Подобра опција ти е да си направила брз тест во болница (800д) отколку тестовиве од аптека. Ако не ти е скапо иди со брз тест се тестирај да не му ја мислиш, а во меѓувреме пиј чаеви и витамини Ц,Д, цинк. Ако почнеш да кашлаш обавезно на доктор, па преку крвната слика ќе покаже за сигурно.
Да да, во ковид пунктовите не ти треба упут, само одиш со лк, ти земаат брис од грло и плаќаш веднаш. Мислам дека до 10ч сабајле земаат примероци, а во тек на денот се резултатите.
А постои лажно позитивен или јок? Да очекуваме 200% позитивен тест после тој? Утре ќе се тестира, но да си прашам јас пак..
Јас знам за случај на лажно позитивен. Незнам точно за кој тест станува збор (промотивен материјал), случајно го правеле на шала и излегол позитивен. Никакви симптоми. После него правени два пцр негативни, плус игм/игг исто така не укажале на моментална инфекција.
Јас минатата недела бев со симптоми. Не се тестирав, брзо ми помина се за 3-4 дена. Сега мм има слични симптоми, плус колега од работа позитивен. Направи синоќа брз тест, од аптека и беше бледо позитивен. Утрово уште еден, исто позитивен со малку појака линија. Матичниот закажа ПЦР, отиде мм утрово му земаа примерок, вечер ќе имаме резултати. Со оглед на тоа што јас моментално немам симптоми, освен некој секрет густ што плукам и шмркам, дали и јас да правам некаков тест?
Можеш да провериш антитела, евентуално ПЦР (иако може и за тоа веќе да е касно кај оние што лесно поминуваат вирусот може да се исчисти и за 7 до 10 дена).
Јас сакав син ми да го тестирам за антитела, пред 3 недели беа први симптоми кај него, ама доктори викаат рано е, после 30 дена.. а јас искрено не знам дали за себе да се замарам моментално со целиов хаос дома.
Јас и маж ми двајцата имавме тест со бледа втора, а на пцр сме негативни... Он кашла многу, јас немам симптоми. Спојлер: Тестови Во живо и повеќе се познаваше..
За влез во др земја, конкретно тука на балканов без вакцина сме фамилијарно. Фали треба да правиме пср тестови за влез и излез од државата бидејќи ќе сме 2 дена 3- от се враќаме?
Здраво ќе може некој да ми каже колку изнесува цената периодов за испитување на антитела и дали е океј после месец дена од прв симптом да се прави испитувањето? Ви благодарам однапред
Мене ми кажаа утрово 1500 денари. За тоа кога треба да се прави поделени мислења слушнав. Еден доктор ми вели после 2 недели од прв симптом, другиот доктор вика рано е, барем месец дена да помине. Во книгите нивни пишувало дека антитела се ствараат после 15ти ден, ама праксата покажувала дека секое тело е различно и варираат тие работи, па најдобро било да се почека 1 месец од првите симптоми.
И јас мислев дека маж ми ќе биде, а испаднаа кај нас двата негативни, а од аптека тие и кај двајцата со бледа црта. Со лесно!