Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која е вашата животна цел?

Дискусија во 'Психологија' започната од manja666, 31 октомври 2011.

  1. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Да успеам во се! ;)
     
    На Nate.Shadows му/ѝ се допаѓа ова.
  2. kathy-style

    kathy-style Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2012
    Пораки:
    301
    Допаѓања:
    191
    Која е вашата животна цел ?

    Да станам добар професионален фотограф, да оформам семејство со кое би се гордеела и да ги задржам саканите секогаш покрај себе
     
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.978
    Допаѓања:
    67.712
    Која е вашата животна цел ?

    Интересна тема. Баш над ова прашање мислам секој ден, во последниве неколку години, која е мојата цел? Сигурно би требало да имам некоја! Најпрвин мислев дека целта мора задолжително да биде ГОЛЕМА за да има смисла, но не е така. Секоја цел за една индивидуа е голема на свој начин, без разлика колку таа да изгледа мала од страна. Цел е место до кое што стигаш, а една од моите би била да ја подигнам свеста на луѓето за животната средина, за заштитата на правата на животните, за тоа колку е тоа важно за целата планета, за целиот екосистем. Секојдневна цел е да бидам сакана, среќна со човекот кој што ми значи се. Но, покрај ова, постојат уште многу, многу работи кои што ме исполнуваат и кои што се наоѓаат на мојата т.н. to do list! Фотографија, цртање, дизајн на облека, патување, постојано учење, одржување на врската со семејството, пишување и уште еден куп нешта кои ме интересираат. Уживајте во животот, навистина е прекрасен!
     
    На kathy-style му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    534
    Допаѓања:
    236
    Која е вашата животна цел ?

    Да сум среќна , здрва , успешна да сум опкружена со семејството и пријателите :)
     
  5. jovana03

    jovana03 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2013
    Пораки:
    1.775
    Допаѓања:
    6.710
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Да работам,да створам фамилија,да се преселам во странство,да сум среќна,здрава и опкружена со пријатели.
     
  6. TheUnbreakable

    TheUnbreakable Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    17
    Која е вашата животна цел ?

    Животна цел ми е да изградам одлична кариера, со која што ќе бидам горда и ќе обожавам да ја работам. Многу од вас ќе речат не е се во парите, работата и дека вистинското богаство се семејството и децата. Мене не ми е цел да заработам многу пари, туку да имам кариера. За семејство и деца не размислувам многу. Дваесет и први век сме, местото на жената не е повеќе само дома со децата. Можеби сеуште сум млада, но јас не сакам да се омажам и да имам деца. Не би поднела да се омажам за маж кој би бил темпераментен, љубоморен и напорен. Што се однесува до деца, не сакам да раѓам (и тоа не само заради болката) ниту потоа да ги управувам по нивниот животен пат. И да им изгледам на другите како злобна личност, воопшто не ми е гајле. |(
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chica-Linda

    Chica-Linda Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    20
    Која е вашата животна цел ?

    Да бидам „комплетна“ личност значи да ми оди на сите полиња во животот.Главна цел да завршам факултет,па работа,да изградам кариера,да бидам успешна жена,споруга,мајка :)
     
  8. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Секој има свој сон кој сака да го реализира.За жал,реалноста е нешто друго.Колку и да се трудиме,некои работи не зависат само од нас како индивидуи.Коцките на животниот мозаик постојано се движат и се разместуваат.Но,ретко тоа се случува како што сакаме ние,туку како што налагаат околностите.Животната цел ја делам на примарна и секундарна.Примарна цел за мене е кариерата,се трудам,се образувам,вложувам и сакам тоа да резултира со успех.А секундарно е основање семејство,иако сум повозрасна.Бракот никогаш не ми бил број еден на топ листата на животни приоритети.Не сум за,ама не сум ни против.Можеби е себично,но искрено од моја страна
     
  9. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    ... да имам една единствена вистинска љубов во мојот живот, да имам убаво семејство (со миленици, се разбира), да имам бесплатна ветеринарна станица, да имам приватно школо по англиски и тоа. :$
    Едит: И да, најважна животна цел ми е да бидам среќна! :D
     
  10. MorbGoth.666

    MorbGoth.666 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    150
    Која е вашата животна цел ?

    Да си одам од Македонија, ова полека официјално се реализира, да ми биде убав животот, да имам убава куќа, немора преголема, да имам многу миленичиња и среќен живот, да успеам барем малку да вратам некој делови од минатото....
     
