Бидете среќни кога издаваат книги! Ги знам муабетите за проф.Ш и за книгите и се, ама мислам дека се прилично филувани. За книгите е просто. Или ќе купиш или позајмиш, со копија и јас би избркала секој што би ми се појавил на испит.
@Bozica1980 Бошке, а нели е најважно да научил студентот? Што има врска оригинал или копија? Ако сака и од камен плоча нека учел, јас да бидам професор, најважно ќе ми биде да учел. Јас попрво ќе го избркам оној што дошол неспремен да бара оценка.
Морав да реплицирам само ради ова. Како студент кој учи право од копија, знам дека е криминал не само во странство туку и тука. Ама исто така знам дека моите немаат толку пари за јас секој семестар да купувам оргинал книги. Сите книги во прв семестар ми беа оргинал тоа беа +6000 трошок за моите (не можам да учам на старо, затоа што како што кажа членката погоре сакам јас да си подвлекувам, и да си го извчечам битното според мене). Зошто да купувам оргинал и да дадам +6000, кога можам да купам се ископирано за 1000ка?! И од копија може да се научи за 10ка И да не одам многу офтопик. Не можам да зборам за професорите на економски затоа што не ги знам, на правен сум веќе 2години и до сега немам слушнато некој да бара мито или да му се знае тарифата (можно е да има, не викам не ама ја немам слушнато). Како и да е доколку земал мито треба да одговара, а и студентите кои му ги дале парите треба да им се поништи испитот.
Дали знаете што значи 2000 денари книга за сиромашен студент? Едно е Законот за копирање и ценење туѓ труд, друго е можноста да се купи книгата, и пред се се губи основното значење на се- дали научил, колку и дали е заслужена оценката.
Муабетов отиде во друга насока. Се почна од тврдењето дека ве тераат книга да купите. Еве не ве терале, ама се подразбирало затоа што за на испит ви треба. Ок. На испит може да одите со позајмена, од читална. И тоа не ви чини. Не разбирам?! Кој нема книга да си купи, ќе учи од оние од читална. Ќе си земеш книга и ќе учиш од тие. Е сега нема да шкрташ, ама па и тоа не е многу битно затоа што сакаш да научиш. Ни јас книги не купував - се служев со оние од читална, од другари постари од мене, од роднини, на старо се продаваа книги од претходна генерација па и така си земав. Ако сакаш да најдеш поефтино, ќе најдеш. Се друго е изговор.
Se pocna od muabetot kako profesorite vrsat kriminal. Toa e I temava, vo toj pravec se i moite mislenja deka izdavanje nova kniga na dve godini e kriminal, cist. Dali so zor se pravat odredenI clenki deka ne razbiraat ili stvarno ne znam. A mislenjata mi se lesno razbirlivI jas mislam. Ne e ni bitno. Koj razbira razbira, koj ne uporno ke si zbori za pozajmuvanje knigi, za toa deka koj saka ke si uci I slicno, sto ne ni ima vrska so temava nitu so moite mislenja. Za muabeti okolu ucenje ima tema za Ekonomski tuka zboruvame za kriminalot na profesorite.
Па за криминал зборуваме. Ти тврдиш дека мораш книга да купиш. Јас тврдам дека не мораш, затоа што го одев тој пат и не ми барал никој книга да купувам со сила. Толку е едноставно. Он ако сака секој месец нека вади книга!
Кога се запишуваш на фалултет треба да си спремен за трошоците, се тоа кошта, книги, семестри, ако немаш средства не се запишувај и крај, тоа што купуваш копии не е криминал? Па после излегуваат муабети професорот барал мито, барал, секс и што ли уште не... Конкретно за тоа што издава често книги не е никаков криминал
Издавање на книга не е криминал, ама треба да биде ако ја издаваш ИСТАТА КНИГА на секои две години ( значи не е ни нов тираж ! ), во која различни се само примерите што ќе се паднат на испит за да не можат студентите да користат стари. А да не збориме дека книгата не ја ни напишал он, туку си симињал од интернет, па си склапал, затоа што целта му се пари, а не да издаде некое дело кое ќе е ценето во академските кругови. Ако до толку му било гајле за студентите, немало да става цена од 2000 денари , ко божем во тврд повез од свинска кожа да е, и да ги условува истите да ја купуваат, туку ќе им ја дадел без пари или пак во облик на скрипта лично он сам. @kukla21 Не знаела другарка ми дека баш на неа ќе и се пушта ( да не речам ќе ја уценува, или пак да не кажам еден збор на ,, с ,, ), ама подобро да спречиш, отколку да лечиш. Така била советувана од колеги на факултет. И потенцирав дека е преубава, за да не ми поставувате вакви прашања, ама нели штом не ти се случило на тебе, значи дека не постои такво нешто. И што толку сте запнале со ,, ако сакаш ќе научиш, ќе зајмиш или во читална ќе одиш,, ? Никој тука не кажа дека по сите предмети е така ! Конкретно се збори за еден или двајца професори. Дај и овие што паѓаат затоа што немаат книга ( што не учат според вас ), да земат да ви зборат на вас што сте завршиле без купени книги, али со учење дека сте завршиле со врски, само заради тоа што они не успеале така ? Глупо , нели?! Немам што повеќе да реплицирам на темава, секој со своите мислења.
