Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која е вашата животна цел?

Дискусија во 'Психологија' започната од manja666, 31 октомври 2011.

  1. SnowWhite8

    SnowWhite8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2012
    Пораки:
    1.275
    Допаѓања:
    1.620
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Да завршам факултет ( сите викаат заврши факултет ама дојди па заврши го :tmi: )
    Да го продолжам образованието.
    Да имам многу пари и да најдам добро платена работа :cash:
    И да основам семејство
     
  2. francais

    francais Популарен член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2012
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.283
    Која е вашата животна цел ?

    Да создадам топол дом.
     
  3. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    да завршам факултет
    да се вработам
    да формирам семејство

    :)
     
  4. Cinderella11

    Cinderella11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2012
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    51
    Која е вашата животна цел ?

    Да бидам силна личност која ќе премине преку сите пречки.Да завршам и да имам добро образование и добра работа.А,исто така да формирам и свое семјество :)
     
  5. awl

    awl Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.129
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Да станам фенси пензионерка и со пензионерот заедно да шетаме по кеј, јас со шешир и црвен кармин- тој со качкет и елек....
     
  6. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Која е вашата животна цел ?

    Да станам првата жена-министер за финансии на Македонијава наша убава 8) ;)
     
    На lolitoo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lolitoo

    lolitoo Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2012
    Пораки:
    205
    Допаѓања:
    327
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Да завршам фалкутет и да се вработам и да ја работам мојата омилена професија :inlove: .
    И да имам еден голем џип... :rock:,а и да не заборавам секогаш да бидам среќна. :angel:
     
  8. whit3.cat91

    whit3.cat91 Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2012
    Пораки:
    46
    Допаѓања:
    11
    Која е вашата животна цел ?

    Бизнисот на тато да го продолжам и даму бидам десна рака, а да.. амбициозна сум можеби и алчна ако можи да се наречи така - сакам само то со го створил дедоми- му го предал на таткоми - да го зголемам и продолжам јас :))
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  9. bigblue

    bigblue Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2012
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    9
    Која е вашата животна цел ?

    завршив факс имав цел за добра работа се разочарав од начинот политиката на вработување
    па заминав во друга држава и после некое време се вратив сакав пак овде кај нас и тоа беше
    крај.Сега сум пак надвор од македонија убаво мие не работам по струката се преориентирав на друга струка и завршив некое школо.Цел ми е скоро да купам моја куќа и скоро да се вратам назад
    и да ја избајмувам куќата тука.Имам цел да отворам нешто кај нас кога ке бидам спремен.
    преубава држава имаме многу политика има затоа сите мозоци ни заминуваат.
    и највазно од се е здравјето се се постигнува и цел сто сакаме и што не прави среќни.
    на секој му посакувам да си го исполни сонот колку може
     
    На BubeFeminka и babyblond им се допаѓа ова.
  10. Westsiderka

    Westsiderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    21
    Која е вашата животна цел ?

    Секој ден да бидам подобра од вчера, да бидам горда на своите постигнувања но да се трудам повеќе..
     
  11. Puflice

    Puflice Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    120
    Која е вашата животна цел ?

    Основната цел ми е да си обезбедам сама парче леб за утрешниот ден најмалце,а се стремам за обезбедување за цел живот(колку е тоа можно),и се останато ми е релативно.
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.380
    Допаѓања:
    17.581
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Да ограбам банка или на друг начин да се збогатам инстантно. Можеби да добијам на лотарија, ама во USA или било кое, само не како нашето џамбо бинго каде главната премија е 2-3000 евра :lol:
     
    На foreverMATH му/ѝ се допаѓа ова.
  13. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.351
    Допаѓања:
    286.285
    Која е вашата животна цел ?

    Да одржам среќен брак и хармонија во домот. Ова за мене е прилично важно бидејќи ми е основен двигател и место од каде ја црпам енергијата за сите останати цели.

