Мене моментално ми е нешто вака косата А сакам да добијам нешто вака Со која фарба можам да го постигнам ова без да станам шарена и дали воопшто може да го постигнам во домашни услови ?
само што се исфарбав со експлицит фарбата,и не е така лоша како што читав некаде по форумиве... малце делува појака па ја држев само 30 мин... е сега дали ке паѓа бојата останува да видам од следните миења...
Мислам дека најквалитетни и најпознати фарби за коса се на WELLA, а посебно од линијата colour touch.. Само незнам дали ги има во МК и која цена се?
мене никогаш не ми се појавувало првут од фабрањето шампонот да си го смениш , сигурно тој ти прави проблем
се променив и шампон и се... најмногу сум задоволна од шаума за првут но кога ке се исфарбам посебно првут излегува и тогаш ама баш ништо не ми помага и сега си ја префарбав мојата боја, сакам пак да се исфарбам но се плашам оти неможам се со тоа да се расправам.. од сите фарби истото ми се случува
најубаво консултирај се со фризер и прашај зашто тоа ти се случува..јас еднаш имав проблем со една фарба на палет ми ја исгоре кожата и потоа почнаа големи бели парчиња да ми паѓаат нешто ко првут , и сето тоа се смири кога почнав други фарби да користам.
Морам да признаам дека воопшто не сум задоволна од Олиа на Гарние. Ја зедов затоа што е без амонијак, повеќе како колор шампон, како што не сум се фарбала одамна. Прво ја зедов 8.0 - blonde, ептен ми ја осветли, многу плава ми дојде некако (природно имам некоја пепеласто кафена боја). После некое време зедов друга нијанса, 6.3 golden light brown и супер ми излезе, плус ја држев подолго. Е сега бојата не е тешко да се погоди, ама јас од друго не сум задоволна - каква ми стана косава од фарбата, ужас. Имам тенко влакно, тешко држи форма без зацврстувачи, лесно се прекршува и брзо се масти. Со Олиа косата ми стана многу крута, ми се испости, ми се исуши, особено на врвовите и ми стана како сено. Кога и да ја миев, како сено да миев, не ми беше убава на допир, одвај се чешлаше и покрај регенераторите што ги користев. Никако да омекне. Единствен плус е што престана да ми паѓа, ама ај тоа може се поклопило, не ќе да е од фарбата. Откако го купив шампонот на Балеа Спојлер: Шампон ми се оправи ептен. Сега се мислам дали воопшто да се фарбам пак, не сакам да утнам како со Олиа. Инаку, некој погоре спомна Wella фарби - не сум видела кај нас одамна. Порано, кога бев тинејџерка имаше и колор шампони и фарби на Wella. Користев од колор шампоните, имаа една прекрасна нијанса на црвено што многу ми одговараше, Indian Red, и постојано ја ставав. Ако имаше кај нас, сигурно би пробала со нивните фарби, со другиве некако не ми се експериментира. Се мислев за Кастинг на Лореал, ама мои братучетки не се баш задоволни од него. Друга некоја фарба без амонијак да предложите? Или на фризер да си одам, најубаво, м?
Според мене,со оглед на тоа дека сум црвенокоса ,а сум изредила еден куп фарби,нај нај од сите ми е TREND UP,од мене има една огромна 10-ка затоа што бојата не паѓа туку само коренот си израснува,друг голем + е тоа што е 100 мл
Најквалитетни досега ми се покажале трендап, еволушн и триколиго(штета што веќе не ја носат триколиго во Македонија). Плус поисплатливо ми е за косиштево густо и долго до половината зошто се повеќе мл. ...ако купувам обични фарби треба да купам 3-4 за да личам на човек све ги направија по 30-40 мл.
Во врска со колор шампоните , јас имам пробано на Лореал и не беше лоша но поради тоа што сакам поголема трајност на бојата решив да не купувам повторно колор шампон. Дали можеби ги има колор шампониве на Сајос по супермаркетите? Во врска со обичниве фарби на Wella поточно Колестон навистина се супер , јас овде во Гр ги наоѓам секаде во секоја парфимерија , можеби ги има по некоја парфимерија таму?
Ќе побарам да видам по парфимерииве, ама мислам дека нема колор шампони на Сајос. Многу ми ги фалат нивните фарби, ама не сакам класична фарба. Затоа и на Вела сакам колор шампон, мислам дека има Колестон тука, ама колор шампон не сум видела. Тие имаа убави колор шампони како пена за коса, такви сакам. Ептен убава и трајна боја имаа уште тогаш, сега се сигурно подобри од пред 20 години (не сум толку стара, не). Ај ќе видам што ќе правам, фризерски салон како опција не ми бега
Јас се фарбав со некоја плавкаста нијанса накај златно на Аура експлицит во Јануари последен пат, и освен коренот што ми порасна , бојата ми е непроменета од тогаш. Ептен сум задоволна, дефинитивно ќе ја земам и следен пат.