Каков е овој безобразлук и лицемерие? Зарем деца од сиромашни средини не треба да студираат и учат, туку да умрат така? Затоа има стипендии за квалитетни ученици од социјално ранливи категории.
Прилично филувани за човек кој вози автомобил од 100.000 евра и кој има цела империја створено од мито? Во кој свет живеете вие? Заврти се околу себе и види колку луѓе цел живот се под кредити и не можат трособен стан да отплатат, а професориве не знаат каде парите да ги трошат. Од универзитетска плата не се акумулира такво богатство и таков раскошен живот.
Ново издание е легитимно. Незнам што е спорно тука?! А бе професорите само од мито прават пари?! Па скоро сите се во некои одбори и лапаат паушали од таму. бмв-то го купил од книгите и од митото?! Во некој весник па пишуваше дека имал iphone 6?! Гледам се спомнаа стипендиите. Сите што земаат не ја користат за купување книги, туку за свои лични потреби (шетање, искачање, дотерување).. Некој кажа дека му требале 6000 денари за книги. Ако има стипендија може сите да ги купи и кусур да му остане. Сите жртви излегоа, а никој не кажа дали отишол спремен на испит.
Сериозно, епа ај ако не ние што сме со помал буџет дома, овци да чуваме затоа што не можеме да си дозвилиме оргинал книги?! Боже ме опрости!!! Нека стави нормална цена до 500денари ќе ја купам, а 1000- 2000 денари за книга е премногу.
Ај отвори амазон и види колку кошта стручна литература?! Кога ве читам вака се чудам колку немате осет колку чинат книги. Изгледа слабо со читањево и образованиево стоите.
Ете ние сме прости и необразовани, но ќе можеш ли да ми кажеш колку чинат тие стручни книги на Амазон? Дали некогаш си се запрашала дека голем дел од производите се продаваат спрема цени адаптирани за богатите тржишта? Amazon или Ebay не се AliExpress.
Википедија од кога се смета за стручна литература?! Пошо една од оргинал книгите што требаше да ја платам 1000ка е copy-paste од Википедија. А за тоа колку сум јас спремна и какво ми е образованието си имам професори за тоа, а они 10ки не ставаат на убавина.
1000 денари за книга која е вистинска стручна литература не е премногу, и јас сум купувала како студент. Проблемите лежат далеку подлабоко во нашето општество, но не и дека со таа илјадарка некој го преценил својот интелектуален труд.
Многупати сум рекол дека не сум егалитарист и дека секој човек треба да биде награден за својот труд и знаење спрема тоа колкаво јавно добро произведува. Различни професии си имаат своја различна тежина, но сите тие произведуваат едно општество. Не можеме сите да бидеме еднакво богати и успешни. Крај на приказната, но квалитетно општество треба да се стреми кон тоа на вреден и чесен човек без разлика што работи да му обезбеди квалитетен живот на него и неговото семејство. Секаде во светот има корупција, мито, педофилија, секс скандали, но различен е начинот со кој се справува тоа општество со тие нус појави и до колкав степен тоа пуштило корени. Во Македонија универзитетски професори земаат по 2.000 евра плата миниум. Какво јавно добро произведуваат за општеството за да земаат толкави плати? Можеби грешам, но дајте ми светски научни списанија и покажете научни трудови од сите овие професори?
Цена на една од книгите од мојата катедра, авторката е академик. Не ја бараше книгата на испит, бараше само знаење.