вќера правев значи вторник а контакт имав у петокот ми излезе негативен матичната ја прашав ми рече таман ми е временски за брз тест да си направам
Матичната ми рече дека тие тестови се најточни ако се направат во првите 3 дена од појавата на првите симптоми. Не знам дали е тоа точно, зошто една роднина направи тест после повеќе од недела од првиот симптом, речиси и веќе и симптомите и се подобруваа, па испадна позитивен. Потоа се потврди и со ПЦР. Мислам дека се точни (под услов да се правилно упторебени) зошто досега не сум чула некој после овој тест да добие различен резултат на ПЦР.
Дали уште може матичен да закаже за тестирање поради контакт со заболено лице? И дали истите се бесплатни?
Матичен закажува само ако контактот има симптоми. На мене епидемиологот ми закажа тестирање кога го анкетираше позитивниот и ме пријави како контакт иако немав симптоми. Инаку бесплатни се тестовите.
Сигурен си? Нели за брзите тестови треба поголема количина вирусни честички, иначе не го детектира вирусот. А кај асимптоматски го нема тоа. Внука ми со симптоми беше негативна на брз тест.
2ца познаници излегоа позитивни на овие од аптека, а без симптоми. 4-5 дена по контакт. После одма резултатите едниот ги потврди на брз од лаб., другиот на ПЦР А веќе излегуваат од изолација, скроз без симптоми поминаа. До душа вакцинирани се
Може има врска и кога е правен тестот. Зошто се тестирале ако немале симптоми? Татко ми има благи симптоми, т.е еве, на 10ти ден од појава на први симптоми нема веќе ништо. Уште денес контролна крвна слика ќе прави. Ама во изолација ќе биде уште две недели. Уште е три недели изолацијата, иако после 10-14 дена не е веќе заразен?
Имаа контакт со позитивен, поради лична сигурност се тестираа, затоа што дома имаат и постари. Инаку 20 дена за симптоматски, 10 за асимптоматски е изолацијата. Овие што ги спомнав по 10 дена изолација имаа(т). Нека му е со помин на татко ти Беше вакциниран?
Да, со Фајзер, во јуни втората доза ја прими. Мене ми беше дека ние сакавме да одиме во Охрид кај него да седиме, пошто одморот ни е планиран од 25ти, ама тој ќе е уште во изолација, а тогаш едно 15-16 дена од прв симптом ќе се поминати. Ние смееме да шетаме? Ваљда. Оти брат ми прележан и вакциниран излегува слободно, а децата и снаа ми се дома, исто во изолација.
Матичниот ми вика дека немало термини за да се тестирам! Па уште ме прашува дали сум сакал! Па не е дека сакам, имам симптоми. Не е дека ми текна така, ај денес ќе се тестирам јас баш да видам што-како е. Шо државица ќе бевме, бе? Термин немало!
И маж беше му вика нема шанси дури вторник среда ако има. А со симптоми е. Дур најдат термин ќе му поминат, па ќе му речат без симптоми не може тестирање.
Првпат побарав да се тестирам. Не знаев дека е до волку отидена работата, за тестирање да немало термин,бе!
Исто, појма немав дека се чекало термин, дан се на 1 сат оддалечени па не се стига. Матичниот ми вика чим ти поминале симптомите не можиш да се тестираш, напрај уште еден брз тест и седи дома. Колку едноставно
Колку чини PCR тест преведен на англиски, да важи во Германија и Холандија а да е од Центар за јавно здравје? Или точно за Охрид некој да не знае пошто мислам приватни лабаратории во Охрид нема што прават PCR тестови? @Ahoy
Со благи симптоми или асимптоматски се со 10 дена изолација, тие со појаки симптоми се 20. После 10ти ден веќе не е заразен. И во јануари беше така, сега гледам е исто останато.
1950 е ПЦР во ЦЈЗ Охрид мислам, ама не знам дали е вклучен преводот. Во ЦЈЗ Битола со превод е 2200, исто и во Плодност Битола.