Зошто ме убедуваат дека било 200 евра, а знам познаничка пред 2 месеци 2500 со превод плати…200 евра ти е на аеродром така? Извини што те нападнав со прашања
200€ е ПЦР на аеродром, да. Иначе вака во ЦЈЗ или било каде надвор од аеродром е макс. 2500ден. Мислам дека во Холандија и Германија можеш и со брз тест, провери убаво, тие секаде се по 1000ден., на аеродром 1500ден.
Германија после 1ви септември ќе барала PCR затоа ме интересираше цена на PCR…фала ти на информациите
Јас познавам двајца тестирани таму - негативни, а претходно на брз тест од аптека позитивни. По ова ретестирани во други лаборатории - позитивни. И по групине читам дека се жалат луѓе.
Во недела кога кажуваат резултати и дали има број каде би можела да се јавам да прашам. Пцр тестот е направен вчера сабајле. Фала ви.
Каде да проверам антитела(каде е најефтино)?Немам пррлежано ,ниту вакцинирано.Сака да видам да не сум прошла асим.,познавам многу такви случаеви. И уште нешто,дали на тој тест ако у моментот имаш ковид ќе покаже?
Од истата причина сакам и јас да проверам. Нека пише некој каде е најефтино? Во Систина беше 500 ден Игг ама не знам дали сеуште важи. Иначе игг се за долготраен имунитет, игм се јавуваат доколку е присутен вирусот. За нашата потреба треба Игг, иначе цената ви била двојна ако ги испитуваш двете вредности.
нема термини, незнам што не е јасно. Нема за следните 5 дена. Има наплив на пациенти. Чекаат за на државно, тие што не им се чека прават на приватно. Ете, таква е ситуацијата
Дечки дали е можно од вакцините да се добие позитивен тест. Мајка ми е со две дози вакцинирана, втората е пред три недели (Астра зенека инаку) и сега без симптоми ништо, а праен тест заради сосема друга причина излезе позитивна. Зената немала никаков контакт со луге, освен до продавница и назад. Буквално никаков симптом нема а еве ја позитивна е...
Не може да е од вакцината, ама може да е лажно позитивен, т.е. да е контаминиран во лабораторијата. Ако имате можност нека направи уште еден.
Како тоа таква е ситуацијата? Сакаш да кажеш дека треба да се согласам со тебе и мирно да трепнам? Како може да е таква ситуацијата, и само толку? Па, нели треба да се тестираме ако имаме симптоми? Кои термини се тие што ги нема? Ми пишаа порака во 11:10 да сум таму, а ми се јавија да бидам во 10. Не собраа како овци во едно срушено здание полно гадотии од памтивек, како за на стрелање не поредија и настана хаос, не се знаеше кој кога треба. Претходно, секако, требаше да потпишеме изјава, па многу од луѓето немаа пенкала. Треба да пуштиме едно, да кружи? На крај, сите што беа дојдени, беа тестирани за 20 минути, максимум половина час. Кои се тие термини што ги нема? Во колку часот? Каде? Нема термини, или нема обучени лица кои треба да го прават тестирањето? Или, пак, има обучени, ама доста е по 50 теста на ден, зашо, шо има повеќе да праат, така? А, во врска со тоа дека оние на кои не им се чека - прават на приватно: Дали сакаш и можеш да ми објасниш зошто немавме ние, тројцата од семејството, финансиски средства за да отидеме во друг град, за да направиме тестови на приватно? Треба да умреме со симптомите? Каква е ситуацијата, таква е? Срамота!