ние во понеделникот добивме позитивен тест а таа е со симптоми од петокот, до сега не сме појавиле симптоми, незнам која е веројатноста допрва да развиеме
Сакам да прашам за влез во Бугарија и Германија дали е потребно тест или може со сертификат за вакцина Во вторник ке одам за Бугарија па да знам А Германија авионски ке одиме и плус со две деца ке сум 5 и 7 год Некој/а ако знае би било супер
Ќе шеташ ма https://www.mfa.gov.rs/gradjani/ulazak-u-srbiju/covid-19-uslovi-za-ulazak повели до 12 год
Ако сакам да се тестирам за ковид дали прво треба да отидам кај матичната и да ме прегледа па да одреди дали сум за тестирање и со упат да се тестирам или пак можам слободно да отидам до најблискиот пункт и да се тестирам??? Никогаш не сум се тестирала од кога почна коронава, затоа прашувам што како.?
Матичните закажуваат термин ако имаш симптоми. И ако има термини за тестирање. Приватно може кога сакаш и каде сакаш да се тестираш.
Сопругот е позитивен од тест направен дома претходно имаше температура јас после три направени два со брис од нос и еден со плунка сум негативна а носот ми се растече уште кога сопругот појави симптоми.. домашните неколку дена претходно беа болни мислејки дека е настинка. Имам бебе два месеци и сум изолирана со него. Незнам што да мислам носот ми течи чешма осеќам дека слегва и на плуќата и подкашлувам а тестовите се негативни, сопругот во среда ќе прави пцр
Вакцинирана си? Може да не си позитивна на тест, а да се осеќаш така. Не значи дека си инфицирана, туку дека само телото се брани од вирусот. Мене бар вака ми објаснија докторите, зошто еве два пати вакво искуство имам со вирусот. Маж ми пред една год. и сега беше позитивен и болен, а јас негативна на тестови (домашни и пцр) а осеќав лесни симптоми. Првиот пат само главоболка ама ужасна и замор (тогаш не ни бев вакцинирана). Вториов пат замор и болки во нозете, гребење на едниот крајник и носот ми се затна прво па ми се растече. Овие симптоми што ги набројав ми се јавуваа баш по овој редослед и траеа секој по еден ден отприлика 5-7 дена вкупно. Прво мислеа дека ќе ме фаќа и мене, па ајде дома останав некој ден, ама не се влоши и не станав позитивна. Ете исклучив и лажно негативен резултат зашто направив неколку теста, сите во различен период (почнувајќи уште пред да осетам нешто кај себе, и откако осетив тегоби на размак од 2 дена) и сите ми беа негативни. Омикронов дава лесна слика, некои не се ни свесни дека се позитивни, зошто симпомите не ги препознаваат како симптоми на ковид: замор, болни нозе, шмркање, кивање..а може и ништо не се жалат.
Не сум вакцинирана зошто до пред два месеци бев трудна а и сега дојам па несакам да се вакцинирам, туку дали знаеш дали можам да го пренесам вирусот ако како што велиш организмот да ми се бори со него а да не сум позитивна. Иначе имам јак имунитет и пред две години сопругот и неговите фатија и тогаш јас ништо се тестирав негативна а немав ни симптоми
И јас истото го прашував. Да читаш на интернет ќе најдеш дека во вакви ситуации кога нешто осеќаш ама не си потврдена со тест, дека треба да се однесуваш како да си со симптоми и ако имаш можност да се изолираш. Јас се повлеков 3-4 дена дома, не одев на работа, ама на своја рака, за секој случај. Инаку, од центарот за јавно здравје ми рекоа штом си со трета доза вакцинирана, не седиш дома, освен ако нели нешто не се развие понатака - да кренам температура, да сум полошо, да добијам позитивен резултат и сл. Само маска, дистанца и вообичаените мерки на претпазливост. Луѓето со кои сум била во контакт се сите ок, ама со никого не сум била во затворен простор без да носам маска, а имаше некои што не носеа маска. Претпоставувам дека не сум била.
Здраво Прашав и во темата за искуства со корона вирусот, ај и тука. Дали некој после 7 до 10 дена од позитивен тест повторно се тестирал да провери дали е уште позитивен или едноставно по истекување на мерката за изолација си продолжувате нормално да функционирате? Мене ми е многу страв ако сум уште позитивна да не заразам некој друг