Блазе си ви што сте имале книги од каде да учите Јас се од скрипти и копии,многу од нив на српско-хрватски книги учев.Завршив на сосема друг факултет. Тогаш имаше издадено само 2 книги од наши професори на факултет,а мислам дека толку и останаа.Си ги купив затоа што сакав да имам стручна литература.Од книжара ги купив по лично моја желба,на факултет не се продаваа. Имаше и уште една нова книга од професорка на сроден факултет на мојот каде го полагав испитот.Таа не ја купив,ја позајмив. На испит никој ништо не ни побарал освен знаење.Пари не сум дала никогаш.Дури и паднав на еден испит кај професор чија што книга ја имав.Тарифи за испити,не сум слушнала. Ова е моето лично искуство,што не ја негира корупцијата,која за жал ја има во секоја сфера и образованието не е исклучок.
@kukla21 Тоа се однесуваше на тебе, пошто генерализираш и од старт констатираше дека сите студенти ја трошеле стипендијата за шетање и дотерување, за потоа да кажеш дека сепак и ти самата си ја трошела за факултетот и ти стигала за основните потреби (кои секако, не вклучувале купување нови книги). Summerlover го спомнав затоа што кажа дека стипендијата ја пуштаат наеднаш, а не месечно како кај тебе. Не се сите стипендии исти (барем кај нас не беа), некои ги даваа по заслуга а некои поради слабата финансиска состојба на студентот. Е овие вториве не верувам дека спаѓаат во тие што ги трошат парите за одмори, шетања, кафичи... и секако немаат одвишок пари за скапи книги.
Ај не ми го врти муабетот. Сакаш да кажеш дека 12.000 мкд по семестар не ти биле доволни за книги?! Какви основни потррби освен книги имаш на факултет?!
@kukla21 За коктели на Бахамите, God dammit Како можеш да речеш кои други потреби? Со сила се правите на Тошо или на жена му на Тошо?
Не се правам. Си спомнувам мене што ми требало. Книги, автобус, некој маркер, маркици за пријава, пријава, некоја потврда ако ми требала и тоа е тоа.
@kukla21 Епа јас зборувам за вистински студентски живот: Студентски дом, кирија, храна, тоалет, знаеш, некои сосема небитни ствари, не толку големи како маркер. Поентата ми е да укажам дека една стипендија нема иста вредност за сиромашен студент, од средна класа и богат.
@kukla21 За тоа не можам да зборувам конкретно во овој случај, каде повеќето се изјаснија како стојат работите со потписите во книжара и доаѓањето без оригинал на предавање/испит. Но,поената не ми беше (само) книгата, овде муабет беше како демек дури и повеќе од што треба им е стипендијата на студентите, кога во реалноста, по далеку, не може да биде.
Ако еден студент покрива се со стипендија (кирија, школарина...) тоа е друга приказна. Најчесто родителите покриваат ова, а овие пари се доволни за школскиот дел. Сигурна сум дека повеќето НЕ ја користат за школство, а овие најмногу се бунат. Тој што нема пари, а е желен да учи, сигурно ќе се снајде за книга. И незнам дали на економски студираш или теоретизираш тука, ама муабетите дека мора оригинал книга ги шират студенти.
@kukla21 Погоре кажав дека за тоа јас немам што да кажам, што значи дека немам доприна точка со факултетот. Но, пак од друга страна, ги читам мислењата и искуствата на оние кои се засегнати, а тоа се студентите. Не верувам дека еден измислил, и другите ко слепи за стапи се нафатиле истото да го кажуваат. Секој имал различно искуство (но, во групата не ги опфаќам и коментирам тие со врски и што се бунат за оцена, а не научиле па шират дезинформации.) Плус, сите студенти на сопствените факултети многу добро си ги знаат работите од типот на јавна тајна. Ете, како што мн. добро знаат за Шуклев, а да кажат што и како е за Фити. Корупцијата и ваквите професори се нешто како силувањето: Ако тебе не ти се случило, не значи дека не постои.
Очигледно некои членови не ми ја сфатија поентата, но ги разбирам. Некои работи едноставно треба да ти се случат во животот па да можеш да судиш, а за жал не поминуваме сите исто. Немам повеќе коментар во врска со темата стипендии и се извинувам за мислењата кои беа оф топик.
@kukla21 Еве јас сум и уште неколку феминки колку што можам да приметам што студираме на економски. Ако феминката збори од страна, ние збориме од искуство и знаеме исто како тебе. Како можеш да тврдиш дека некој се летнал да даде 2100 за книга само затоа што слушнал такви муабети...Си запнала со тоа позајмување, аман најди го тој што позајмува книга менаџмент, сите гледаат да ја продадат што е и многу нормално. Во библиотека има колку за 10 студента, камо среќа да можевме да не ја купуваме, сите би ја земале од страна за џабе. Ако тебе ти се посреќило да имаш брат од кој ке ја земеш, на другите не и јас имав другарка од која можев да ја земам, ама замисли таа година излезе ново издание и до каков заклучок доаѓаме сега? Муабетите ти се нон сенс, почнувам да се сомневам дека воопшто си била студент на Економски.
Сосема си во право. Ни јас не знам кој би ти позајмил книга на полагање, кога сите ја користат за да си повторат во останатото време. Во читална во обичен ден не можеш да дојдеш до книга, сите се земени, а и не знам дали воопшто можат да се изнесат од таму.
Абе, а кај се патните трошоци? Мислите ли дека сите студенти живеат под кирија? Епа стипендијата служи и за патни трошоци. Ве молам, доста беше генерализирање.