Јас денес дигнав температура 39.. Изгледа избрзавме со пцр, можно е да сме сепак позитивни и да биле точни тие од аптека. Ми закажаа вторник тест државно... Инаку не би требало да се исти, се чека неколку часа и за брз и 800 ден е..
И сепак нашите тестови од средата од аптека испаднаа точни, а пцр изгледа брзо направен беше... Двата се на децата мои кои вчера дигнаа температура, едниот е мој. Изгубив и мирис и цел викенд имав температура, сега за сега немам па ќе видиме во текот на денот. Попозитивни неможе да бидат од ова, одма се појави цртката во устата секунда како помина течноста...
Со помин нека е.. И јас го правев германскиов тест.. Најточни се.. само нека е со лесно, ви посакувам брзо оздравување. Еве ти слика и од мојот тест..во саботата правен.
Во аптеки. Не во Зегин. Таму имат од оние REALY кои знаат да излезат лажни резултати. Побарај во Betty аптеки мислам треба да има. Via farm гледам имаат. Еве и слика Nasocheck Comfort се вика. околу 350 денари
Од Зегин е нашиов голем тест и тој е само со брис од нос. А другите се од Бети, со брис и од грло и од нос се прават.
Фала ти многу .Знам дека во зегин има други не ми се баш сигурно тие затоа прашав.Нека ви поминива брзо и лесно
Значи вака, пред 2 недели бев настината (ви пишував овде) тогаш ми пројде за два дена.И тоа имав само нос течење и 37 температура и ништо друго. Сеа пак ме фати.. пак носот затнат, кашлам страшно со шлајм (мада делумно сумљам дека е и од цигарите дека забегав периодов) и како да ми гори грлото се осеќам.Пред саат се напив риностоп.. да земам да се тестирам а? Ама се мислам дали со брз или ПЦР?Пцр ми е 1000% поверодостоен. Ај советувајте ме, шо да праам.Денес и утре не мрдам од дома за секој случај. Ќе правам после инхалации, за грлово што да земам?
Не паничи прво Не мора да значи дека е ковид, може да е нешто друго. Ако решиш да правиш за ковид, прави. Тестот од аптека е доста точен, особено во првите три дена од појавата на симптомите. Ама ако е негативен, што искрено се надевам, направи бар микробиолошки брис. Особено штом те повторува во кратко време, може нешто недолечено е. Од домашни лекарства за болка во грло и кашлица можеш прополис, мед и лимон, ангал спреј, чај од препечен шеќер, пастили од жалфија. И намали цигари, секако.
Ништо чудно да сум го вратила, дека прво мене ме фати, после еден ден мајка ми, нејзе 7ми ден ја држи веќе, правеше брз тест негативен искочи, и сега може пак кај мене да се вратило.. Ќе бегаме една од друга пошто кругот нема да престане. А ако не и јас утре или задутре ќе си брцнам стапче хахахаха. Да знам ако не е корона, со што да се оправам Се` можам да трпам ама болка во грло не, само ради цигарите, не можам цигара да испушам
Што да ти кажам за цигарите..секој со своите пороци Некогаш после една настинка лесно друга се накалемува. Може да сте од истото, може да не сте. Напрај си брисеви пред да почнеш антибиотици, најсигурно.