Здравје пред се, сродна душа/партнерка/другарка/жена којa ќе ме сака, ќе ми биде верна For all Eternity, и заедно ќе испишуваме Tome of Chapters I II III IV V VI VII VIII IX X...
Здравје за децава другото само ќе си дојди да не звучам како еве немам цел.. имам но пред се тоа сакам здравје да имаме кога имаме здравје имаме се.
1. Да остарам со мојот партнер 2. Да создадеме семејство и да бидеме сведоци на нивните семејства понатака 3. Да ги изведеме децата на прав пат 4. Да го довршам мојот започнат животен сон (успешна кариера) 5. Да оставам трага во човештвото.
човек треба да се стреми да биде свој. ако се стреми да биде различен тогаш го прави тоа на сила. тие што се различни се такви самите по себе, без вишок енергија, труд и време да трошат за да се прават нешто што не се.
Да имам здравје пред се, а потоа и некоја работа со која ќе можам достоинствено и самостојно да живеам.
Да се вработам на стабилно работно место и да им овозможам на сопругата и децата се она што е потребно за здрав и нормален живот (бидејќи во детството бев лишен од многу работи кои моите врсници ги имаа).
Да бидам здрава и жива и сведок на моментот кога моите деца ќе бидат возрасни, самостојни, независни, прекрасни културни и воспитани личности и да бидам присутна кога ќе речат "благодарам мамо" а на внучиња да им раскажувам " кога бев млада"...
Моја животна цел е: Да згрижам дете од дом,макар и едно.(Секако би сакала и повече дечиња да се) Да го изведам на прав пат,вклучувајчи ги и моите кога еден ден ќе ги имам. Да се сакаат и почитуваат.Да си помагаат едни со други.Ако успеам ова да го постигнам тогаш сум ја постигнала животната цел.
Животна цел во животот моментално ми е да најдам барем и трошка радост во секој ден , да се чуствувам здраво и што повеќе да можам да собирам искуство и знаење за да можам да фунционирам без проблем ..
Мојата животна цел е да се разбудам наспано некое сончево утро (иако не верувам дека тоа ќе се деси али чуда се дешаваат). Добро шала на страна, па шо знам не сум размислувала баш за оваа работа. Засега целам кон она што сакам и ме исполнува душевно да го претворам во моја секојдневна работа, а тоа е графиката. Кога се запишував на факултет моите дома, но и др. шо ме познаваа ми велеа не оди од тоа нема ништо да спечалиш. Добро јас не одам да учам да цртам за да после заработувам од тоа. Парите ми се помалку важни од среќата. Хм изгледа јас трагам по среќата и слобода надвор од општествените граници, норми и правила.
Размислував за ова: што кога човек ќе изгуби интерес, односно нема животна цел? Неколку пати го имам слушнато она депресивно: немам за што да живеам, немам животна цел, немам желба за да остварам ништо.. Како да се поврати инспирацијата и желбата за правење и остварување планови?
Не грижи се, скоро сите сме се нашле во таква ситуација. Суров е животот, знае да си поигра со чпвековата судбина, но немој. Со дружење, со прошетки, со вежби за релаксација, (ако си во можност почни Јога нешто, има курс за почетници) и повторно ќе ти се врати вољата за живот. Ќе видиш. ********************* Моја животна цел е нормално како и сите. Да се реализирам и на приватен и на професионален план, ама не секогаш е по наша желба. Да влезам во брак, да имам дечиња, да ги израснам, воспитам - да ги изведам на прав пат. На професионален план, да го добијам долго очекуваното решение на работа за стално, да направам пари (за нормална живеачка) ете тоа. Не барам ништо екстра.