Kolku sto razbrav site ste ograniceni. Nikoj ne go zivee momentot. Site ziveete za cel. P.S. ne mi zameruvajte, ova e samo moe glediste na zivotot.
No, sepak e fakt. Dobro e da im se predoci na site "openmind". Ne sakam da se pretstavuvam kako noviot clen sto soli pamet - ne mi e toa celta. (Ne ziveam za cel) Imam samo pozitivni nameri.
На прво место, да бидам здрава, да сум едноставно мирна и спокојна, трпелива и издржлива да можам да ги пребродам сите тешки моменти во животот, и храбра и силна да можам да се борам со нив. Се' се менува секој ден, па не знам што точно би ми било единствена цел за до 70 години да ја исполнам, повеќе сум ориентирана кон тоа да се чувствувам здраво, среќно и спокојно. А повремени желби и цели се јавуваат цело време. Во моментов сакам само успешно да го завршам мастерот, да работам нешто поврзано со струката и зошто ќе го сакам тоа нема да бидам преоптеретена со пари, но би сакала да имам за нормален живот. Сакам да живеам во Охрид, пократок период или цел живот ако така треба да биде, на пролет да го шетам паркот, да шетам крај езеро и едноставно да дишам. За почеток сама, понатаму ако даде Бог да запознаам добри пријатели. За љубов моментално а и во догледен период не марам многу, ама можеби би било убаво едем ден, да се будиме гушнати со една личност, кафе и доручек на тераса, позади нас езеро и природа, и у позадина "Побијегнимо који дан на море" и некои слични од репертоарот на Здравко Чолич.
Nemora da pobara nikoj. Mislam deka e vo kontekst na temata. Imam pravo da pisam mislenje koe ne gi prekrsuva pravilata na forumov. Ne bidete tolku isfrustrurani.
Да го изведам моето дете на прав пат, да порасне во успешна, среќна и здрава личност. Да сме живи, здрави јас и мм,и да си живееме некој скромен живот како и до сега..
Koj kakvi celi i da ima od vas (nas) dajte sve od sebe da gi ostvarite, da ne vi bide krivo eden den koga kje napolnite 60 ili 70 godini sto ne ste se obidele (spored mene podobro da napravis greska otkolku nikoagas da ne probas) ne deka i togas e kasno ama nekoi celi ne moze radi godinite da se ostvarat.. Sekogas se davam vo celost vo bilo koja cel i sve sto sum zamislil go imam ostvareno do sega. Ne dozvoluvajte da ziveete “bezcelen” zivot i ne dozvoluvajte lugjeto koi ne se ostvarile sebesi da ve ubedat deka i vie ne mozete da uspeete deka e tesko vo ova opsestvo i tn.. Moe mislenje e deka momentot koga kje se otkazeme od sonistata, ja gubime zivotnata radost i ni opagja energijata. Veruvajte vo sebe i sve e mozno Ubav den i ubav vikend!