Која е вашата животна цел ? Мислам дека не е можно да се има една цел,особено на тинејџерска возраст,бидејќи тогаш ни самите искрено не знаеме што сакаме.Но со тек на време,кога созреваме полека некои работи ни се разбиструваат и знаеме кои работи ги посакуваме во наредните неколку години. Можи да се речи дека јас сум задоволна од успехот на некои полиња во мојот живот.Голем број од моите цели се оствариле. Но никогаш не можам да бидам сигурна дека еден ден работите нема повторно да се вратат како што биле некогаш. Не е секогаш муабетот само да ни се исполни некоја цел. Најчесто треба да се погрижиме таа цел да остане во текот на целиот живот. И секако,си имам уште многу,многу други цели зацртано во мојата глава.И сум премногу амбициозна личност,надевајќи се дека среќата е на моја страна и дека кога-тогаш ќе бидам горда на своите успеси...Мајка ми постојано ми вели да не летам толку високо,бидејќи можи ниско да паднам. Но јас,длабоко во себе знам дека сум способна да го достигнам врвот и да го дадам најдоброто од себе. Убедена сум во тоа. Сега засега (не животна) ама цел ,ми е да го завршам факултетот.Сакам да го прошетам светот,да видам разни култури,да го проширам видикот кон сите области.Сакам да вложам многу работи во себе,како физички ,така и психички. Потоа да најдам работа,маж.Да основам семејство,и можеби најважно од се-да го вложам сиот труд во своите деца.Да ги воспитам правилно,да ги научам како да се справуваат со проблемите и колку всушност е тежок животот.Притоа обезбедувајќи им добар финансиски живот и родителска љубов и поддршка. Ете, тоа се моите цели во кратки црти.
Која е вашата животна цел ? Да ја стекнам безрезервната Љубов и бескрајното смирение. Да сакам од срце, да им помагам на сите на кои им е потребна мојата помош, да простувам се, да не бидам себична и да гледам за себе, да давам се што имам, зашто утре може и да го немам, да сочувствувам со секој, кога некој ќе ме повреди да вратам со добро ... Знам дека само така ќе си помогнам за себе и својата душа, а со мојот пример на љубов, простување, помагање ... ќе им помогнам на другите и тие да станат подобри личности. А ќе им помогнам најмногу на блиските, на сопругот, а ако е волјата Божја и на нашите деца во иднина . А за другото и не се нервирам и не размислувам. Зашто знам дека ќе стекнам со работа. Се друго е минливо, го снемува и оган го гори и крадци го крадат и другите природни појави го уништуваат. Но душата е таа која останува вечна. И по смртта се споменува и бескрајно се сака, исто како да е жива и секаде присутна. Подобро неа да ја украсам, отколку домот или што и да е друго.
Која е вашата животна цел ? Прва на листата ми е да се доведам до ред т.е да успеам да стигнам до мојата нормала, да ослабам, зашто осетив дека се гушам со вишокот килограми, тоа не сум јас со 20 кила плус на мене, пред нешто да сакам да постигнам повеќе, морам да бидам задоволна од мене, и полека но сигурно успевам во тоа, за мене. После, ми иде факултетот, Боже мој дај ми нерви да ги издржам тие тортури, значи буквално тоа се случува на нашиот драг ни правен факултет Јустинијан. Воедно, сакам моите да бидат горди на мене со оваа цел, јас ќе се издигнам како девојка со знаење, со диплома во рака и се надевам за некоја година ќе спаѓам во студентите кои завршиле како добар кадар на овој факултет. Моите сакам да се горди на мене, затоа што знам колку им значи и на нив ова, мајка ми и татко ми секогаш ми зборувале како мајка ми не успеала да се запише на факултет а проклето многу сакала, ми рекоа, запиши што сакаш, немаш норма до кога да го завршиш факултетот, никогаш нема да осетиш притисок од нас, во се ќе бидиш подржана, ти си нашата млада дама која си знае шо е најдобро за неа, а ние сме тука да те држиме за рака, како луѓе после овие зборови да не бидеш мотивиран до небото ? Сакам да бидам душевно мирна. Не сакам да бидам милијардер, но сакам да имам мои пари и да не зависам од никој. Сакам да имам дете но таа цел ми е после 30 години, одкога ќе си имам работа, дај Боже, маж до себе, и светот виден позади мене.
