Прво нешто на што помислувам кога ќе се запрашам каква треба да биде идната јас, е успешната кариера. Пред мене стои уште долг пат кој треба да се помине за да почне да се гради кариерата, но ќе дадам се од себе за да бидам самостојна и да не зависам од никого. А и многу ми значи тоа да потигнам нешто значајно во животов, како што спомнавте, да бидам некој и нешто. Следно е семејството. Покрај мене да биде човекот со кој сум сега, да имаме убаво мало четиричлено семејство. Да си создадеме дом подалеку од градскиов хаос. Не мора да биде којзнае колку големо и луксузно, но во него да владее мир, хармонија и љубов. Можеби звучи малку како клише, но доколку би го имала ова во животов, среќно и здраво семејство и успешна кариера покрај мене, нема да има што повеќе да посакам
Мала сум сеуште, но во последно време многу често размислувам за тоа како ќе си ја изградам иднината. Најпрво, сакам да го прошетам светот. Голем авантурист сум и сакам да посетам што повеќе места. Сакам да студирам на некој од врвните универзитети, па уште сега собирам информации за како да се упишам на нив Не знам што ќе студирам, ама сакам да бидам успешна во мојата кариера, како и секој друг Сакам да си најдам некој што ми е компатибилен и ги сака истите работи што ги сакам и јас, па заедно да можеме да патуваме Да се преселам во некоја прекрасна земја каде што знам дека ќе имам убав живот, да имам деца и кученце што ќе ми трчка по дома. Си го опишав совршениот живот
Да завршам факултет првенствено. Потоа да се вработам и да одам на одмори во различни држави низ светот со мојот сегашен партнер со кого ќе се омажам. Да си купиме куќа со голем, зелен, убаво уреден двор и да имаме 2-3 дечиња. Сите да сме живи, здрави и среќни и да владеат хармонични и топли односи во семејството е најважно. Ќе се трудам и ќе си овозможам ваков живот!
Засега да уживам во детството,да завршам училиште,да си го запознам идолот,а за натаму има време хаха
да живеам во Америка, да завршам факултет, да си најдам работа, дечиња две ,да се омажам за љубовта на мојот живот(ако ја најдам) ,да одам на егзотични дестинации на одмор. Спојлер и да го запознаам Роберт Патинсон,цел живот ми е испланиран
Пред се да се запишам на факултет на тоа што јас сакам и да завршам . Да си најдам работа според струката и да работам и живеам во Њу Јорк . Да го посетам Лондон, Париз , Лос Анџелес . И се да биде во ред со мене и моите најблиски .
Па мала сум, иако сум помала многу често си го поставувам ова прашање.Па мојата животна цел е да завршам успешно средно со сите 5ки ,потоа да се запишам на факултет, сеуште не сум се одлучила на каков факултет...После факултетот да се вработам успешно и да си изградам своја кариера...Па сакам да се омажам за мојот дечко кој многуу си го сакам и сакам да имам син ист како него
Еден дел остварив.. Завршив факултет,моите се горди на мене,успешно се снаоѓам во работата,во врска сум со човек каков што отсекогаш сум сакала.. Уште сакам да се омажам за него,да имаме здрави деца..
Да се омажам за човекот кој го сакам повеќе од се на светов , да основам семејство , да бидам вработена ,дајбоже како доктор..
Да завршам факултет на време, да се вработам, да основам семејство со саканиот и да имам едно 4-5 деца
Да завршам успешно средно,со најголемиот успех,потоа на факлутет да поминам,за тоа време не ми треба никој,но по тоа сакам семејство со некој кој ќе го сакам повеќе од се и 2-3 деца,доволно,и исто така убава работа,не зависно од тоа дали во странство или тука
Да завршам школување успешно, да си имам добра работа со која нема да зависам од никој и да си имам семејство со тој што го сакам и 3 деца.
Мислам дека суштината на животот е да најдеме исполнетост и среќа и тоа секој на свој начин. Заради тоа не осудувам никој за ништо затоа што секој си ги наога овие две работи на свој начин. Мојата животна цел е да најдам мир, задоволство и исполнетост во секојдневниот живот и да живеам за и во моментот. Мене лично ова не ми оди баш од рака дека сум од оние што живеат со вечни планови за идната или патат за минатото што ме прави несреќна на моменти.
Секој ден си поставувам нови предизвици и се обидувам да ги остварам. Конкретна животна цел-немам, но знам дека венчавка нема да биде во овој живот. За сега на листа ми е да отворам одгледувачница за Ердели откога ќе завршам факултет. Каков факултет ќе завршам не знам, но може да е нешто поврзано со животни... а може да е поврзано со анимирање, цртање... предолг ми е животов.