Проѕирна кошула moda-i-stil/mana-fashion-t15222/ имаш на раскрсницата кај гимназијата ј.броз, на ул. првомајска и во ново лисиче.
Секогаш стојам до она дека нетреба да се покажат нозе или деколте за да биде некој секси (зборам во однос на облека). Овие кошули ми се елеганти пред се, и ги обожавам, имам бела, бордо и црна. Негледам грам вулгаррност во нив, па макар и со здолниште да се во комбинација. Важно е да се искомбинирани со добар градник, оној кој се смета дека е соодветен за ваквите кошули ( без прерамки е, и секако без чипки и украси). И според мене, треба овој модел кошула да лежи и одговара на телото, што значи не стои кај секоја девојка.
Мене вака преубаво ми изгледаат. Убави лесни материјалчиња, разноразни бои, интересни додатоци...Се наканив неколку пати да купам, ама...не. Не сум тоа јас Ќе ми биде срам дома да се појавам пред моите со кошула под која јасно се гледа прслук. Бар да се за на плажа Индивидуален избор е, не се нешто вулгарни, ама не се оспорува фактот дека всушност ти се гледа долниот веш. Исто би било и проѕирна сукња да носиш (може и ова ќе го измислат). Едноставно, не се за мене
мене ми се ептен топ кошулиците така прибрана а сепак секси, во комбинација со пантолони најдобро стои, ако си во горниот дел разголена, нозете покриени и обратно така нема да биди вулгарно
Јас си купив и маичка во иста боја со ликра,за одоздола.Инаку нема шанса да ја носам само на прслук.Вака изгледа солидно.Иако се убив од барање на боди во таква боја ,ама нема.
Jас пак, откако видов дека јас не сум јас во ваква кошула, си купив материјал во иста боја како кошулата и однесов мојата шнајдерка да ми сошие корсет/топ кој ќе го носам под кошулата. Толку убаво излезе, што дури можам корсетот да си го носам и во друга комбинација, на пример со сако одозгора. Ниту се приметува градникот - си купив таков без прерамки, ниту пак изгледа чудно бидејќи има корсет одоздоле под кошулата. Некако, мислам дека би било премногу да се појавам таква било каде, иако ете, гледајќи по други девојчиња и не ми изгледа лошо, ама на мене ... никако.
За мене маици, боди, топови, рамбовки скраја да е, одоздола под свилена, лелеава и проѕирна кошула ми е од сам старт промашај. Целта на проѕирната кошула е да биде проѕирна, ако не ми држи да ја носам како што треба, тогаш нема да ја фасадирам одоздола, ќе си облечам од нетранспарентен материјал, зашто така ја губи целата убавина. Ако е проѕирна, треба да се види долната облека, т.е. да е покриено, а сепак со покажување кожа, а не покажување раце и рамења зашто се` останато е под друг слој облека. Свесна сум дека кај нас не е уште прифатена поентата на проѕирните кошули, но не ми е грижа ни најмалку, со правилен избор на прслуче изгледа преубаво и тоа е единствениот начин прифатлив за мене. За бела кошула/панталони низ кои се гледа вешот, никогаш бела боја на веш туку како бојата на кожата - крем, драп, шампањ.
Мнооогу ги сакам и дефинитивно би носела за некое излегување. Зошто да не, не е срамота. Мајка ми на времето се носела вака, кога никоја не се осмелувала. Со што би ги комбинирале вие?
Сум пробала ваква кошула, но не ми се свигаше како ми стои и не си ја купив. Иначе имам 2 маици, на прерамки и со кратки ракави, ептен широки се, со шарен дезен, но се од ист ваков материјал и ми се гледа прслукот под нив. Немам ништо против тоа што се проѕира долниот веш, само лично на мене не ми се допаѓаше припиеноста на кошулата (или можеби тој конкретен модел што го пробав, здравје ќе пробам пак). А за феминките што ги носат, само напред
Сакам да си купам ама слабичка сум си така повеќе па незнам како би ми стоела, ми дојде идеа и да ја стеснам ама па 900 денари за експериментирање... што знам, што би препорачале и евентуално во шутка која им беше цената? Фала!
Во право си,ама ако станува збор за млада затегната девојка.Јас во години и само прслук одоздола не ми оди.Ќе речеш па не носи. Пусти мерак што да кажам.
:up: нагоре за кошулкиве. Ми се допаѓаат и мило ми е што се носат кај нас , но имам забележано дека најчесто се носат крем, бели, и црни. Се носат и во други бои, но највеќе во овие. Јас лично би одбрала некоја посмела боја како циклама, виолетова или пак некоја пастелна нијанса на сино.Да разбијам малку монотонија. Ама вкус е. Не ?
Не знам не сум од Битола, во мојов град има во секој втор бутик. Постирајте слики или комбинации со ваквите кошули, бидејќи јас неможам да најдам :/