Фала ти, амин Боже. Засега имам благи симптоми, класични ко вироза, ко грип. Гребење грло, грозница, ме дроби телото, малку температура кренав и мака ми е, омалаксаност. Не сум вакцинирана, вторпат ме фаќа.
Јас се имам 2 пати тестирано, мајка ми 3 пати и еднаш дете, со таков од аптека и се гледа резултат после 15 минути. Негативен си е негативен. После тој период ако се смени резултат значи е невалиден.
До кој ден од симптомите што се присутни, што се чувствуваат, pcr тестот би покажал точен резултат? Пример ако денес ми е трет ден, до кој ден можам да се тестирам а да е точен тестот?
Здраво, денес правевме пцр тест мегутоа маилот кој го оставил маж ми за контакт не може да се логира, каде да свртиме за да направиме промена на маилот дали имате информација?
Го детектираат бар имам позитивен другар, 10 души сите се заразија највеќе личи на омикрон. Сите со брзите тестови се позитивни. А втора работа, уште не е доминантен што да повлекуваат тестови кога народ уште се заразува со делтата
Здраво, во последен контакт со заразен во вторникот по колку денови може да се направи брз тест ? А резултатите да ги покаже точни
Претежно се со затнат нос, изгубен мирис и благо црвено грло. Веќе 4-5 дена се позитивни и им поминува. Тој што ги заразил ( бил болен на 31.12 ) качил темп и така се тестирал, па се тестирале и другиве инаку не би ни претпоставиле дека е корона. Меѓу нив доста има и 2 пат што се заразуваат, веројатно и затоа полесно проаѓаат
4-5 дена мислиш им траат симптомите, ги осеќаат, па им поминале, така? Мене ми е 4ти ден. Симптоми имав треска, а температура до 37, 5. Треска имав и кога температурата ми беше под 37. Ме гребеше грло, ме виеше телото, омалаксаност ептен кивање, течење нос. Со домашен излегов позитив, со бледа линија. Сега на регуларен тест ќе видам што ќе биде денес. Денеска 4ти ден, сум супер. Гроги бев до вчера.
Да баш така за разлика од овој вид, блиски мои кога беа болни пред 2м значи апла беа болни 10 дена не ги попушташе. Омикронов трае 4 5 дена и толку. Бар од искуства од околина
На 02.01 први симптоми неделата вечер, а контактот бил 31.12 денска забава 12-13ч. Тестирани кој на 02.01 вечерта со домашен, кој на 03.01 сабајлето со пср или домашен. Тие се деновите...
Направив брз тест преку крв, во лабораторија, Cellex test, испадна негативен, дури ни антитела не сум имала, немам воопшто прележано ми рече. Се надевам тестов е веродостоен како и PCR. А јас имав симптоми на корона уште декември во '20та, без мирис и вкус, ама ми рече можеби да имам клеточен имунитет. А инаку, кој е точен сега појма немам, домашниот брз или тој во лабораторија. На 4ти ден од симптоми би требало да се покаже.
Акутна инфекција преку крв не можеш да провериш, односно можеш ама најрано 7 дена после прв симптом, и тоа треба да провериш IgM антитела, не IgG какви што имаш во случајов проверено.
Со недели после првиот симптом. На блиски мои, кога требаше да се тестираат за излез од изолација, летото 2020, 55-60 дена после првиот симптом добиваа позитивни тестови на секои 7 дена и конечно на 60. ден излегоа од изолација, а асимптоматски. Ова е ретко секако, почесто беше 30-40 дена да добиваат позитивни резултати. Тоа е мртов вирус, во мали количини и како за несреќа ќе покаже на тестот, иако особата не е заразна за околината.
Стварно? Таа сестрата мислам дека рече дека немам ниту IgM. Јас бев убедена дека преку крв нема утка. Сега да проверам преку брис, за да имам точен резултат? Сакаш да кажеш сега да се сомневам? Значи ПЦР е најточен. Утре ми е 5ти ден, што ако е неточен резултатот или ми е помината заразата? Или не земат доволно секрет... Скроз сум А 1000ка си дадов
Мислам дека домашниот е по точен. Јас цела се затнав ни мирис ни вкус имам се тестирав и неам корона најверојатно грип е. Мм контакт со заразен на 30-31 и после 5 дена појави симптоми омалаксаност и силна главоболка се тестираше и позитивен е. Чести симптоми се главоболка, омалаксаност, болки во желудник бар овие симптоми ги имаа неколку мои блиски и без температура сите беа.
За IgM е рано секако, и за IgG, а ако си имала претходно лани, веројатно веќе и немаш како што покажал резултатот, но секако клеточниот имунитет е тука. ПЦР е најточен, да, и периодот за правење на тестот ти е ок. Меѓутоа многу ретко се случува брзите тестови да дадат лажно позитивен резултат, па така не ни мора да правиш ПЦР ако немаш посериозни симптоми