. Со сигурност од каде можам да направам тест и дали исклучиво мора да е пцр и со превод или? Гужва е по лабараторииве колку дена однапред и дали се закажува? Прашање до оние што ја поминале процедурава, фала
Се чека да излезе во службен весник новата мерка, дозволен рапид тест од последните 48 часа. Во темата Туризам во време на корона имам ставено список на сертифицирани лаборатории од кои признаваат тестови.
По српскиве групи пишува официјално и деца до 12год без тест дека можат да влезат. Но да не се залетуваат да почекаат да помине во службен весник. Е сега, кој се смета за рапид? Брз тест, со брис само од нос? Или преку крв, игм и игг?
Здраво , правев тест за антитела, дали можеби некој може да ми објасни што значи <0.01 (нереактивен тест)?
Нема ли референтни вредности на резултатот? Обично има на тие што сум ги видела. И да најдеш скала онлајн, ништо не значи зошто лабораториите можат да имаат различни референтни вредности во зависност од начинот на одредување и други параметри.
@mKdevojce Да, ако вториот ред е за антитела, имаш секако. Тука пример скаливе се над 20 мислам, и луѓево имаат околу 60-70 најчесто, ама тешко е да се каже колку многу антитела имаш, мислам тоа ти беше прашањето оригинално, зошто не знам дали се пропорционални. Ама не е битно, битно имаш над границата.
@Biljarkata @Celltica Да да, штом е повисоко од реф. вредност значи дека има, мене не ми беше јасно дали има некоја горна граница чисто за споредба колку е висок бројот на антитела. Иначе овие се резултати од мм. Тој немаше позитивен тест, два дена имаше покачена температура но тестот неколку дена покасно беше негативен.