Каде прават најевтини рапид тестови во Скопје? За патување во Грција треба (да известам и тука , од недела за влез во Грција и вакцинирани и невакцинирани ќе треба да приложат пцр или рапид тест )
Добро за овие брзите тестови од плодност дали им се јавуваат за решение за изолација ова за свекорми и свекрвами?Тие посекако се изолирани немозат да станат ама баш ме интересира. Мажотми правеше ПЦР исто во плодност него одма му се јавија за изолација.
Докторите кажуваат дека брзите тестови не го детектираат омикрон, ако е така треба да се повлечат од аптеките. Ама зашто кај нас се е наопаку, народот сеуште ќе фрла пари за џабе.
Каде се повлечени брзите тестови од аптека во светот, па кај нас да биде се наопаку? Брзите тестови во САД веќе ги сметаат како порелевантни за изолација, бидејќи ПЦР-от може да покажува позитивен и недели после инфекцијата. За да брзиот тест детектира Ковид, поточно антиген на вирусот, во организмот многу веројатно е дека има голема количина на вирус, оттука и личноста тогаш е "опасна" за околината. Ако е негативен брзиот, а особата инфицирана, може да значи дека и не го пренесува баш вирусот во дадениот момент (може да се одреди ако на рез. од ПЦР пишува Ct вредност). Исто овие брзи тестови може да дадат и крос позитивен резултат, односно некои од нив "по грешка", може да детектираат и други вируси (ретко), па затоа и по позитивен резултат на таков тест, се прави ПЦР. Затоа и треба да се користат тестови одобрени од СЗО како Abbott, BinaxNow, LepuMedical (одлично покажан кај нас во однос на релевантност, но повлечен од СЗО, веројатно дека е од Кина ), а тој од Зегин (Realy) не сум го сретнал на ниту една листа на одобрени тестови.
Шефицава на инфективна во најголемата болница во Израел исто вели за брзите тестови. Antigen is an excellent testing apparatus, but I guess that is not the case when it comes to Omicron, at least during the onset of the disease. It would recommend that people first take a PCR test, then an antigen test." https://www.ynetnews.com/health_sci...UxCSuO36MM2jJwsBs-5jhy2ceXxukF8VZum_H0SlsZo1w
Не сум читала за како е во странство, ама кај нас ништо не функционира и не се прави како што треба,туку реда ради. За да се покрие “газ”, колку да се каже нешто. Јас коментирав за омикрон и брзите тестови што прочитав од докторка на интернет. Иначе многу малку луѓе (од моето опкружување) знаат како правилно се користи брз тест. Дека не треба да се ставаат капки за нос пред тестот(по можност воопшто), дека брзиот тест не треба да го прават ако немаат симптоми(за разлика од пцр), дека се прави во први 5 дена од симптоми… и дека ако си негативен а имаш симптоми дека треба да се изолираш сепак зашто можно е да не е точен резултатот. Имајќи ги во предвид сите овие ситуации кои може да влијаат на точноста јас сум со резерва за резултатот од тестот. Во повеќе случаи сум била сведок каде што брзиот тест од аптека дали лажна сигурност за жал. Ајде сега пуцај ако грешам некаде
Сè е точно, освен : Може да се прави и брзиот без симптоми, најдобро на 5-ти ден од контакт, или ако има можност на 3.,5., и 7. ден од контакт. Секако, мора правилно да се земе, до длабочина во носот со која ќе осетите потреба за кивање и солзење на очи, и ротација пет пати во таа положба нормално, според упатството. Гледам во Америка сега со истото стапче прво земаат брис од грло, потоа од нос, и добиваат поточни резултати. Има примери каде во исто време дома прават еден брз тест само со примероци од нос и уште еден со нос + грло, вториов излегува позитивен, првиот негативен, а временска разлика само неколку минути
Nasocheck брзиот тест е веродостоен? Ми излезе невалиден, со бледо сина линија. Сега да повторам? Оти невалиден? Хм
Nasocheck e Lepu Medical. Веродостојни се, ама мора да го повториш. Ако нема поминато 1ч. откако го смести стапчето во "кутијата", ротирај го повторно два пати лево, два пати десно според упатството, може ќе покаже. Ако не, нов тест.
По 15тина минути го притиснав посилно кога веќе гледав дека нема врска и го оставив. Штом го притиснав, одма целото прозорче се исполни со црвена течност и реков тоа е, не е во ред. Кога гледам сега, се стабилизирал, излегла контролна црвена, и втора бледа линија, ама видлива. Аиии ај вака и за бременост да добијам, ама двете жар црвени И сега, да повторам? Имам уште еден.
Тоа е тоа, треба да се исполни со таква течност и дава резултат. Веројатно си позитивна, со помин. Јас би го направил и вториот тест, за секој случај