Професориве земаат пари. Тоа ти е јавна тајна. Зошто никој не се жалел? Затоа што им одговарало на тие што плаќале.
Хипотетички зборено, кога некој професор би ми побарал мито и да не прифатам, мене би ми било страв да го пријавам. Мислам дека правдинава во земјава уште не е како што треба и дека ништо не им се може, а ќе има последици по мене од страна на професорот ако се дознае.
Мене до сега никој пари не ми побарал, ама им бараа на тие што ги мрзеше да фатат книга. Вин-вин ситуација им беше. Ќути си. Сето академски граѓани без да знаат основни правила на правопис. Затоа реков вин-вин ситуација. Им се исплати на двете страни, третата страна (ние, како општество) сме оштетената. Неписмени дипломци, магистри и доктори на науки кои утре треба нели, да не лекуваат, да ни ги воспитуваа/образуваат децата.. На педагошки од 200, дали 2 фатиле книга, на пример, а треба да им ги довериме најкревките граѓани за воспитување и образување. Познавам учителка што нема основно познавање на граматика и правопис, а учи деца да пишуваат. Сите сме си криви - што молчиме. Инаку јас воопшто не студирав на УКИМ така што не ги ни познавам професориве.
Ама им барале на тие што ги мрзеше да фатат книга? Да биле професори на место, се знае, ако не знае студентот, го паѓа испитот и наредна сесија нека си полага.
@kukla21 ...Ама сепак ги прифаќале парите. Или со посредникот се поштени? Јас само ја цитирав членката погоре, ете таа си кажа убаво.
Јас не ги бранам пеофесорите. За мене виновни се двете страни. Санкции треба и за едните и за другите. Ситуацијава сегашна е дека едниве ги апсат, а другиве ликуваат и глумат жртви.
@kukla21 Се согласувам дека вината лежи и во двете страни, но попрво во првата, бидејќи професорот е претпоставениот и на повисоко ниво. Како еден академски граѓанин и согласно со неговата професија, негово било правото да ги одбие парите. Но, наместо тоа избрал да има поубав возен парк. И не верувам дека тие што ги давале парите сега глумат жртви и се најгласни. Напротив, тие сега се кријат и никаде ги нема.
На фб од добар дел од нив имаше вакви коментари - "конечно", "време беше", "сега ќе видат". Факт е дека ако пари не дадоа, диплома нема да имаа.
Да одам малку офф, ама и најгласните против екстерното, ја споделуваат петицијата вака: ,,podrska zada nema eksternoo“, ,,tocno decata treba dasi uzivat vo raspusto ane dase macat stramota“, ,,gospot dagi kazni nemat druga rab". Составувачите на прашањата се екстремно неписмени и очиледно одбрани по партиска линија, но овие што се бунат, сигурно па не би ги прашала за мислење. И отворам кај една по една со ваква објава: дел се АКАДЕМСКИ граѓани (како ли дипломирале?!), но секој што успеал 8мо одделение да заврши, треба да знае, во најмала рака - да пишува! Држава на неписмени луѓе сме!
Сите што си се на повиска функција си купија дипломи и сега викаат редно беше нека ги апсат. Туку знаете ли колку ќе биде јака да се објават сите кои платиле и да им се одземат дипломите додека не го положат уште еднаш тој предмет. Ќе летаат глави Само што никогаш нема да биде ова бидејќи на тие на највисока функција ова не им одговара
Оваа "акција" беше направена чисто да се замачкаат очи за кога ќе дојде Германецов во Скопје да види дека нешто се прави, чисто да се одвлече вниманието. Инаку ова се знаеше со години дека се случува на економски, ама бидејќи веќе е општо прифатена работа во Македонија, дали во образование или било каде така се работи нажалост.... со еве ти 1000 евра , шири нозете или абе внукот на сестра ми е пушти го нека помине.... И така , ти ќе се мучиш 2 години да положиш предметот , некој ќе рашири нозете или ќе плати 1000 евра и ќе го положи одма, утре тој директор ќе стане и ќе ти сере на работа ....