@koritsaki Една година веќе ја користам Кене ама многу ми ја суши косата,истото го слушнав и за Ревлон па сега се мислам дали да пробам со Еволушн или имаш друг предлог ?Фала
Јас истото го слушав и за Еволушн , но мене лично не ми ја сушеше косата. Јас ја користев Еволушн 11.11 плаво сива нијанса
Jas si odam na flizer i devojkata me sreduva,poslednite 2 godini ja koristeme na Oro farbata ne ja ostetuva kosata i i dava prekrasen sjaj.
Долго време користам Сајос ама некако во последно време не ми се допаѓа,ми ја суши косата и не ја добивам баш бојата како што треба.Сега сакам да земам Гарниер,ама кажувајте искуство дали се суши косата и дали се добива убава боја?
И јас сум во потрага по квалитетна фарба. Една другарка ми кажа да си купам фарба од Диор. Но таа не е достапна секаде, така да досега не сум дошла до таква фарба но мора да побарам.
Здраво на сите, во последниов период добив навистина многу барања да пишувам за фарбите за коса и тоа некои од нив беа и од овој форум. Дали постојат природни фарби, дали има фарби што помалку ја оштетуваат косата итн. Затоа се надевам дека девојките кои ме исконтактираа ќе бидат задоволни со она што ќе го прочитаат како информација. Поздрав до сите и пријатен понеделник. Сакам природна фарба за коса...постои??? Со само едно нанесување, може да ја промениме бојата на косата драстично или пак да и подариме само нежни прамени и одсјај. Фарбите за коса се неизбежен дел за многу жени и девојки кои се секогаш во потрага по вистинската боја, вистинскиот производ, фарба која што помалку ќе го оштети влакното или пак боја која ќе трае подолго. На пазарот постојат многу производи со кои може драстично или пак нежно да ја промениме бојата на косата, да ги покриеме белите влакна или пак да извадиме неколку прамени и да дадеме убав одсјај на косата. Во изминатиов период добив навистина голем број на приватни пораки за една ваква статија, многу девојки ме прашуваа дали постојат природни или органски фарби, која марка на фарби се сигурни, дали постои фарба која помалку ќе ја оштети косата итн. Ајде најнапред да разјасниме една многу важна дилема, односно дали постојат природни или органски фарби? Одговорот е НЕ! Постојат традиционални фарби кои може да бидат повеќе и помалку штетни и кои во својот состав содржат сепак хемиски елементи, затоа што само хемијата може да доведе до една драстична промена на косата, и од друга страна постои к‘ната која не е фарба, туку ја нијансира косата меѓутоа не дава драстична промена како фарбата и не ги покрива белите влакна. Единствена природна к‘на е црвената, додека на црната и се додаваат други природни состојки за да стане црна. Затоа следен пат кога девојките во продавниците ќе ве убедуваат дека фарбата е природна или пак органска не го сфаќајте тоа здраво за готово. Многу фирми се обиделе да направат природна фарба (и на повеќето фарби пишува природна а воопштo не е), меѓутоа за жал таква формула сеуште не е измислена и мислам дека хемичарот кој ќе ја измисли ќе се здобие со огромна светска слава и најголем број на женски фанови. Многу е важно и да се разјасни терминологијата. Под терминот фарба се подразбира само хемиска фарба преку која може да ја промениме бојата на косата. Според трајноста која ја имаат врз влакното, фарбите се делат во неколку категории и тоа: 1. Трајни фарби 2. Полутрајни фарби 3. Колор шампон Фарби со амонијак Овие фарби се специјално креирани за оние девојки или жени кои сакаат драстична промена на бојата на косата на пример од црна во русокоса или црвенокоса. Амонијакот претставува една многу агресивна состојка, меѓутоа доколку се земе предвид неговата намена не треба ни да не чуди. За да се офарба косата, тубичката во која се наоѓа бојата се меша со хидроген и во моментот кога овие две состојки ќе се помешаат се создава бојата. Кога оваа смеса ќе се нанесе на косата, амонијакот има за задача да го