Која е вашата животна цел ? да го искористам прекрасниот подарок од бог наречен живот,да го живеам најубаво што можам,да си основам свое семејство,да ширам радост и позитивна енергија,да сакам и да бидам сакана...
Која е вашата животна цел ? Да најдам добра работа во мојата струка - информатика. Да имам свој сајт/форум. Да бидам среќна. Понатаму како што ќе иде, така нека се одвива.
Која е вашата животна цел ? .. на сите да им ги покажам моите животни цели успеси и све остало, на мајками да и докажам (еде дне во иднина, кога јас ке имам деца ) како јас ке се однесувам со моите најмили, да им покажам на сииииите дека сум горда на тоа што сум јас, и што сама со помош на две најважни личности ( додека не дојде и третата ) успеав да станам човек кој животот и среќата не ја мерат со пари ... На моите идни ( некогаш) деца да им се преставам како херој како најголем пријател, како рамо за плачење, а не само како мајка, да ги тешам кога ке им биде тешко , да ги осудувам за нивните грешки но не на начин да ги повредам, туку со моја помош и на начин на кој тие ке можат тоа да го разберат .... да ги прочитам сите психолошки книги ( иако нема да успеам, бидејки има милиони) за односот на родител-дете .... незнам.... имам многу цели во животот , во кој сигурна сум дека ке успеам
Која е вашата животна цел ? Секој има своја цел во животот. Моја цел прво е да завршам факултет, па и магистер доколку успеам Да бидам успешна во својата професија, и да најдам работа некаде во друга држава и да се иселам од тука. Да можам да патувам насекаде во светот, и да си ја најдам сродната душа и две деца доста ми се
Која е вашата животна цел ? Да бидам среќна и успешна, а ќе бидам сè додека ги имам моите најмили до мене и знам дека ја имам нивната целосна поддршка.
Која е вашата животна цел ? Да бидам успешна во својата работа, се надевам дека тоа ќе биде мојот најголем сон - медицината, да имам добар статус, да изградам успешна врска/брак, да бидам уште подобра мајка. Да бидам среќна и да живеам како јас сакам. Никогаш нема да се откажам се додека не го постигнам ова - со сопствен труд и на чесен начин. А после тоа следат нови сонови и нови аспирации, нови предизвици се додека сум жива..
Која е вашата животна цел ? Животна цел? Да успеам да живеам со колку што може помалку падови до последен здив! И да... да може да ми биде животот интересен и на 99 години! ХАХАХ
Која е вашата животна цел ? Имам повеќе животни цели кои ги имам поставено, УСПЕХОТ Е ТРИУМФ НА УПОРНОСТА тоа е моето познато мото работам со него и една по една цел ја остварувам. Е сега најголема моја цел е да објавам што е можно повеќе мои книги и да почнат да се читаа пошироко, да станам актер и кога ќе имам мои деца да се гордеат со мене.
Која е вашата животна цел ? Моја животна цел е да завршам Стоматолошки факултет..и да си отворам моја ординација во Шведска...да живеам со мојот сегашен дечко таму...и да имам еден син кој ке се трудам да го направам среќен , да му овозможам да ги има работите по кои мечтаев на времето..
Која е вашата животна цел ? Во последно време се ми е измешано и се е толку сложено што ни јас самата незнам што сакам.Можеби да завршам факултет иако сум сеуште средно, да си најдам добра работа, да бидам самостојна и финансиски да стојам мноогу добро, да ги задржам пријателките засекогаш во мојот живот, и да ја најдам љубовта на мојот живот
Која е вашата животна цел ? Секој ден во секој поглед да напредувам, да го достигнам својот врв. Да имам искрени пријатели покрај себе, да ширам само позитивна енергија, да го уживам секој момент, да избегнувам негативни личности, да ги бришам од памет негативните случувања, и се околу мене да биде насмеано.
Која е вашата животна цел ? како стареам и целите ко да ми избледуваат,во последно време таман ке тргнам на повисока скала и животот од горе ми лепи шамари па се вракам назад на истата..он на мене..не може вечно да е така,ке се изборам кога-тогаш,ке стигнам до горе ваљда ке сватам дека вредело!
Која е вашата животна цел ? Искрено, да преживеам. Секој ден имам некоја нова желба што се обидувам да си ја исполнам. Не дефинирам, она што го сакам во моментот-тоа ми е цел. А рационално, да бидам успешна бизнисменка
Која е вашата животна цел ? Мојата животна цел е најпрво да си го завршам факултетот,после да си најдам работа,па здравје да си најдам некој кој стварно ме заслужува и ме цени,да си се мажам,да си створам семејство и тоа После ќе си гледам на децата да им е убаво,да им овозможам добар живот