Дефинитивно и јас. Од светло плава коса со едно фарбање со темно смеѓата (број 04) ми фати одлично, немав никаде шарено и поминаа 2 месеци а ми падна само минимално колку што треба, бидејќи инаку ми беше скоро црна. Премногу сум задоволна затоа што немам потреба повторно да се офарбам, сега можам да си ја пуштам мојата.
Здраво девојки, ќе ве молам за совет за црвена коса која фарба да ја користам, се разочарав од Pallete Deluxe, 2 години се фарбам со неа ама некако во последен период многу бргу ми се одмива бојата 1 недела и толку, мислам дека е сменет квалитетот, не е тоа што беше порано, во меѓувреме пробав и со Syoss, но и таа не ми е тоа тоа.. Help please!
И јас барам црвена, и мене ми се одмива, па кај се одмива уште како мрсна ми изгледа и немиена И исто како некоја кафена нијанса да сум ставила, незнам јас како ќе имам светло црвена коса..Совет?
Пробајте ја таа погоре шо е од Гарниер мн е фалена таа фарба,исто и јас сум презадоволна а и не паѓа бојата
Нема споредба со Лореал особено со линијата Преференс,барем до сега не сум нашла кога ќе најдам ќе ви кажам Ги имам пробано скоро сите ,џабе пари фрлање ,доколку се одлучите за фарбање во домашни услови ви ја препорачувам оваа линија на Лореал
Девојки знае ли некоја која од фарбите најмногу стои отворена, или колку време е препорачливо да стои отворена. Јас не се фарбам цела, пошто имам некој црвен пигмент, инаку имам темно кафеава коса. Сум пробала да се фарбам цела и со лореал и со кене и со поефтини..ама сепак не можев да го избегнам црвеникавиот сјај а мн ми пречеше и решив да си го фарбам само праменчето Тоа значи една фарба ќе може да ми тера една година... Ама работава колку време ќе можам да користам еднас фарба. Дали вреди дас си купам поскапа или дас се мачкам со поефтините... Некоја од вас ако се фарбала со постара фарба и ви фатило, ако може нека каже
Неколку месеци ја употребувам и не ми се мрси секој 3 ден ја мијам,веројатно тоа зависи и каква ти била претходно јас никогаш не сум имала проблем со масна коса иако често менувам шампони и обавезно употребувам маска.
Јас користев од L'oreal два пати и знам дека кога ќе ја измешаш фарбата (нели се отвара тубата, таму се додава останатото и се мати силно, па потоа го кршиш горниот дел од тубата) и останата фарба се фрла, бидејќи веќе е измешана. Бирај фарба која што нема потреба да ја мешаш на тој начин, таа може подолго да ти трае.
Последно се фарбав со лореал без амонијак . Луге топпппппп косата малку ми беше на беж-жолтеникаво, сега ми е на беж-сивко. И после миењето мека. Има внатре мало шишенце регенератор. Ја препорачувам,ја купив од Космо на промоција некој 360 ден . Споделете искуства со фарбите без амонијак ...
Предложете фарба по можност од Гарниер Колор Сензејшн , чоколадно кафена ко на сликава десно кај што пишува After да си се припремам на време со фарба додека ми стигне колорб4
прво да ти го објаснам начинот на употреба Јас ја имам користено , прво треба добро да ја измешаш фарбата затоа што може да ти се направат само мали делчиња фарба кои не попримиле од тоа што е како хидроген. Незнам како добро да ти објаснам Значи вака фарбата доаѓа во три дела хидроген (т.е. не е хидроген ама незнам како се вика ) мало шишенце боја за коса која е течна за разлика од другите фарби (како разреден лак за нокти ) и маска . Бојата треба да ја ставиш во хидрогенот за да добијеш пена. Е сега ти ако го стиснеш хидрогенот со бојата без да го промешаш веднаш ке добиеш пена иако не си го протресил затоашто таков е хидрогенот. Но ќе се излажеш затоа што фарбата ќе ти остане доле а само хидроген ќе ставаш. Значи треба едно добри 30мин да го потресуваш и пак нема да знаеш дали добро е потресено Муабетот ми дека ако не ти е добро соединето можно е кога ке се чешлаш на чешелот (ако ти е во светла боја) постојано ќе има грутчиња фарба -остатоци. Мене немаше кој да ме предупреди па кога се чешлав првиот пат мисле дека имам вошки (затоа што се фарбав кафено) кој кога ги стиснав сватив дека се грутчиња боја затоа што се направив лом на прстите. Немаш претстава колку пати ја миев косата и никако не излегуваа. Инаку е доста сјајна и бојата ми излезе баш како на сликата мегутоа е многу тешка за употреба иако се вели дека е лесна. Незборам за фарбањето туку за соединувањето. Ако не ги соединиш како што треба ќе имаш грутки боја во косата и ќе ти излезе баш малку. е сега за девојката што бара боја за коса која ке и трае подолго време-за наредно фарбање Секоја фарба може да трае онолку колку што ти сакаш . Немој да ја ставаш целата боја . Односно да ја соединуваш со хидроген. И така ке ти трае. Значи во посебно канче стави си пола од фарбата и пола од хидрогенот и со тоа фарбај се. А остатокот од хидрогенот ке го ставиш во фрижидер а остатокот од фарбата на суво место. Се додека ги мешам фарбата и хидрогенот па ги оставиш за нареден пат нема да ти трае фарбата , затоа што хидрогенот е јака состојка и ја уништува фарбата постепено.
http://nuko.lv/review/product/list/id/4 ... re=default според мене Syoss, секогаш дава поприроден отсај на косата