отвори кортексот на влакното и да и дозволи на бојата да пенетрира под него. Штом бојата ќе навлезе во влакното, таа е веќе трајна и не излегува со миењето. Фарби без амонијак Како што вели и самото име во овој вид на фарби не е присутен амонијакот, меѓутоа бидете внимателни затоа што истиот е заменет со други штетни состојки. Сум видела декларација на фарби каде на сметка на амонијакот ставени се други 5 штетни состојки кои некои од нив испуштаат и формалдехид. Не верувајте на оние фарби на кои пишува природни, без амонијак со масла кои ја штитат косата. Мора да има хемија, да можеше маслата да ја бојат косата, хемиските фарби немаше ни да постојат. Секако постојат и фарби без амонијак каде штетните состојки се сведени на минимум, меѓутоа сепак не може да се наречат природни. Растителни фарби или К‘на На пазарот ќе најдете и производи со натписот растителни фарби или органски, меѓутоа всушност како база на овие производи е к‘ната. Никогаш не ми се допаѓал терминот природни фарби за производи кои се на база на к‘на затоа што сепак к‘ната не претставува фарба и не е во можност да ја промени бојата на косата. Единствено нешто што може да направи е да даде убав одсјај на косата. Освен к‘ната во овие производи има и растителни екстракти од повеќе билки (во зависност од нијансата), кои се сигурни за кожата и косата и не предизвикуваат алергии, меѓутоа не покриваат бели влакна. Затоа доколку вашата причина за фарбање на косата се белите влакна, производите на база на к‘на нема да успеат да ги покријат како на пример традиционалните фарби. Па добро тогаш, што да избереме? Тоа зависи од вас и вашата потреба, односно од причината поради која се фарбате. Доколку имате убава боја на косата а сакате само здрав одсјај и убав сјај на косата, во тој случај к‘ната е идеална за вас. Исто така доколку имате масна коса а не се фарбате, во тој случај може да користите безбојна к‘на, која не само што ќе ја зајакне косата туку и ќе ви помогне да се справуте и со вишокот на маснотии во косата. Секако доколку вашата грижа се белите влакна или пак сакате некоја особена боја која само хемијата може да ја даде, во тој случај единствено решение за вас е традиционалната фарба. Како што веќе напоменав, природата во овој случај, за жал, нема алтернатива за хемијата, меѓутоа при изборот на фарбата за коса, би сакала да ви посочам неколку опасни состојки кои е подобро да се избегнуваат. 1. Амонијак- доколку можете избегнувајте го во фарбите. Секако како што споменав неопходен е за драстична промена на бојата, меѓутоа е навистина многу агресивен за кожата. 2. Paraphenylenediamine (PPD) е многу моќен алерген кој е во состојба да предизвика алергиски реакции па дури и дерматит на кожата кај некои луѓе. Европскиот закон за козметика дозволува употреба на оваа состојка во фарбите најмногу до 4%. 3. Формалдехид и состојки кои испуштаат формалдехид. Кога говорев за лаковите за нокти, споменав дека оваа состојка е многу токсична и дека меѓународната агенција која врши истражувања за ракот, оваа состојка ја класифицираше како канцерогена која има можност дури и да влијае и врз ДНК. 4. Тoluene- 2,5 diamina (PTD) е алерген сличен на PPD, кој во фарбите може да биде употребен не повеќе од 4%. Знам дека не е возможно да се најде една фарба која ги нема сите овие состојки, верувајте ми барав, има фарби кои се без амонијак и нивото на PPD е ниско, меѓутоа имаше состојки кои испуштаат формалдехид. И обратно фарби без формалдехид кои содржат амонијак или високо ниво на PPD. На пример, видов една фарба од марката Natural colors organic (нека не ве буни името не е воопшто органска иако има акстракти на билки од органско потекло) која немаше амонијак, немаше резорцинол, нивото на PPD е 0,6 што е одлично со оглед на тоа што во некои фарби е присутно до 4% меѓутоа доколку не се лажам имаше Тoluene. Знaчи не можам да ви препорачам ниедна фарба како