^ Како за почеток ова не е фарба за коса туку отстранувач на фарба. Не знам која корист ја имаш од постојано постирање на истиот но мене ми е доволно 15 од 20 мислења што ти беа од него. Разлистај низ темите и ќе забележиш дека повеќето се информирани за овој производ и најголемиот број не се од твоите мислења.
Мислам дека е индивидуално, на секој различно му фаќа и реагира, зависно до кожата и пигментот. Јас лично сум најзадоволна од Гарниер фарбите.
Фризерката ми ја препорача, со голема недоверба ја купив (со мноооогу големо потценување гледав на Субрина како бренд) и еве веќе година ипол дена како ја користам и не би ја сменила за ништо После фарбањето ниту ми паѓа косата, ниту имам првут, ниту ме пецка скалпот - фарбава е чиста 10ка!
Последен пат ја земав оваа фарба на Лореал ама не сум задоволна многу ме гореше кожата на главата , којзнае колку % беше хидрогенот на гарниер фарбите се најдобри ама пусти мерак ајдсе да пробам
Дефинитивно Еволушн, најспоро паѓа бојата од сите фарби што постојат на светов 9 год се фарбам ама како оваа нема
Бојата на косата ми е вака неш а сакам ваква боја како наташа беклавац која фарба би ми ја препорачале....
Знае ли некој нешто повеќе да ми објасни за перманенти/семи и деми перманентни фарби? Кои кај нас се деми/семи? Каде можам да најдам?
мислам дека од овие или 9 или 10 (во горниот ред) е таа боја Daisy, тие семи и деми перманентни фарби се полутрајните фарби тие што не содржат амонијак внатре (тие деми содржат пероксид ) . Но овие деми перманентните фарби се малку потрајни од тие семи , и ако сакаш да ја потемниш косата со тие фарби е успешно но не се осветлува косата со нив. Еве на линков подоле најдов нешто http://www.livestrong.com/article/69199-demi-permanent-vs.-semi-permanent/ Мислам дека колор шампоните се тие семи а деми овие подоле на палете и лореал. ако сум грешка некој нека ме поправи
Па изгледа тие што пишува cream на нив се тие? Се имам фарбано еднаш, црвена ми беше косата, не дреч ама таква потемна. Размислувам за пак, само сакам да се осигурам. Фала ти
Од Гарниер можеш да ја пробаш и оваа ,100% не ја суши косата а и убаво мирисаат, јас од овие плавите нијанси сум презадоволна инаку бројчето е 113
Ќе се фарбам за 1 недела, само не знам со која фарба. Последниот пат се фарбав со гарниер 131, но некако брзо ми падна бојата и на жолто ми испадна. Сакам нешто измеѓу, ниту бело, ниту жолто. Дали Garnier color sensation 112, 113, или Garnier color naturals 10, која е подобра и потрајна?
Користам или KEUNE или SYOSS, зависно од расположливи бои и расположение. Презадоволна сум и од двете, долготрајни се и косата има прекрасен сјај.