1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Која е најдобра марка на фарба за коса?

Дискусија во 'Коса' започната од sesilija, 28 март 2010.

  1. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Девојки, а дали сте ја пробале новата од Гарние без амонијак? Што мислите за неа, дали паѓа брзо бојата исто како и другите фарби од Гарние?
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Јас ја пробав два пати, и воопшто не ми се допадна. :^) Дури полоша од обичните.
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    А која би ми ја препорачала Трендафилке? Гледам ја фалат кене ама не ми се даваат толку пари бидејќи ми требаат 2 фарби- долга ми е косата. Имам користено Палете, Аура, Гарние обична и од сите ми паѓаше брзо бојата. А еволушн беше убава ама во лето многу ми пожолтуваше, така да стварно сум во дилема.
     
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    ^^ И јас си имам проблем со фарбите, сакав истото да те прашам. :lol:
    Аура ми ја прави жолта - лимонова, Палете ми ја суши премногу, Гарние паѓа брзо бојата, исто и Лонда, значи убави нијанси вади, ама траат една недела :( , а Кене ми е и мене скапичка, 300 ден. фарба па и хидроген, а јас се фарбам на 20 дена, ... :^)
    Последните две фарби што ги ставив ми се на Субрина, и задоволна сум, не сосема сега, ама им давам 8/10, барем бојата трае 15 дена, ако ништо друго.
    Не знам што друго да пробам, од очај ќе почнам да се фарбам со се поникакви и победни, штом земав Субрина, веројатно следува Танеа, па некоја од оние бугарските Арома, можеби ќе имам повеќе среќа, па ќе ти кажам секако. :lol:
    Ти што користиш најчесто? :)
     
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Викаш Субрина а :wasntme: ? Се немам фарбано со неа, ама сепак е словенска, би требало да е добра незнам |( Ако не ти е долга косата пробај со еволушн околу 180 е без хидроген ама убави плави нијанси вади. Јас немам плава коса, како што напишав во друга тема ваква ми е бојата- можеби една нијанса посветла [​IMG] ама мене од еволушн летото ми стануваше жолта како изгорена.
    А танеа нема шанси, ужас е фарбата- баба ми се фарба со неа "поприродна нијанса" здравје :rofl: . Последниве 2 пати се фарбам со една бугарска фарба ја барав на нет да ти ја покажам црвено пакување е со пченица на неа. Околу 80ден е, ставам 2 фарби- бев скептик си викам нема шанси да е добра, бидејќи е толку ефтина ама да ти кажам повеќе траеше бојата отколку сите фарби што ги спомнав претходно. И косата не ми беше сува ама и ставам еден куп работи за заштита.
    Како и да е сеуште не можам да кажам дека сум ја нашла идеалната фарба за коса (сакам ем ефтина, ем убава да е :lol: )
     
  6. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Јас се фарбам со Субрина и можам да кажам дека сум задоволна,односно во однос на квалитет ја ставам тука некаде со Еволушн.Порано се фарбав со Еволушн,ама откога си ја загрешив нијансата се префрлив на Субрина и засега не планирам да ја сменувам.Не дека е идеална,ама не сакам да експериментирам со нијансите,некако сегашнава ми е погодена,па барем засега нема потреба од менување.
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Рената. а која нијанса ја користиш, баш прееска гледав Субрина, 8 ми се виде убава светло плава ама се плашам да не ми испадне многу светла. Можеш ли да ми препорачаш која нијанса е за мене. Бојата на коса ми е приближно како таа од сликата. |(
     
  8. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    Првин да кажам дека ја користам Subrina Professional,вака изгледа[​IMG]
    Имам најсветло,платинеста нијанса и ја користам 30/3.А за твојава нијанса стварно појма немам,најубаво во каталог да си видиш.
     
