Мислам дека после 7 дена не заразуваш. А после 10 дена дури и оние со најтешки симптоми не заразуваат. Така мене ми кажуваа докторите. И јас си имав исти дилеми. Инску брзите тестови ми беа позитивни и на 14 ден, ама наводно не бев заразна. Кој знае..
Здраво, За влез во земја на ЕУ ми бараат рапид тест во еу дикотален ковид формат. има ли порталот вакцинација.мк опција да внесеш резултати од пцр или рапид тест?
Дали некој знае дали пцр тест прават на сите локации во Синлаб, или само во некоја од лбораториите? Пр. Авицена прават само во Тафталиџе, не во Аеродром.
Не ширете дезинформации. Дали пренесуваш или не зависи од ct - вредноста на pcr тестот. И тоа е единствена релевентна скала. Јас напротив шести, седми, осми ден бев високоинфективна, и тогаш баш водев сметка.
Фала што ме просветли. Не гледам дека во она што сум напишала горе нешто тврдам со сигурност (читај повторно) дури и сум напишала КОЈ ЗНАЕ Кажав како мене ми кажувале докторите. И тоа е вистина. А ти ако имаш некоја вишок енергија троши си ја на друго место не тука на форум и не на мене
Те молам тогаш ти мене просветлиме како јас бев високоинфективна И ГО ШИРЕВ ВИРУСОТ на седми, осми ден ако не се шири после седми???????
Sega go pravev poradi bolno grlo, ajde rekov da proveram za sekoj slucaj, ama kako siva senka se gleda samo vo pozadina eptem malku.
Утре или задутре повтори го и ќе си знаеш најсигурно. Јас правев на 1 ден симптоми ми покажа жар црвена. Маж ми беше многу јак дека него не го фаќало ништо и не правеше. После 9-10 дена кога правев да видам дали имам уште мојот беше негативен и маж ми се охрабри да прави му испадна бледа ептен линија. Претпоставувам му беше на поминување
Јас ваков правев на втор ден симптоми и немаше ни бледа скроз негативен ништо, а следниот ден ист направив за секунда жар се појави линија. Направи утре, има некоја бледа да..
јас овој го правев и излезе негативен, наредниот ден во ЦЈЗ ми направија пцр и излезе позитивен. Мислам дека домашните имаат висока стапка на лажно негативни резултати, може затоа и излегуваат работите надвор од контрола
Блиски мои со симптоми, вклучително и јас. Со грло почна, кој качил температура, кој кашлица.. Важно сите по нешто. Двајца се тестираа со брз тест, негативни. А еве сите не подредува. Можно е да се лажни негативни? Не знам нов сој ли е, го детектираат ли брзите затоа прашувам. Или има некој друг вирус што кружи..