Која е вашата животна цел ? Да му ја летнам во Париз и веќе да не се вратам тука. Стварно бе животна цел ми е да избегам од оваа проклета земја и да успеам да си изградам добра кариера а паралелно со тоа и семејство нели.
Која е вашата животна цел ? Да се запишам на средно медицинско у скопје и да запознавам нови луѓе да се дружам да избегам одовде и од овие несакани личности да си стекнам ново друштво и да започнам одново бидејќи овде доста укашкав хД и да продолжам понатаму во медицината но мала сум уште за толкави планови сега за сега средно прво да поминам,а инак сакам да бидам некоја сакана докторица,почитувана и со значење во општеството
Која е вашата животна цел ? Отако ќе го завршам овој факултет да се запишам на филозовски археологија зашто не успеав првиот пат
Која е вашата животна цел ? да завршам факултет,потоа да се вработам и на крај се разбира да се спремам да остарам со едно убаво семејство кое ке го оформиме со дечко ми
Која е вашата животна цел ? Ух да завршам факултет, и да бидам успешна.Да не зависам од никој, т.е да си имам мои пари
Која е вашата животна цел ? да бидам дизајнерка на алишта многуу го сакам тоа.сакам и да бидам фризерка и да шминкам и да заработувам пари.за да можам да си купам шо ќе посакам да останам со дечкоми да се земеме и да имаме убави бебуши
Која е вашата животна цел ? Епа мојата животна цел е само среќа во животот и семејство да имам , и тоа ...
Која е вашата животна цел ? Во различен период од животот си поставуваме различни цели Пред 5 години мои цели беа да завршам факултет да се вработам да се омажам за човекот со кого бев и со кого бев најсреќна да основам семејство ... 5 години подоцна Среќно мажена за љубовта на мојот живот; со завршен факултет; вработена не по струка ама сепак со прекрасна работа и заработувачка; и најважното со две прекрасни малечки мажина кои се мојата најголема животна цел Значи ДА ми се остварија замислените цели ,но тука не престануваме со замислување на други цели кои треба да се исплнат Следно на листата ми е да им обезбедиме пристоен живот на нашите малечки ангелчина , да се вселиме во нашата нова куќа па да им "купиме една сестричка " ...
Која е вашата животна цел ? (ДОМ) и семејство пред се исполнет живот со радост и среќа и здравје тоа, другото си иде само од себе ,кога ги имаш овие работи, кога ке ја постигнам таа цел всушност тоа е најголем успех за мене
Која е вашата животна цел ? Јас само сакам да сум среќна, без разлика каде сум и што правам. Цел, би ми било да завршам корисен факултет и да најдам солидна работа. Едноставно да успеам во тоа поле. Да го прошетам светот, отсекогаш сум сакала да се преселам од Македонија, но ете, да живеам во Скопје или Охрид би ми било доволно. Да сум среќна, да имам пријатели, и се разбира, многу, многу љубов. Потоа си доаѓа и домот, семејството, две дечиња, можеби 3... аааах да и да изградам машина за враќање во времето демек и тоа може
Која е вашата животна цел ? да станам некој и нешто во животот (дипломирање, работа) да бидам горда на мене, и секако моите најблиски да бидат горди на нивната керка, помош на сиромашните и помалку мокните од нас
Која е вашата животна цел ? Има некој што има цел “спорт’’? (мислам нормално, и покрај оние основните) Баш ме интересира како функционира и таа определеност, бидејќи неможам а да не им се восхитувам на спортистите
Која е вашата животна цел ? Да си ја работам професијата што си ја сакам, да бидам со човек кој го сакам и кој ме сака, да си имам 2 деца. Да имам здравје,среќа и љубов,се друго ми е небитно т.е помалку битно!