Која е вашата животна цел ? Мојата цел е да постигнам успех, да се здобиајм со почит и да се запишам во историјата! на тој начин ќе можам да ја воздигнам високо на Врвот Македонија! Just on the TOP!
Која е вашата животна цел ? да завршам средно со сите 5,да одам на колеџ во Лондон..и понатака ќе видиме што ке се случи
Која е вашата животна цел ? да дипломирам-во мегу време да се вработам-паралелно да напредувам со изработките на накит, и да научам да шминкам професионално, да пробам да живеам сама, и ако ми се овозможи прилика да излезам надвор од МК-по можност Италија
Која е вашата животна цел ? Имам замисли, ама цврсти планови не бидејќи работите од ден во ден се менуваат. Не се знае што носи утре. вложувам труд многу и сакам се да се исплати еден ден.
Која е вашата животна цел ? Браво, и јас сум кариеристка, сакам да се докажувам професионално. Па не се само мажите тие кои знаат пари да заработуваат. Да шетам сакам многу и се трудам според моите можности. Се направив сама, без помош од никој. Е сега за година две сакам и брак зошто да не .
Која е вашата животна цел ? Iskreno premnogu sum umorna za da zamisluvam, planiram proektiram .... nekako verojatno depresija ... Taman ke soberam energija da sstanam i pomislam deka ne e nisto tolku strasno ... doaga uste postrasno .. vo poslednava godina gi izgubiv dvajcata roditeli ...kancerot e cudna nekoja bolest ...... Dvizecka sila skoro i da nemam , edinstveno nesto za koe sto seuste moram da stanam e rabotata ... koga netreba da odam na rabota bi ostanala v krevet , togas sum srekna zosto nemoram da se doteruvam (sto mi odzema dopolnitelno energija ) , da fiksiram lice koe nema da predizvika prasanja ... Voglavnom verojatno sreken e onoj koj ima cel ... no koga ja nemas ?
Која е вашата животна цел ? Да ја работам работата што ја сакам, да прошетам на многу места низ светов, па потоа да основам семејство.
Која е вашата животна цел ? Мојата цел е да бидам некој и нешто во животот.Да бидам почитувана ,ценета .. Да бидам независна од другите.Сега сум средно . Да го завршам како што почнав , дај боже,да се запишам на факултет да најдам добра работа.. Да имам свое семејство .. Да бидам среќна
Која е вашата животна цел ? Утре да дипломирам, да положам судски преведувач, да земам мн јака плата на работа, да не паѓаат ноктињата на муштериките, да останам со момчето, тој да успее со бев-страната, да имам три деца и мирен живот.
Која е вашата животна цел ? животна цел ми е колку можам да помогнам во создавање и обликување на добри и чесни личности!
Која е вашата животна цел ? Прво, да завршам факултет Да имам успешна кариера, да не бидам зависна од никој Да имам машко дете и мачо, што ќе ми го направи и ќе ме сака безусловно ! Скромно
Која е вашата животна цел ? Да се запишам на факултет надвор од Македонија, по можност со стипендија!
Која е вашата животна цел ? Да завршам медицински факултет. Да се преселам во Исланд или Франција. Да се вработам како медицинска сестра или нешто слично. Да основам свое семејство. Big dreams, big dreams.
Која е вашата животна цел ? Јас не чуствувам потреба да бидам среќна? Инаку мојата цел во животот е да направам нешто по кое ќе бидам препознатлива, по кое ќе ме паметат.