    Никогаш да не престанам да работам на самоусовршување и самоподобрување. Да бидам подобра личност од вчера.
    Да се стекнам и со вторава диплома оваа година и после неколку години да упишам мастер.
    Да најдам работа која ќе биде адекватна на моето образование и интелектуален капацитет.
    Да видам што повеќе од светот и да пропатувам низ поголем дел од него.(си имам прилично долга листа на омилени дестинации и места кои би сакала да ги видам).
    Да живеам и работам барем во уште една странска земја.
    Моментот кога дел/сите горенаведени ќе бидат исполнети да му пружам топол дом, љубов, разбирање и секаков вид на поддршка на нов член во нашето семејство.
     
    На karenin, Trnche и Yowannty им се допаѓа ова.
  14. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Која е вашата животна цел ?

    Да завшрам високо образование со кое ќе можам да најдам работа. Но во секој случај нема да барам работа во Македонија, без разлика на се, да дојде само соодветно време и јас си одам, во тоа сум решена. Потоа да се вработам и да имам нешто свое и материјално, да не зависам од никого и потоа доаѓа формирањето на семејството, а притоа се надевам само дека ќе имам среќа во животот и се надевам на добро здравје, како на мене така и на моите најблиски.
     
  15. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Која е вашата животна цел ?

    да умрам
     
    На browneyes_ му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.909
    Допаѓања:
    177.220
    Пол:
    Женски
    Која е вашата животна цел ?

    Да бидам успешна кариеристка. Добра жена и посветена мајка.
    Да ги искористам капацитетите и потенцијалот максимално.
    Цел живот да си го надградувам знаењето. Да прочитам уште многу книги.
    И никогаш да не заборавам која сум била, која сум во моментот, и од каде доаѓам.
     
  17. Tearful

    Tearful Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    386
    Допаѓања:
    73
    Која е вашата животна цел ?

    Да бидам угледна, моќна, успешна и почитувана жена во градот каде живеам. :) Да завршам високо образование, да се вработам, да ја сретнам љубовта на мојот живот :)
     
  18. Soldier

    Soldier Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2013
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    78
    Која е вашата животна цел ?

    Да го завршам тој факултет што јас сум си замислила,да магистрирам,да се вработам и несакам да бидам мноогу богата,туку онака средно доволно за живот.Да се омажам,да го дочекам денот кога ке облечам бел фустан.Потоа на 30 год. да си родам ќерка :lol: и да ја воспитам како што јас би сакала да бидам воспитана,да ја изнесам на правите патишта,да ја научам што е добро а што не..Накратко,да се вработам,да имам свое семејство,среќно,да бидам човек во вистинска смисла на зборот и да бидам горда на својата ќерка. :)
    Знам,далеку отидов,ама за ова сонувам,ова е мојата животна цел.
     
  19. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Која е вашата животна цел ?

    Да го завршам факултетот,после тоа да се вработам. Да се омажам за мојот сегашен дечко и да си имаме две прекрасни дечиња без разлика што ќе бидат дали момче или девојче. :) Да имаме свој дом и среден живот. Да остарам и да си дочекам внуци и правнуци. :lol:
     
  20. HelloKitty4

    HelloKitty4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    Која е вашата животна цел ?

    Jas nemam nikakva cel.... :-/ I mnogu mi e glupo, oti nemam nekoja zamisla i da se stremam kon nea.... Fakultet zavrsiv ama ne sum nesto presrekna, samo deka nema da se maltretiram so ucenje, ke baram rabota normalno ama i to ne me praj srekna. Maz imam a deca ne planiram posto nekam sega durii po nekolku godini, 6, 7, 8..... Znaci NISTO ne me usrekva.... :-/ Sakam da setam niz svetot, no posle se vrakam vo realnosta, ziveam vo makdeonija kade platat e 8000 i nikogas nema da imam dovolno pari za da setam.... Ni mazot mi e vraboten nitu jas.... :-/ Katastrofa....