Која е вашата животна цел ? Во животот сакам да станам некој и нешто и да имам на што да сум горда најпрво самата со себе, а потоа моето семејство да е гордо со мене. Сакам да имам еден просечен, мирен и среќен живот.
Која е вашата животна цел ? Да си купам и да си се издувам еднаш со БМВ и со јамахче р6, па и да умрам да не жалам..
Која е вашата животна цел ? Да успеам во животот и со тоа да ги направам горди сите оние кои вистински ме ценат и сакаат и кои се тука со мене кога ми е потребна било каква помош + да најдам некој животен сопатник (кога ќе дојде време за тоа ) кој ќе знае вистински да ме сака, почитува и цени
Која е вашата животна цел ? Па да завршам факултет,да се вработам и да направам дом за животни И многу други работи....
Која е вашата животна цел ? Да станам успешна жена и да се двоам од толпата, сите да покажуваат со прст каква кариера имам и на многу млади да им бидам пример. И да, да завршам повеќе од еден факултет
Која е вашата животна цел ? Најголемата животна желба-цел ми се исполни станав мајка,ми се роди ЌЕРКА(отсекогаш сум сакала првото дете да ми биде женско) сега најголема цел ми е да го завршам факултетот и да најдам работа А за понатака...да се оделиме од стариве и конечно да си имаме мир во душата
Која е вашата животна цел ? Да завршам факултет, како најголем приоритет. Потоа работа од која што ќе можам да заработувам убаво, за да можам секако да оформам и семејство. Кариера без семејство не оди..
Која е вашата животна цел ? Успешно да завршам со студии и да се вработам, потоа да создадам семејство со човекот кој го сакам и да бидам добар родител и пример за своите деца.
Која е вашата животна цел ? Да создадам семејство во кое ќе има љубов,среќа,разбирање без никакви финансиски проблеми благодарение на мојата работа и на работата на мојот маж. Да ги израснам моите деца добро воспитани, паметни и да им овозможам прекрасен живот.
Која е вашата животна цел ? Прво да си го завршам средново, па да си се запишам на факултет. Да си продолжам со цртањето и со пеењето, и да се посветам на италијанскиот и францускиот јазик. Да бидат секогаш до мене моите родители, да бидам сакана, да основам семејство. Да сум жива и здрава..Здравјето сепак е најбитно.
Која е вашата животна цел ? Исто и јас , како станувм постара сфакам дека најважно е да си срекен и дека ниедни пари и луксуз и не знам што не може да ти го дадат тоа чувство , може да помогнат ама не секогаш .
Која е вашата животна цел ? Да бидам пеачка и парите од концерти,албуми и сл да ги донирам во домови за деца
Која е вашата животна цел ? Да бидам некој и нешто. Да успеам и да ги исполнам целите кои ги имам зацртано.
Која е вашата животна цел ? Да се преселиме фамилијарно било каде во странство,не поради материјална цел туку пред се за иднината на моите деца...сакам да бидат ценети и почитувани поради она што се,а не поради партиска книшка или да молам по врски за да го добијат она што го заслужуваат...само што во оваа држава каде што има многу неправда,се сомневам дека ќе се смени нешто,за жал...се надевам дека ќе ми се исполни мојот сон,само поради нив,само со Господ напред...
Која е вашата животна цел ? Да се омажам и да водам еден среден живот ,исполнет со едно детенце и среќа и мир ТОЛКУ