Да останам жива колку можам подолго И до стратосферата и назад во џет борец, оти пред тоа не мријам па нека ме колат https://www.youtube.com/watch?v=sET5uQ4PfQI
да бидам добар писател, можеби е смешно но сакам цел ден да седам и да пишувам, да не работам ништо друго.. пишувањето е работа која ми го исполнува животот, потоа да го прошетам светот, почнуваќи од Африка каде што луѓето неемаат вода да пијат па се до Холивуд, да имам многу пријатели, не сакам никогаш да бидам сама , кога ќе го видам светот и ке ги искусам сите тие убави нешта би можела да живеам било каде, тоа не ми е толку важно .. после .. хм .. бар уште еднаш во животот да се заљубам да почувствувам вистинска љубов, ова дефинитивно ми го треба .. да имам бар едно дете кое ке го воспитам добро , најдобро што можам, воопшто нема да биде како мајка му , ќе биде похрабро и поцврсто , поодлучно и нема да прави глупави грешки. најголема цел ми е да бидам среќна, утре да бидам подобра од денес , и еден ден пред да умрам да се свртам зад себе и да има нешто што останало од мене, да има нешто на кое ќе бидам горда..
Можеби го имате ова некаде слушнато или читано ама моја верзија е вака -Да се родиш во Америка -Да се школуваш во Англија -Да се журкаш на Ибица -Да работиш во Шведска -Да одиш на одмор во Акапулко -Да се пензионираш во Македонија е сега од сите овие ниедно не ќе да се релизира така да сакам да сум професорка по историја и хепи фемили да си имам и деца близнаци хахха(малце понапред отидов )
Мислам дека немам некоја цел што е неостварлива. :? Сакам да имам многу слики,премногу.Имам фотоколекција. Друго,да си живеам сама во некој убаво уреден стан или куќа.
Пред се да сум здрава, жива, весела. Да основам семејство со некој што го сакам и моите деца да имаат среќно детство какво што имав јас. Да сум успешна во мојата професија, па еден ден да водам моја компанија и да им се потсмевам на сите кои некогаш ми рекле дека не можам или ми се испречиле на мојот пат.
Да студирам во друга држава. Сакам да имам успешна кариера како писателка и актерка. Да создадам свое семејство кога ќе дојде време. Децата кои ќе ги родам да ги изведам на добар пат. Да бидам среќна и другите да ги правам среќни. И плус, на Tomorrowland да одам кога ќе наполнам 18, со најдобрите другарки.
Да бидам среќна и спокојна без разлика каде ќе ме однесе животот, би сакала да успеам да најдам убавина во се што би ми се случило во иднина, мислам дека само така човек може да биде среќен кога ќе го сака тоа што го има. Дали ќе успеам да си изгрдам вила со поглед на море од 500 квадрати или ќе си живеам во некое станче во збутан центар останува само да се стремам и да посакувам, сепак целта не ми е само материјално да се изреализирам, сакам да постигнам мир, среќа и љубов!
Веќе си некој !Ти си GirlRose ( т.е .твоето име и твоето презеиме).Работите кои ги имаш направено,делата,постапките те прават некој те прават GirlRose. Немој да сакаш да си нешто,бидејќи тогаш ќе си само обиен предмет!
Духовна и материјална исполнетост .Оставање на животна трага препознатлива и репер за успеси.Уживање емотивно ,креирање на живот-и полни со разбирање,љубов и толеранција .
Најпрво да завршам факултет и успешно да се вработам. Сакам и да ни се оствари сонот со татко ми и да отвориме наша фирма. На тоа веќе некој период работиме. Сега нема да кажувам за што и како Понатаму да создадам фамилија. Да имам барем три деца и сите да ги воспитам и од нив да направам луѓе што вредад. Да ги припремам за овој, од една страна-убав свет, но од друга-суров. Да ги научам да бидат самостални и паметни луѓе кои ќе ги почитуваат вредностите без разлика на се‘. И сите да бидеме здрави, живи, среќни долго време