  11. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Прво сакам да завршам со школо, да се запишам на факултет. Да дипломирам, секако.
    После тоа сакам да си ја најдам љубовта на мојот живот, па да си добијам едно прстенче. Да си најдам некоја добро платена работа, па потоа да се омажам и да си имам дете. Секако да си живееме во наша сопствена куќа, онака поголема и да си имам куче. Е после тоа сакам да си ги израснам децата, живи здрави и тие да се омажат/оженат и после тоа да си дочекам внуци па пра внуци и може да умрам. :)
     
    На Anne15 и Anabelle.Amorette им се допаѓа ова.
  12. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    400
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Да работам во опера и балет како балерина...
     
  13. Veki4kaa

    Veki4kaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    5.324
    Допаѓања:
    17.883
    Пол:
    Женски
    Да станам моден дизајнер.
     
    На Rose-tulip му/ѝ се допаѓа ова.
  14. sagittarius57

    sagittarius57 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2013
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    И јас сакаааам :angel: ај да почнеме од негде а ? :lol:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Twinkles

    Twinkles Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    647
    Допаѓања:
    980
    да станам доктор :) :inlove:
     
  16. Insatiable13

    Insatiable13 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    367
    Да завршам факултет, да најдам работа и љубовта на мојот живот секако :inlove: Можеби некој ќе помисли дека ми се малку старомодни размислувањата меѓутоа навистина ми е желба откако ќе се вработам да основам семејство. На некој начин сум и така патријахално воспитана а она мајчинскиот филинг го имам наследено од мајка ми. Многу сакам дечиња дури и да работам со нив, така да се си мислам дека си ја имам утнато професијата :?:

    Ах, да.... и се надевам дека „ некогаш„ ќе имам прилика да го посетам Рио де Женеиро. Животна желба ми е. :P
     
  17. 4rever.unique

    4rever.unique Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2014
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    224
    Мојата животна цел ми е за неκоја година да заминам во стρанство во мојата втоρа дρжава на κоја сум дρжавјанин, таму да го стугиρам фаκултетот, да си κупам свое станче и да си го уρедам по мој вκус, да си го живеам животот самостојно, пρистојно да си најдам добρа ρабота од κоја ќе заρботувам доволно паρи за да имам да ги задоволам своите потρеби и дуρи да ми остануваат, потоа да ја најдам љубовта на својот живот и се ρазбиρа сρеќно да се омажам со човеκот κој без тρунκа злоба κе ме саκа и ќе биде мој пρијател κој ќе биде со мене и во добρо и во зло и со него да си изнаρодам едно 3 дечиња :D
     
  18. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.608
    Пол:
    Женски
    Да ја напуштам државава пред се , и во странство да си создадам семејство и кариера :)
    Дај боже ...
     
    На Скопјетесакам му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.236
    Допаѓања:
    157.245
    Тажни се мислењава од темава.
    Сите исти.
    Да излезам од Македонија, да завршам факултет,да се вработам, материјално да се обезбедам.

    Луѓе за вас само тоа е среќа?
    Било каде би се вработиле?
    Ќе речете епа не, по струка ете. Абе по струка да,ама што? Што баш точно? Што вас ќе ве направи најсреќни? Што е тоа за кое чувствувате страст да го работите? Знаете?
    Што било и по струка ќе се најде. Кога ќе ми рече некој со економски, епа по струка работа. Боже, што е тоа? Банкар, брокер, трговец, што? Абе било што... И тука...веќе знам што човек е. Може добар по душа,ама...несреќен.

    Јас искрено знам дека вие ќе успеете да излезете по секоја цена од Македонија и ќе успеете да завршите факултети (барем денес тоа е нешто кое го можеме сите и не е кој знае каква животна цел), ќе најдете работа и ќе си купите станови. Ама што ќе бидете на крај? Кои ќе бидете вие на крај? И пред се дали ќе бидете среќни? Што после сето тоа? Што е над сето тоа? Ова се само скалила кои морате да бидете многу внимателни како ги качувате... џабе е ако ги искачите,а на врвот не ве дочека нешто кое ви создавало возбуда во стомакот.
     
    На foreverMATH, SparkyAngel, Anne15 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Единствена животна цел ми е да напишам книга, па и да не ја издадам, пак ќе бидам среќна. Тоа е она што ме исполнува, и, знам дека ќе се исполни оваа желба. До сега многупати сум започнувала книга, н поради околностите, сите отидоа во неповрат...
    Други цели немам, не сакам напразно да се надевам. Факултетот е нешто најобично, тоа сите сакаме да го заврпиме, зар не? Па затоа и не е некоја цел да завршиш каков било факултет.