Palette deluxe користам веќе 2-3 години откако почнав да се фарбам црвена и сум задоволна од бојата и траењето, секако дека косата се оштетува но, да не се лажеме и со било која друга фарба да се фарбате ќе се оштети. Еден месец сакав да направам промена па ја земав црвената од Syoss и не бев баш задоволна, бојата бргу ми излезе а и не знам дали беше до фарбата(или до мене ) почна многу да ми паѓа косата
Гарниер! ..многу пати ги користев фарбите од оваа марка,и секогаш сум била задоволна..и бојата излегува токму како на сликата и не ја горат косата,што е најважно
Јас никогаш не бев им дала шанса на Гарниер фарбите, дека не им ги сакам ич производите. Пред две недели не знам што ми истекна решив да ja пробам Garnier Colour Sensation, ми се здосади да сум плавуша и сакав да си ја вратам природната светло кафеава боја. Многу сум задоволна од фарбата, мислам дека конечно си ја погодив бојата како коренот, зашто не сакам повеќе да се фарбам. Сакам да ја оставам косата и да ми биде поздрава, многу ми е долга и две кутии не ми стигаа за фарбање. Значи задоволна сум од Гарние, криво ми е што порано не сум ги пробала. А новите Олиа, ги немаше во маркетот каде купував, инаку таа ќе ја пробав.
Читајќи ги вашите коментари за тоа која фарба е најдобра се решив за Еволушн. Ми се допаѓа и сум задоволна како за прво фарбање . Со оглед на тоа дека имав природно црна коса сега малку ја осветлив - темно кафеава со црвенкаст сјај. E сега сум ваква
Еволушн мислам дека беше 220 ден. можеш да ја најдеш по парфимерии. Палете од 150 па нагоре зависи која, така нешто беа. Мене еволушн не ми се погоди, за мн брзо време ми падна бојата. На Палете делуксот ми се свиѓаат, по трајни се, и нијансата ми се погоди. Ај некој нека ги испроба новиве на Гарниер Олио
^Испробани се Кравче не си во тек со настаните , од мене, Сесилија, Трендафилка....... се звучни имиња со долгогодишно фарбачко искуство Сите се согласуваме дека е пре, пре, прекрасна фарба, косата ја прави преубава, мека, самата фарба прекрасно мириса а и регенераторот, бојата излегува таква каква што е на сликата ама трајноста не и е баш, баш, е сега можеби дека многу често ја миеме косата ама во сите плусови мора да има некој минус
Јас се извињавам, слабо пратам фарбаџиски муабети ама има ли некоја од вас црвена што се фарба? Зашто ова црвениве побрзо паѓаат, а и гледам без амонијак дека е, некако слабо ми се гледа дека ќе држи доста, па затоа ме интересираше едит: прочитав на другата тема, јасно ми е све
Трендафилка е фарбана црвенокоса еве што пишала во другата тема: Гледаш како се мачам да ти најдам тоа што ти треба а ти не сакаш Дин да ми го оставиш само за мене, ако, ако паметам се јас
Syoss и Garnier, ама јас конкретно ја користам Garnier и сум позадоволна затоа што поубаво ми фаќа од Syoss, разликата е што мнооогу повеќе смрди, мислиш во плуќа ти влегува.
Ќе си се самоцитирам,и за издржливост е добра,доста време ми траеше,еве само ко ми потпорасна косата почна коренот да се познава. Добра е за парите навистина Еве испаѓа дека 2 месеци скоро не сум фарбана,а е уште убава. Дури и ми рекоа дека многу добро ми стоела бојата,убава ми била ваква да сум си ја правела Сега си зедов еве Гарниер,пошто беа намалени,иначе наредно пак со Лонда можи