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Фала во секој случај баш ќе видам утре во каталог. Плачам за фарбање :lol: :tmi: а сеуште се мислам дали да ја сменам фарбата. Оваа професионал колку ја купуваш? И како платинасто плава а аватарот |( , баш те замислував онака смеѓа :$
     
  10. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    :lol: па природната ми е ваква. :D
    Инаку, ја купувам 130 ден без хидроген.
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    А каде ги има овие Субрина Професионал, мене би ми одговарала баш таква нијанса :$ , ама не сум ги сретнала без хидроген досега, по маркетите гледам од другите субрина само :^)
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    Тоа не е фарба, тоа е колор шампон. Ти врши работа само привремено.
    А инаку, јас кога почнав да се фарбам - пробав и Палет, и Гарние и Лореал - секако најубава ми беше од Лореал, ама и цената им е „убава“ :lol:
    Палет многу ми ја сушат косата, Гарние фарбите ми се добри, ама колор шампонот ми е уште подобар. Обично користам кафеава нијанса, мене природната боја ми е „кафеникаква“ :lol: па сакав да имам некоја изразено кафеава боја. Не темна колку чоколада, малку посветла, ама проблемот кај мене е тоа што имам некој црвеникав сјај на косата без разлика со каква боја се фарбам. Не знам дали е до влакното или до фарбата. Ама во секој случај, колор шампонот ми е фантастичен затоа што ми дава неверојатен сјај на косата и бојата ми трае. Додуша, веќе пет месеци немам ставено ништо на косава, ја враќам природната боја, малку ми е шаренка косата, ама не се забележува толку многу.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Јас се фарбам со Гарние 111 , убава е бојата ама бргу паѓа. Денес сите фарби бргу паѓаат затоа што сега не ставаат јаки хемикалии како порано, и произвотелите се обврзани да користат само одредени средства во фарбите што не се штетни.
    Порано се фарбав со Колестон , ама сега неможам да ја најдам.
     
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.473
    Допаѓања:
    201.284
    Пол:
    Женски
    ^^И мајка ми ги сака Колестон, ама и таа не може да ги најде. Имам слушнато дека Игора Ројал фарбите се најслични на нив. Дали некој има искуство со нив?
     
  15. renata77

    renata77 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2009
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    8.605
    Пол:
    Женски
    По маркети и јас досега не сум сретнала.Од парфимерии ја купувам,би требало во секоја да ја има.
     
  16. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Или garnier или keune, ама сега мелце ми е на пауза косата од фарбање,си ја исфарбав како природната така да имам во план да се шатирам :rofl:
     
  17. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Мене ми е дефинитивно нај ЛОРЕАЛ, моментално оваа ја користам
    http://www.loreal-paris.co.uk/hair-colo ... gloss.aspx

    Долго издржува, сјајот ви останува и после неколку миења, не смрди, напротив убаво мириса, и една туба ми е доволна за цела коса, а косата ми е подолга. Е сега поскапи се, ама се исплати мислам.
     
  18. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    А каде ја купуваше фарбата Колестон ? Јас долго ја користев и бев презадоволна од неа ..Ми ја набавуваа пријатели од Хрватска , но тие сега не живеат таму. Ако некој знае каде ја има нека пише .Поздрав до тебе Иренна
     
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Ја купував во Тинекс па ја снема, после ја најдов на една тезга на Зелено Пазарче , ама и таму ја снема и од тогаш користам Гарние. Инаку слушнав дека некое фризерско студио станало застапник за Колестон, ама ептен биле скапи фарбите и неможело само фарба да купиш туку мора и кај нив да се фарбаш. Ќе се распрашам како се вика тоа студио, ако најдам кое е ќе пишам. Поздрав :)
     
  20. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.127
    Допаѓања:
    156.075
    Прочитав некој пишал за фарбите на гарние без амонијак...може малце инфо плус?!Сакам да ја осветлам косата,ама под услов за месец,помалку од месец навистина да ми падне,дали е возможно со ова?!И каде може да најдам и колку чини?!