одлична и сигурна затоа што, повторувам, таква фарба не постои. Доколку сте задоволни со својата боја, но сакате убав сјај и здрав одсјај на косата, во тој случај земете к‘на, или пак правете разни природни третмани за осветлување на косата, кои нема да ја променат вашата боја, туку ќе ви дадат убав сјај на влакното и може да ја променат само за нијанса. Една од најзачудувачките информации кои ги прочитав е дека колку една фарба е потемна, толку повеќе содржи хемиски состојки кои се потребни за да се добие бојата. Секако целта на оваа статија не беше да ве разубедам да не се фарбате (како што напоменав нема природна фарба), туку да ви објаснам како стојат работите, па изборот секако го оставам на вас. Се надевам дека и оваа статија ви беше од корист и дека на некоја начин ви помогна да ја разјасниме терминологијата и намената на фарбите за коса. Ви благодарам на вниманието, и до скоро читање. Вики
Здраво драга Дејзи, може меѓутоа не е интензивно како со фарбите. Во смисла ако земеш кна на која пишува руса а имаш темна коса нема во никоја случај да ти се осветли косата, може во најмала рака прамени или одсјај. Значи не е како русата фарба. Или пак ако имаш руса коса и ставиш црвена кна во никој случај нема да добиеш црвена туку во најмала рака портокалова или морков боја. Од таа гледна точка. Кната не е фарба во смисла драстично да ја промени бојата или пак да покрие седи влакна. Сум пробала на блиски луѓе со црвена кна да покријам бели влакна ама не може има огромна разлика и потребни се повеќе нанесувања. Не навлегува внатре во влакното за да ја промени бојата, туку се задржува на површината на самото влакно. Верувај ми камо среќа да можеше, јас сум секогаш за природното и органското пред хемијата, ама во вакви случаи мора да бидам искрена, не може да речам оставете ја фарбата и ставајте кна ист е резултатот кога не е. Ако имаш убава црна боја на косата и сакаш да ја оддржиш интензивноста и да допринесеш за сјајот црната кна е фантазија за таа работа. Во Македонија нема, ама во Италија имаше и една индиска состојка која се нарекува амла која е спас за црна коса и со неа се прават фантастични маски. Ја имаше во сите индиски продавници и тоа за ич пари, околу евро ипол, а врши работа и тоа како. Ете тоа сакав да кажам, можеби не се изразив добро. Кната е одлична и ја зајакнува косата, го трга вишокот на масти доколку се има проблем со масна коса, меѓутоа од аспект на боја, да не се лажеме, никогаш нема да може да ја замени фарбата. Поздрав
Јас се исфарбав со Гарниер и гледам дека е далеку подобра од Сајосот.Лесно ја измив после фарбањето,нема толку јак мирис и на коста и дава преубав сјај и мекост.И после фарбањето не ми паѓа косата како што ми паѓеше со Сајосот а и нијансите се далеку подобри.
keune se definitivno najdobri farbi,prekrasno mirisaat i kosata ti dobiva poseben sjaj,ne ja ostetuvaat tolku kosata jes da farba si e farba. okolu 400 denari se,posebno hidrogen,a sega mislam deka se okolu 500 denari so hidrogen od nivna linija. najdobar efekt se postiga so keune farba i keune hidrogen. sepak od prirodna neizgorena kosa nema poubavo.
каде се продаваат фарби на Schwarzkopf, два пати до сега се имам фарбано со нив ама на фризер, и некако природна боја даваат али и мн брзо ми се изми...
Прашај во салонот дали ќе ти продадат, кај мене жената што е си продава производи така, шампони, ехотон, фарби и сл.
Морав да ја сменам Кене ми ја пресуши косава,моментално ја употребувам оваа бр.7 заедно со нивниот 6 % хидроген задоволна сум.Редовната цена е 200 денари во Космо ама често е на акција околу 160.
девојки каде да купам фарба ревлон? и колку пари е? бев на фризер ме фарбаа со неа и ми се допадна, проблем ми е ценатаза фарба ипол ми наплатија 1100 ден
Па реално не ти ја наплатиле скапо. Фарбите на ревлон се движат од 360 на попуст до 550ден. Инаку ги имаше во космо, сега незнам дали ги има.